Ми треба ПОМОШ!

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Е драга моја затоа велиш дека си депресивна...
Ти не си депресивна, туку ти е досадно...
Без навреда, ама ти немаш живот...
Ако ти цел ден го поминуваш дома, пред компјутер, пред телевизот од соба в соба што очекуваш?
Ти имаш премногу слободно време и затоа ти е досадно....
Излези, дружи се, исполни си го денот од утро до вечер, посетувај некој курс, излези во планина, читај книги, излези на кафе, прошетај низ град-онака без цел без конкретна обврска, излези и прошетај-ќе сретнеш некого кого не си го видела одамна, ќе ти годи свежиот воздух, излези навечер, можеби ќе запознаеш нови ликови со кои повеќе ќе се зближиш, можеби ќе си најдеш дечко...
Миртазепинот се таблети кои не се земаат на своја рака, прво, а второ ти немаш потреба од никакви лекарства...Ти имаш потреба од живот.
Нема што да се вреѓам... Тоа е, јас сум пропалица...:(
Сите тоа ми го кажуваат дека немам живот... И свесна сум за тоа...
Не дека имам само слободно време... Туку мене не ми се ни излегува... Едноставно не ми се искача...
Немам потреба од живот, јас се чувствувам ко умрена веќе да сум. Не ми е досадно ни најмалце, што чак што више мене ми е многу поубаво овој живот да си го живеам... Доколку би немало луѓе околу мене и сето останато ми преставува само едно огромно малтретирање што ме тераат...
Свесна сум си за се... И јас сакам да бидам ко сите други девојки... Ама не можам.
Пробав тоа со ноќниот живот, ништо од тоа не ме исполнува...
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Нема што да се вреѓам... Тоа е, јас сум пропалица...:(
Сите тоа ми го кажуваат дека немам живот... И свесна сум за тоа...
Не дека имам само слободно време... Туку мене не ми се ни излегува... Едноставно не ми се искача...
Немам потреба од живот, јас се чувствувам ко умрена веќе да сум. Не ми е досадно ни најмалце, што чак што више мене ми е многу поубаво овој живот да си го живеам... Доколку би немало луѓе околу мене и сето останато ми преставува само едно огромно малтретирање што ме тераат...
Свесна сум си за се... И јас сакам да бидам ко сите други девојки... Ама не можам.
Не си пропалица пред се’ тоа никој не го кажа, а мислам и дека на 23 па и не можеш да се наречеш пропалица...
Види, не мора да си како другите девојки, далеку од тоа...и не треба да бидеш како другите девојки, зашто секој си е индивидуа сама за себе...Секој има различни потреби, различни гледишта на животот итн..Биди си ти, најди го она што те задоволува, што те прави среќна, што те исполнува...Не се менувај ти како ти, твојот карактер, смени си го малку начинот на живот...
Не си единствена што длабоко во душата е самотник, тоа не е ништо страшно...
Ама ако си го сакаш животот, тогаш тоа не би требало да те депримира...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Глумењето жртва никаде нема да те доведе. Сите после час-два го гасиме компјутерот и си тераме свој живот, така да не се устручавај за внимание и его-буст тука на форумот. Напрај си сама да ти биде добро. @LittleButterfly ти даде еден конкретен совет кој би успеал ако само ти самата се решиш да почнеш од некаде. Никој не може да те натера да излезеш, никој не може да ти најде работа/занимација итн. Тоа се ствари во животот кои секоја индивидуа се справува. И далеку од депресија е тоа. Да беше депресија, ти ќе ја немаше таа енергија тука да се зачлениш и да откриваш нешто лично од својот живот, туку целосно ќе се затвореше во себе. Ти го имаш изгубено компасот, проблем со кој секој барем еднаш у животот се соочил.
 

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Во моментов толку сум ранлива и ме повреди со зборовите... Што дури заплакав...
Знам нема ни во ова да верувате...
Ама така е...
Не глумам жртва, тоа секако дека нема да ме доведе никаде И ДА, ОВИЕ РАБОТИ НЕ МИ ГО ХРАНАТ ЕГОТО... Ниту пак патам од недоволно внимание, ТУКУ, само сакав да си кажам што ми лежи на душата... Можеби е насловот погрешен ставен. Не му мислев многу во тој миг...

PS: И да патам од недоволно внимание и да не патам, секако тука нема да ви доаѓам со вакви муабети само за да изиграм жртва пред некого... Некој, кој што не ме ни познава... ниту пак го познавам... Ама ете, во еден момент... Е полесно да кажеш што чувствуваш на пар непознати лица, туку на тие што ги познаваш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Оди си на психијатар и не се срами од тоа пошто ништо не е страшно ниту за срамење.
Ќе ти помогни и животот ќе ти тргни на подобро, сите ние имаме тешки периоди во животот и сите ние сме се чувствувале слабо посебно период кога си средно..
Воопшто не се замарај шо ќе речат другите итн.. Гледај ти да имаш желба за живот и да имаш позитивни мисли
Како што некој ти рече погоре, проблемот е до тебе доколку ти не го победиш тоа никој не може да ти помогни и да се е во ПСИХАТА..
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
А бе седи ваквите најјаки се ..
Ах бе цуро/дечко, барем напрај ник со друго име, други податоци.. Не дека нема да те познаат по пишувањето ама ова е...:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не е ова депресија, осаменост, досада и неисполнетост е.
Депресија е малку покомплексна. Сите сме имале т.н. депресивен период, ама депресивецот е депресивен и со друштво, не му се менува расположението така лесно. Освен ако не си биполарна (еве идеја за следниот ник). Кога нема што да прави со себе, човек потпаѓа на мислите дека ништо не прави со животот.
Да не навлегуваме во тоа колку тролаш и колку внимание ти треба...
Не знам па што ви е толку трагично со по 3-4 другарки. Мислите оние што се „другарки“ со секого и што го лажат интернетов со слики демек многу нешто им се дешава, се со многу исполнети животи. Нема грешка. Ќе се слика со книга, па ќе ја батали и ќе зјапа во таван. Ќе ти кажува пола ден како 3 часа ѝ правеле нокти или ќе преувеличува како некој тип таму ја сакал, а тој само ја погледнал еднаш на улица, па ти мисли си којзнае што ѝ се дешава во животот.
Најди си хоби што е поразлично од самосожалување по форум. Цртај, пеј, собирај беџови/свеќи/стар накит, земи некој онлајн курс, отвори си блог...