Види, како и во секоја професија си имаш класи на луѓе. Тоа не е ништо ново дека во нашава земја има луѓе со страшен непрофесионализам. Го има кај докторите (сведок сум дека во државна болница еден дедо беше игнориран заради тоа што "aј и онака уште малку има, стар е". И уште мал милион случаи кои ги слушаме секој ден. Тука си 100% во право. Ама, како што ги има овие првиве, така ги има и оние класи на вистински професионалци, луѓе кои свесни се дека својата репутација им зависи од клиентите и се крајно коректни. Јас конкретно познавам еден психијатар кој што помогна кај мој близок познајник. Човек со тешка дијагноза, па ене сега добро се држи во споредба со тоа како беше. Кога ти зависи платата од луѓе, од пациенти, нема да ти е уличарски односот.
Најчесто докторите од првиот тип се оние кои едвај завршиле медицина (како и тие луѓето од твоја генерација), питај Бога како се вработени и својата игноранција ја зачинуваат со чаршиски муабети. Тие се тие луѓе што знаат дека газот им е сигурен, па можат да си дозволат такви испади.
Проблемот е што кај нас има многу такви, па кога ќе се начека професионалец во вистинска смисла на зборот чудно ни доаѓа. А не дека нема. Затоа ќе си прашаш прво, ќе читаш искуства од пациенти, па после ќе го бараш тој доктор. Исто е и со интернист, исто е и со гинеколог, со електричар...
Конкретно јас мислам дека разговор со пријател е ефикасен, ама не и крајна солуција. Апчиња земање на сопствена рака е погрешно, тука нема дискусија.