Млекото како основна храна за малите деца

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
моите не пијат млеко, просто никогаш не го сакале. Ни јогурт, ни пвлака, ни сирење ни кашкавал, ни марагрин, ни путер. Не ги поднесуваат, не можат да им го смислат ни мирисот ни вкусот. А сепак ги фаќале и настинки и температури и кашлици. Кога беа помали почесто, сега не толку често.
Месо јадат, оти тоа сакаат да јадат. И зеленчук, претежно свеж или само обарен. Јадат и овошје, не секакво, но доволно. И пици и хамбургери и чипси и сладолед и чоколатца, пијат и вода и сокови и густи и газирани...
И вакцинирани се со сите вакцини како што си доаѓале по ред.
Се разбира, исклучоци секогаш имало и ќе ги има. Секое дете е различно и секој човечки организам е различен. Дека треба да се биде свесен со што се храниме и ние и децата, треба. Но да се ставаш под стаклено ѕвоно и да се чуваш од се` и сешто и да се исчуваш од се` и сешто е просто невозможно.
Точно, секој е различен и не можеш да ги чуваш под стаклено ѕвоно.
Моето искуство е следно.
Поголемото две три недели беше на цефалексини и сл. поради кашлица, односно имаше премногу секрет во органите за дишење. Потоа една недела одевме на инекции и на крај две недели во ``козле``. Една недела беше добар, после таа недела повторно истото...
Го прекинавме млекото по препорака на една нутриционистка. Оздраве и не се разболе повторно. Малото воопшто нема пиено. И никогаш нема добиено ниту настинка.
Тоа е моето искуство и е исто така вистинито и како твоето.
Благодарна сум што на време бев информирана, затоа и со цело срце го споделувам истото, но немој да мислиш дека наметнувам.

Зошто кога ке се отвори тема од ваков тип лугето добиваат впечаток дека со сила ги тераш да се променат?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Точно, секој е различен и не можеш да ги чуваш под стаклено ѕвоно.
Моето искуство е следно.
Поголемото две три недели беше на цефалексини и сл. поради кашлица, односно имаше премногу секрет во органите за дишење. Потоа една недела одевме на инекции и на крај две недели во ``козле``. Една недела беше добар, после таа недела повторно истото...
Го прекинавме млекото по препорака на една нутриционистка. Оздраве и не се разболе повторно. Малото воопшто нема пиено. И никогаш нема добиено ниту настинка.
Тоа е моето искуство и е исто така вистинито и како твоето.
Благодарна сум што на време бев информирана, затоа и со цело срце го споделувам истото, но немој да мислиш дека наметнувам.

Зошто кога ќе се отвори тема од ваков тип луѓето добиваат впечаток дека со сила ги тераш да се променат?
Затоа што така е темата поставена, не почнуваш со своето искуство, туку со заклучок - млекото е штетно.
Сосема е поинаква пораката во текст поствен така како што е воведот, наспроти споделувањето на твоето лично искуство.
Инаку, итекако е битен податокот дека си се советувала со нутриционистка.
Да се споделуваат информации врз основа на лично искуство, нагласувајќи дека тоа е лично искуство, е во ред, но не може секој еден туку-така да образложува заклучоци.
Ама денес сите сме експерти за се`. Желбата да се помогне, не е гаранција дека нема да наштетиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Леле многу корисни статии. Ова се најверодостојните факти кои ме убедија да не конзумирам млеко и млечни производи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
lady_blue, убаво објаснив зошто млекото е штетно и не треба да се употребува и тоа од повеќе аспекти. Темава не ја отворив за да се препуцаваме, иако со некои членови тоа си го дозволувам, но тебе те сметам за посериозна, барем таков впечаток ми имаш оставено.
Јас како мајка на две деца имам искуство со многу од гореспоменатите здравствени проблеми со кои се соочуваат скоро сите деца. Моите деца престанаа да пијат млеко уште од помали и затоа од тогаш никогаш повеке не настинаа. Кашлицата, мрсулчињата и шлајмот не постојат повеќе, а камо ли температури, бронхитис и сл.
Темава ја отворив пред се како мајка и затоа ги потенцирав децата скоро во секоја реченица, со цел да им укажам на родителите дека од таму доаѓаат сите тие проблеми со кои се соочуваат малите деца, но и повозрасните и не зборам на памет, има еден куп доктори и нутриционисти кои го подржуваат ова мислење.
И ништо нема да ве чини ако пробате еден период барем од дваесеттина дена да не консумирате млеко или да не им давате на вашите деца да го консумираат. Можеби ке си помогнете.
Моето дете воопшто не пие млеко..кога престана со мајчиното му понудив кравско не сакаше и не му давав, не форсирав...Ама верувај тоа ниту го направи поздрав и поотпорен ниту пак го спречи и заштити да не настинува...
И не само моето познавам уште еден куп дечиња што немаат ни вкусено млеко па сепак се поболуваат и мрсули и шлајм и бронхити и ангини...
Освен тоа, сите деца помалку или повеќе мора да ја поминат фазата на често поболување...Дури некаде кај 5-6 години се разболуваат поретко и со помал интензитет...
Нормално е да се поболат 6-8 пати во зимска сезона тоа му доаѓа 1 до два пати месечно и тоа нас ни се гледа страшо...е сега да, понекогаш работите се комплицираат и се завршува во козле...
Тој мал организам од раѓањето до 6 месечна возраст е покриен со имунитетот на мајката, после тоа гради свој сопствен имунитет....Оформувањето на каков тој имунитет секако оди низ процесот на поболување...доаѓа во контакт со сите можни вируси и бактерии, некои ќе бидат поинвазивни некои не, ама таа фаза мора да помине и не може тоа да му се препише на млекото...
 
Последна промена:

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Ма луѓе бе .. што убаво си е млекцето .. само будала мисли на не пиење и на здрав живот ... што ќе ти е здрав живвот кога утре ќе те згазе кола надвор или ќе те убие за е***и 200 денари у тебе или за цигара ... и тако даље ..
Живо свој живот је реко неко :eek
 
Последна промена од модератор:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ма луѓе бе .. што убаво си е млекцето .. само будала мисли на не пиење и на здрав живот ... што ќе ти е здрав живвот кога утре ќе те згазе кола надвор или ќе те убие за ебани 200 денари у тебе или за цигара ... и тако даље ..
Живо свој живот је реко неко :eek
Да, понекогаш не само што е убаво туку и корисно е да живееш од ден за ден, посебно ако за цел имаш да го избегнуваш стресот... но кога е здравјето во прашање, не би рекла дека ваквиот став кон животот може да биде позитивен. Квалитетот на животот е пред се. Џабе ти е и сто години да живееш ако поголемата половина од животот си болен, мислам, ова е нешто што и малите деца го знаат.
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Па џабе е и 100 години да живееш здрав ако не пробаш банџу џампинг или не пробаш милка бело со јагоди или не идеш у шехерезад или апче ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па џабе е и 100 години да живееш здрав ако не пробаш банџу џампинг или не пробаш милка бело со јагоди или не идеш у шехерезад или апче ...

iv8yP5dFqJFKM.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Holla