1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Млекото како основна храна за малите деца

Дискусија во форумот 'Готвење и рецепти' започната од malo, 12 јуни 2014.

  1. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Од како ке се прекине доењето со мајчино млеко, мајката веднаш на своето дете му нуди животинско млеко како замена за своето. Колку е тоа исправно?
    Нормално е детето да се дои до шестиот месец понатака постепено треба да премине на растителна храна, а доколку мајката е сеуште во можност да го дои своето дете продолжува со доењето и понатака, но не и да го замени своето млеко со млеко од крава. Зошто?
    Затоа што
    - Ниту еден друг цицач во природата не се храни со млеко од друг животински вид кога ке престане со цицање на млекото од својата мајка.

    - Млекото на кравата ги содржи оние хранливи состојки кои му се поребни на малото теленце, а не на човекот.

    - Сите испитувања кои се вршат за хранливите состојки на млекото се вршат на свежо, неварено млеко, при термичката обработка на млекото се губат голем дел од нив, се менува ph вредноста, се покачува нивото на глутен итн.

    - Поради глутенот голем процент на децата до шест годишна возраст патат од разни алергии мегу кои и астмата, често заболуваат од бронхитис и пневмонија, постојано имаат секрет, им тече носето, кашлаат...

    - Децата кои пијат млеко имаат многу помало ниво на калциум одколку децата кои се хранат исклучиво со храна од растително потекло. Со внесувањето на варено животинско млеко во организмот истиот за да го преработи треба да излачи големо количество на желудочна киселина која би можела сериозно да му наштети на целиот организам, затоа за да се неутрализира истата, црниот дроб мора да го извлече калциумот од коските на детето, бидејки калциумот ја неутрализира киселината која го вари испиеното животинско млеко. Потребните количества на калциум можат да се добијат и од растителна храна.

    - Денес во сите наши маркети исклучиво се продава млеко кое е од современите млекари каде што животните од кои се добива млекото не живеат здраво, не се хранат природно, не пасат трева директно од зелените полиња, не дишат свеж воздух, не поминуваат речиси воопшто време на сонце итн. Наспроти тоа јадат храна полна со хормони кои се излачуваат и преку нивното млеко. Самиот факт што животните се постојано под стрес е доволен за да заклучиме дека нивното млеко не е здраво. Сите мајки кои ги доеле своите деца знаат колку стресот може да му наштети на млекото.

    - Во фабриките млекото се обработува на посебен начин и што добиваме како резултат прочитајте на пакувањата.

    Свесни ли сме што ги храниме нашите деца?
     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Од млеко се добива и аутизам, така да млекото треба да се забрани за употреба.



     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Хах... ке ти искоментирам за видеото... од како ке престанат со цицање, односно кога ке бидат доволно возрасни за да џвакаат храна не продолжуваат со пиење на млеко, бидејки тоа не се согласува со природниот начин на исхрана.
     
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    <invalid_arguments>Пробај стави млеко во сад и остави и` го на некоја мачка. Кога бев мал имав куче кое што многу се радуваше кога му носев кравјо млеко.</invalid_arguments>
     
  5. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Кога живеат во природни услови тоа не го прават.
     
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Е во какви услови инаку живеат? Во неприродни?
     
  7. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Да, во неприродни услови живеат домашните животни... Твојата мачка не лови за да преживее туку ти мјаука, се мази од твојата нога, се умилкува да и дадеш храна. Во природата дали истата мачка и се умилкува на кокошката? И преде ли за да оваа се сожали и и даде јајце?
     
  8. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Ниту еден друг цицач не чекори така исправено на две нозе, ниту еден друг цицач нема таква способност за размислување, ниту еден друг цицач не пишува, чита, снима филмови, оди на училиште, на работа....
    :confused:
     
    На MoonFairy и Outrider им се допаѓа ова.
  9. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    lady_blue, убаво објаснив зошто млекото е штетно и не треба да се употребува и тоа од повеќе аспекти. Темава не ја отворив за да се препуцаваме, иако со некои членови тоа си го дозволувам, но тебе те сметам за посериозна, барем таков впечаток ми имаш оставено.
    Јас како мајка на две деца имам искуство со многу од гореспоменатите здравствени проблеми со кои се соочуваат скоро сите деца. Моите деца престанаа да пијат млеко уште од помали и затоа од тогаш никогаш повеке не настинаа. Кашлицата, мрсулчињата и шлајмот не постојат повеќе, а камо ли температури, бронхитис и сл.
    Темава ја отворив пред се како мајка и затоа ги потенцирав децата скоро во секоја реченица, со цел да им укажам на родителите дека од таму доаѓаат сите тие проблеми со кои се соочуваат малите деца, но и повозрасните и не зборам на памет, има еден куп доктори и нутриционисти кои го подржуваат ова мислење.
    И ништо нема да ве чини ако пробате еден период барем од дваесеттина дена да не консумирате млеко или да не им давате на вашите деца да го консумираат. Можеби ке си помогнете.
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    моите не пијат млеко, просто никогаш не го сакале. Ни јогурт, ни пвлака, ни сирење ни кашкавал, ни марагрин, ни путер. Не ги поднесуваат, не можат да им го смислат ни мирисот ни вкусот. А сепак ги фаќале и настинки и температури и кашлици. Кога беа помали почесто, сега не толку често.
    Месо јадат, оти тоа сакаат да јадат. И зеленчук, претежно свеж или само обарен. Јадат и овошје, не секакво, но доволно. И пици и хамбургери и чипси и сладолед и чоколатца, пијат и вода и сокови и густи и газирани...
    И вакцинирани се со сите вакцини како што си доаѓале по ред.
    Се разбира, исклучоци секогаш имало и ќе ги има. Секое дете е различно и секој човечки организам е различен. Дека треба да се биде свесен со што се храниме и ние и децата, треба. Но да се ставаш под стаклено ѕвоно и да се чуваш од се` и сешто и да се исчуваш од се` и сешто е просто невозможно.
     
    На melpomena, JaMi и existence им се допаѓа ова.

Сподели: