Ми треба ПОМОШ!

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не, не. Ќе ја оставиме, може да се дискутира. Но и самата ти знаеш дека никој овде не може да ти помогне и дека проблемот е покомплексен.
 

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
:( Знам, Дознав...
Избришете ја темава...
Уште сум со моиве негативни мислења... И дека мојот живот е заникаде.

Добар психијатар со редовни разговори комбинирано со антидепресиви може да ти помогне дефинитивно. Послушај ми го советот, знам што зборувам. Ќе бидеш добро, направи го тоа.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Реков, сум била на психијатар и нема тука ништо за срамење.. Ако мислиш дека до таму дошло, оди.
Мене веќе ми беше премината точката на вриење и немаше каде мораше да се оди..
Примив една терапија а на контрола не отидов.. после некое време пак (велам време од 3-4 год) пак нешто ситно терапија.. сеа си викам тие ги даваат да ти го залажат умот .. не знам. Мене лично поќе разговорот ми помагаше отколку лековите..

Едит:
И јас како тебе си земав Санвал во 11- 12 навечер а се будев со вртоглавица наутро и со главоболка..
Дури еднаш ми се деси од толку што се јаки лековите од сабајле пред да одам на рабта да не знам што зборувам, да се смеам хистерично го истурав кафето по маса како издрогирана а тоа и бев и се свестив знате кога?? Кога го видов стравот во очињата на малото братче кое пиштеше и цело се тресеше.. на училиште не отиде ме чуваше. Ако му остане фобија цел живот на душа ќе ја носам таа непромислена одлука.
 
Последна промена:

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Саладин е во право, тука никој не е компетентен да ти помогне. Можеме да ти дадеме пријателски совет, ама не и да го пронајдеме коренот на проблемот.

За тоа постојат специјалисти лекари, кои плус факултет запишале специјализација за ваков тип на проблеми. Затоа што депресијата, иако физички не се гледа на апарат е многу сериозна работа. И таа треба да се третира исто како што се третираат срцеви или бубрежни болести. И нема што да ти е срам или страв, ќе видиш колку ќе ти биде полесно после некое време. Посакувам кај нас да е како во западниве држави каде сосем е нормално да посетуваш психијатар. Тој човек прво никако нема да те осуди, затоа што е запознат со ваква тематика, а плус тоа полагал Хипократова заклетва и е обврзан на приватност со пациентите. Тоа што кај нас ако човек посетува психијатар одма го етикетираат тргни го настрана, немој да живееш за луѓето. Некои луѓе си имаат во генетиката да оговараат, ако не за тоа, на тапет ќе им бидеш за нешто друго сигурно.

Само те молам немој да продолжуваш на сопствена рака да земаш антидепресиви. Прво, со тоа не го решаваш, туку само го замачкуваш проблемот, главниот проблем си стои, а ти само непотребно се труеш со лекови кои не си ни сигурна дека се точни за дијагнозата. Второ, еднаш кога ќе почнеш со антидепресиви - тоа е маѓепсан круг кој што само се врти и се стеснува, затоа што лесно се стекнува резистенција, а несаканите ефекти на антидепресивите се страшни.

Секој проблем се решава, само треба храбро да се пристапи кон истиот. Убаво би било сами да сме способни да си ги решаваме сите проблеми, ама кога веќе работите се лизгаат од нашите раце треба помош.
Ајде, само храбро;)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
ј***ш ти хипократови заклетви кога кај нас тоа умрено е одамна. Јас знам за психолози кои што им се потсмеваат на пациентите, ги користат да им се отворат со приказните и после да си раскажуваат меѓусебно какви пациенти им иделе. Пример јас секогаш гледам со сомнеж на психолози и психијатри, првично од што гледам од приближно моја генерација (па и 5-6 години постари) какви се` завршија психологија и размислуваат да почнат со работа, па логично е да се сомневам во квалитетите воопшто. Мене диплома од некој си факултет не ми значи ништо, психологија не се учи за на испит.
Друго е што за да почнам да зборувам опуштено со некој треба да го почувствувам за близок и да се ослободам од спрегите и сомнежите, а дека тоа што бил некој професионалец ќе ми помогне околу тоа... мало морген.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Prvo lekovi na svoja raka -nikako.Pojdi na lekar.So lekovi ke se stabiliziras i potoa ke ojacas i mozes nesto da menuvas vo svojot zivot.Godinite se osetlivi,hormonite si pravat zbrka, roditelite se so svoi problemi a okolinata ni e primitivna. Veruvaj najgolem podarok e moznosta da se zivee zdrav i ziv. Prednosta e sto si mlada i sto imas vreme i za greshki i za popravki. Koga ke stanes majka ke razberes kolku e ubav zivotot . I potoa nikoj drug ne e povazen od srekata koja ti ke si ja rodish.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: massimaux

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Види, како и во секоја професија си имаш класи на луѓе. Тоа не е ништо ново дека во нашава земја има луѓе со страшен непрофесионализам. Го има кај докторите (сведок сум дека во државна болница еден дедо беше игнориран заради тоа што "aј и онака уште малку има, стар е". И уште мал милион случаи кои ги слушаме секој ден. Тука си 100% во право. Ама, како што ги има овие првиве, така ги има и оние класи на вистински професионалци, луѓе кои свесни се дека својата репутација им зависи од клиентите и се крајно коректни. Јас конкретно познавам еден психијатар кој што помогна кај мој близок познајник. Човек со тешка дијагноза, па ене сега добро се држи во споредба со тоа како беше. Кога ти зависи платата од луѓе, од пациенти, нема да ти е уличарски односот.
Најчесто докторите од првиот тип се оние кои едвај завршиле медицина (како и тие луѓето од твоја генерација), питај Бога како се вработени и својата игноранција ја зачинуваат со чаршиски муабети. Тие се тие луѓе што знаат дека газот им е сигурен, па можат да си дозволат такви испади.
Проблемот е што кај нас има многу такви, па кога ќе се начека професионалец во вистинска смисла на зборот чудно ни доаѓа. А не дека нема. Затоа ќе си прашаш прво, ќе читаш искуства од пациенти, па после ќе го бараш тој доктор. Исто е и со интернист, исто е и со гинеколог, со електричар...

Конкретно јас мислам дека разговор со пријател е ефикасен, ама не и крајна солуција. Апчиња земање на сопствена рака е погрешно, тука нема дискусија.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Гледај да не конзумираш лекови, посебно антидепресиви. Те прават зомби, не те прават среќна. И најди си го своето место под сонцето.
Those are my two cents.
 

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Знам дека ме прават зомби и да бидам ко издрогирана, два дена чим не сум била способна една чаша да кренам за да се напијам вода.
Толку беше од мене. :(

Лесно е да се кажува, тешко е да се реализираат некои работи...

Знам што е добро, а што не... Всушност, јас сум многу свесна за своите постапки, грешки, ги читам вашите коментари и сето ова што ми го кажувате вие, јас у себе веќе сум си го кажала... Пред да ја отворам темата, пред да испијам таблети тон за смирување и спиење...
Ама како да не пијам, кога еве веќе денес сум будна, цела ноќ око не склопив... И можам вака да терам и до утре сабајле, ама денес сум подобро.
Не размислувам на ништо, веројатно од Миртазапинот уште сум под дејство, сега више не си го чувствувам уморно телото и неам вртоглавици...
Се чувствувам перфектно, скоро и како ништо да не ми беше... :)
Не мислам дека сум заникаде и не помислувам ни на самоубиство. Миртазапинот као да ми ги блокира неубавите мисли.