Точно, секој е различен и не можеш да ги чуваш под стаклено ѕвоно.моите не пијат млеко, просто никогаш не го сакале. Ни јогурт, ни пвлака, ни сирење ни кашкавал, ни марагрин, ни путер. Не ги поднесуваат, не можат да им го смислат ни мирисот ни вкусот. А сепак ги фаќале и настинки и температури и кашлици. Кога беа помали почесто, сега не толку често.
Месо јадат, оти тоа сакаат да јадат. И зеленчук, претежно свеж или само обарен. Јадат и овошје, не секакво, но доволно. И пици и хамбургери и чипси и сладолед и чоколатца, пијат и вода и сокови и густи и газирани...
И вакцинирани се со сите вакцини како што си доаѓале по ред.
Се разбира, исклучоци секогаш имало и ќе ги има. Секое дете е различно и секој човечки организам е различен. Дека треба да се биде свесен со што се храниме и ние и децата, треба. Но да се ставаш под стаклено ѕвоно и да се чуваш од се` и сешто и да се исчуваш од се` и сешто е просто невозможно.
Моето искуство е следно.
Поголемото две три недели беше на цефалексини и сл. поради кашлица, односно имаше премногу секрет во органите за дишење. Потоа една недела одевме на инекции и на крај две недели во ``козле``. Една недела беше добар, после таа недела повторно истото...
Го прекинавме млекото по препорака на една нутриционистка. Оздраве и не се разболе повторно. Малото воопшто нема пиено. И никогаш нема добиено ниту настинка.
Тоа е моето искуство и е исто така вистинито и како твоето.
Благодарна сум што на време бев информирана, затоа и со цело срце го споделувам истото, но немој да мислиш дека наметнувам.
Зошто кога ке се отвори тема од ваков тип лугето добиваат впечаток дека со сила ги тераш да се променат?