Мистерии (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Малку инсомниа, малку изместен слип патерн, небитно, си викам да споделам една свежа мистерија (2019) за која не гледам начин да биде разрешена некогаш...

Духот од Тонгва​

(By Аутрајдер)
Кога гласниот апарат ќе го изговори поимот "дух" најчесто се мисли на натприродна појава налик на холограмска проекција со човеколика структура. Обично тоа се обриси на мртви луѓе кои поради некоја причина сеуште се мотаат во оваа димензија, плашејќи ги суеверните, уверувајќи ги неверните или вршејќи некоја само за нив позната дејност.

Но што е што со ентитетите од неорганска природа?
Зарем предметите немаат своја натприродна репрезентација во вид на 3D визуелен израз?
Зошто и како постои овој вид на дискриминација не е познато, но не би било лошо да се потсетиме дека нашите далечни претци, барем во 90% од времепостоењето на човекот како вид биле закоравени Анимисти и верувале дека и предмети, места, објекти...имаат своја "душа" а некои од нив и свој "дух"!

Годината е сепак 2018-та и наводно нема повеќе место за анимистички пориви меѓу светското население но мора да се каже дека сеуште постојат објекти кои и покрај својата неживост имаат свој дух. Од друга страна пак, може да се забележи дека се` повеќе живи створови немаат душа иако не е исклучено да постанат духови еден ден...
Еден таков анимистички дух се материјализираше неодамна, пред цели два месеци, на 28.Август 2018, пред очите на стотици посматрачи на пат кон Бурманското пристаниште Тонгва. Анимистот во мене веднаш се присети на еден стар Лаптоп кој го употребував цели 11 години и за кој сум сигурен дека имаше некаква "душа", знам дека имав сосема искрени емоции кон него и дека сеуште го чувам завиткан и спакуван на суво и темно место за да ја задржи својата форма. Ако еден ден ме посети духот на мојот омилен "Ејсер 5050" тоа ќе ми биде многу мило.

Бродовите како превозни средства и онака се прилично склони да исчезнат и да постанат духови, океанските широчини се преполни со сведоштва за илјадници бродови-духови кои ги вознемирувале морнарите и патниците низ целиот свет. Но она што е посебно за "Сем Ратуланги", дваесет и седум илјадутонско чудовиште долго 180 метри - е тоа што бродот се вратил во нашата димензија после девет години избивање од неа...
Овој трговски брод за превоз на контејнери со најразлична роба, пуштен во употреба во 2001-ва година, што значи прилично нов, пловејќи под славното Индонезиско знаме (Полско знаме свртено опаку, за неупатените) исчезнал некаде во Септември 2009-та, во близина на Тајван.
Неговиот екипаж, неговиот терет и бродските записи исто така исчезнале, но за разлика од самите труп на бродот кој ќе се појави повторно под сводот небесен - од нив до денес нема никава трага.

Последна фотографија од бродот под полна опрема и екипаж била онаа од Порт Судан во 2008 година. Бурмански рибари, изненадени кога чудовиштето се створило покрај нив во близина на Тонгва - се качиле на бродот за да проверат дали има некого, или барем нешто кое би можеле да го запленат, но за нивна жал, немало ништо. Напуштајќи го лутачкиот брод, ја обавестиле Бурманската воена морнарица која пак упатила Реморкер за да го одвлечка бродот до Читагонг, едно од многуте места на кои завршуваат бродовите, последната станица на ужасот за некогашните моќни бродови кои владееле со морските рути, своевидни гробишта на пловила каде што илјадници раја, при осека, ги раситнуваат до последно штрафче и ги упатуваат на рециклажа при што добиваат понекоја пара на име на килограм "отпадно железо".
Овој ризичен, нископлатен бизнис однесува секоја година стотици жртви, што лешеви што инвалиди, бидејќи не е баш најздраво да се сече метална плоча од два тона со ацетиленска боца или да се залута низ зарѓаните мрачни лавиринти на бродовите, но ја врти економијата на веселите земски репрезенти на Пеколот како Бангладеш, Бурма, Пакистан, Индија и Шри Ланка.

Екипажот на реморкерот после извесно време се откажал од задачата, ги пресекол каблите за влечење и го оставил големиот Сем повторно да лута наоколу. Подоцна, друг Реморкер се упатил на местото на настанот и после 13 мачни денови тегнење некако успеале да го довлечкаат Сем Ратуланги до Читагонг, гнасниот бродски `ад.
Во тоа време на сцена стапила и бирократијата, така што засега не се знае кому ќе припадне оваа олупина дали на Малезиски власници, дали на пронаоѓачите од Бурма према меѓународното поморско право или во игра ќе се замеша уште некој агент. До тогаш Сем ќе си гние на полусувата плажа очекувајќи да биде распарчен и продаден за претопување.

Но ништо од тоа не дава одговор на основното прашање, што се случило со оригиналниот екипаж на бродот, каква дупка на судбината ги проголтала и како тоа цели девет години овој огромен брод не бил забележан на ниту една светска широчина.
Сосема инкогнито, бродот се створил во Андаманското Море доаѓајќи празен, без екипаж, навигација и без гориво од Јужното Кинеско Море, преминувајќи веројатно преку преминот Малака, место со можеби најголема поморска гужва на светот. 3600 Наутички Милји без ниту еден очевидец при сета таа гужва...тоа упатува на помисла за влегување во друга димензија и подоцнежно излегување од неа на сосема друга локација, или било што кое пркоси на секојдневните објаснувања?!
Да, можно е екипажот да го соголил бродот но за тоа е потребен ист таков брод кој ќе го преземе масивниот терет и соодветно пристаниште кое ќе го растовари сето тоа. Секако дека и продажба на сета таа роба би оставила трага и доколку морнарите се согласеле на апсолутна тишина.
А каква тишина ги проголтала најверојатно никогаш нема да се дознае.

Некако е на работ на убавината што и во оваа 2018-та година се случуваат вакви работи, па макар доаѓале и од места кои се викаат Мјанмар, новото име на државата Бурма, а бидејќи ме фаќа туѓ срам при пишувањето на овој лигаво-грд поим, мислам дека подобро би било да си остане стариот симпатичен, Киплинговски поим - Бурма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Една малку подолга блог-сторија за една прекрасна жена и мачна душа со која некако се идентификувам :(

Жалната Лили​

Еден тотално безначаен квази-јублилеј, на дното на виртуелната реалност - тоа би бил овој тристоти блог-пост, поттикнат од вечната и несовладлива љубов кон необичното, бизарното, мистичното и необјаснетото, беспотребен текст на некаков лик кој куца на тастатура за да се справи со болката преку воајеризам на нечија туѓа болка, некогаш, низ изгубените страници на малите истории, никогаш напишани и (скоро) од никого запомнети...

Некаде заглавени помеѓу ураганот на судбината и фанатизмот на индивидуалецот, затекнати во пркосот и никогаш до крај разјаснети - остануваат животните приказни кои не може да ги замисли ни најголемиот фантазер помеѓу сценаристите во Холувид.
Дури никој од нив не се осмелува да напише нешто за, да кажеме Жил Бургле познат како Кожниот Човек кој го носел својот Крст низ вечниот круг на североистокот на САД или за Лилиан Алинг, жената која тргнала во еден правец, во окото на Бурата, во самракот на предодреденоста, во очајот на осаменоста, од Њу Јорк кон Беларус.
А што беше тоа Беларус?
Па да, Белорусија.
Некаква територија на север од Чернобил.

Да. Таа тргнала од ТОЈ Њу Јорк кон Беларус.
Пешки.

За Лилиан Алинг или едноставно Лили, не дигаат галама ниту безбројните псевдо-феминистички организации. Иако нејзиниот спектакуларен подвиг е чудесен - тој нема контекст кој им е потребен на навремено "ухлебените" и крајно загрижени особи кои го експлоатираат јавниот простор со глупости низ медиумите во земјите каде што основните егзистенцијални прашања се одамна решени.

Лили не сакала да докаже никому ништо, не пратела никаков дискурс кој би бил употребен за дрдорења на родови теми и дилеми, немала никакви амбиции, скраја било - не следела ниту идеологија или религија.

Лили само сакала да си го пронајде домот.
Да се врати во светот од кој доброволно никогаш не заминала.
Светот кој останал како Светилникот на крајот на желбата за живот.

Родена на крајот на векот, во место во кое нејзиниот живот ќе бидне понесен од трагиката на мноштвото одвратни настани кои започнале да се редат како на филмска лента, една револуција, погроми, една светска војна, друга револуција, па трета, па контрареволуција, глад, болести, очај и страв. Лилиан заедно со потесната фамилија морале да избегаат некаде, а некаде тогаш значело - во Америка.
Среќа во несреќа, имале доволно средства тоа да го сторат, наводно биле Евреи а Евреите наводно сите имаат пари. А веројатно и воопшто не биле Евреи. Нејзиното право име е непознато. Она кое осамнало на пасошот прегледан на островото Елис веројатно било вешт фалсификат чија цел била влез во ветената земја.

Околу 1925 година, Лилиан веќе е во Америка, вработена во некаква фабрика и ако ништо друго барем е безбедна од хаосот кој го остави зад себе во новоиспилениот ентитет наречен Советски Сојуз.

Срамежлива и повлечена, склона на илузии и очекувања за среќен живот и голема љубов, Лилиан се затекнала себеси во најстрашната од сите осамености, онаа во големиот град, онаа која мотивира многу осамени лица да легнат на железничките шини, да посегнат по шишето со смртоносна течност, кон парчето олово истрелано кон черепот, кон гранката или гредата каде што со посредство на јаже или каиш го напуштаат светот на изолацијата...
Иако брзо го совладала англискиот јазик, тоа не и помогнало премногу, на половина пат помеѓу гетоизираната заедница на избеглици од старата Руска Империја и жителите на Њу Јорк, двете страни на клештите кои ја истргнувале душата од телото на јадничката Лили.
Омаловажувана од сонародниците, игнорирана од Њујорчаните, и онака разнишата самодоверба на Лилиан допрела ново дно.
Но не за долго.

Некои подоцнежни и помалку површни истражувачи на животот на госпоѓица Алинг тврделе дека една од компонентите на тагата на Лилиан била и таа што таму некаде, во мизеријата Белоруска, морала да се раздели со нејзината животна љубов, некој тип кој поради немање пари и имање тешка рана од војната не можел да патува со неа во Америка.
Некои би рекле дека во милионски град преполн со секаква раја не би требало да биде проблем за Лили да си најде нова љубов, но тоа било попусто, таа отсекогаш си била така малку...чудна, родена на некој баксузен меридијан, под необичен сплет на распореденост на небеските параметри, со поинаков софтвер во главата.

И така Лилиан одлучила да се врати назад, во немаштијата, кај неименуваниот тип кој можеби и не бил повеќе жив, на местата кои ги знаела уште од мала, да стигне до препознатливите рељефи на ридовите и ливадите низ кои радосно трчала низ пролетните денови како дете.

Но како до пари за билет назад? Бродските цени во тоа време, па макар и за трета класа биле прилично скапи. Помеѓу киријата, храната, превозот и останатите трошоци, сметката никако не испаѓала охрабрувачка. Како до виза за влез во веќе темелно изолираниот Советски Сојуз кој прераснувал во престолнина на Паранојата? Немањето амбасада или конзулат на таа земја во радиус од 5.000км преставувал географски придонес во полза на бирократската злоба.
Можеби за 5-6 години и ќе успее да заштеди. Можеби за десетина СССР ќе отвори амбасада во САД. Можеби...

Но како што кажавме, такви ситници како немање пари и виза не ја уплашиле Лилиан и таа се одлучила да си оди назад - пеш!
Припремите вклучувале чести посети на јавната локална библиотека каде што Лилиан копирала географски карти и исцртувала маршрути и правци на движење. Патот бил избран, скромната заштеда која и останала после набавката на храна, облека, торба и чизми за патување, еквивалент на денешни 300 долари. Комплетот го надополнувала челичка шипка која ја пронашла во фабриката со двојна намена, потпирач при одење и заштита од ѕверови, дво-и четворо ножни.

Еден ден во доцната пролет 1927, после две години престој во Њу Јорк, Лилиан Алинг тргнала назад. Не се познати реакциите на породицата по тоа прашање но тоа и не е важно.
Планот бил да се изоди преку Канада и Аљаска до Беринговиот проток, ако може да се поминат тие 80-тина километри кои ги делат континентите - пеш, во случај да температурите се доволно ниски за да може да се оди преку мразот, а ако не се, да се набави чамец од локалните Ескими и со него да се совлада тој премин.
Лилиан била забележана во Чикаго, Минеаполис, Винипег и остали градови и села за да нејзнината приказна добие на публицитет во Хејзелтон, Британска Колумбија на пат кон Јукон и повторно влегување во САД овој пат во Аљаска.

Но таму, во Хејзелтон, локалниот шериф бил загрижен.
Бидувајќи доцна есен, евентуално тргнување на Лилиан на планираната рута би значело сигурна смрт при температури од -50 степени и поларните ветришта кои ровареле низ белиот пекол. Соочен со упорноста на Лили, шерифот се одлучил за превентивно дејство. Дали малата по раст госпоѓица го разбудила алтруистичкиот нагон во него или што и да било, тој ја уапсил поради скитништво (!?) и ја сместил во топла и осветлена ќелија со три оброци дневно, да ја закрепне малку и да ја излечи од тврдоглавоста.

Со надоаѓањето на пролетта, физички и психички одморена и опоравена, Лили се збогувала со локалните лица и понекој залутан новинар кој ја пишувал нејзината сторија за неколку големи весници. Сепак морала да надокнади за презимувањето на сигурно и го засилила темпото до неверојатни 50км дневно одење.
Учејќи како да преживува во дивината во `од, хранејќи се со ретките плодови на шумите и горите, таа била на прагот на Чудото. За тоа време, низ Северна Америка весниците објавувајќи ја сторијата за жената која тргнала пеш на пат од 10.000км и донеле кратка но голема популарност, за што таа немала поим.

Следејќи совет на некој скитник, таа се одлучила да ја следи трансконтиненталната телеграфска линија на Јуконскиот сектор при што стигнала во Досон Сити, центар на изгубените души заробени од златната грозница која ледбеела наоколу како дух на пропаднатите надежи на стотици поранешни ископувачи на злато. Таму пронашла работа како келнерка за да ја помине втората зима по патот и да купи чамец и остали ствари.
Со помош на чамецот, преку реката Јукон и некои притоки, таа стигнала до Ноум, мало пристаниште на прагот на Беринговиот проток. Ескимите подоцна им раскажале на новинарите дека и помогнале да го премине протокот и дека таа успеала во тоа!

Но тоа била и последната сигурна информација за неа. Од збогувањето со Ескимите понатаму, Лили влегува во нејасниот свет на мистеријата, на трагедијата, на конфузијата и тагата.
Што се случило со неа после пристигнувањето на азиско-сибирско-советско тло никој не знае со сигурност. Како да била проголтана од Случајноста, од несфатливо огромната пустелија и уште поужасната ситуација позната како Сталиновото царство.
Три децении подоцна, случајна средба на канадски писател со советски морнар на неутрален терен била повод за нови шпекулации. Морнарот тврдел дека во некакво село наречено Провиденија во Сибир ја забележал необичната жена во парталави алишта како се обидува да купи храна и ствари за да продолжи по патот. Но патот бил препречен од локалните власти кои во неа виделе капиталистички шпион, империјалистички провокатор пратен да прави којзнае што на штета на домовината на работничката класа.

Завршила во Архипелагот Гулаг каде што ги оставила своите коски на непозната точка, низ мачните логорски работни денови со малку храна и вода и многу смрт.
Но тоа било само мислење на морнарот и на некои новинари. Други слушнале за скромен дрвен надгробен спомен кој го носел нејзиното име на гробиштата во Јакутск, релативно голем град во Сибир.
Трети верувале дека конечно успеала да се врати дома, но од љубовта на нејзиниот живот останал само затворениот гроб, четврти укажувале на гласини од поранешниот Естонски амбасадор кој во една прилика во Ленинград упатувал на можноста дека Лилиан Алинг го пронашла својот љубен жив - и заедно со него подоцна се криеле од советските власти пребегнувајќи преку граница од Беларус во Естонија каде што под превезот на посакуваната анонимност доживеале релативно среќни десетина години, барем до окупацијата на Естонија од страна на СССР во 1940 година кога повторно морале да бегаат...

Вистината никогаш нема да се дознае, а можеби е подобро така.
Има во оваа тажна сторија доволно штоф за кроење на епилог кој одговара на сечиј карактер, како на песимистичниот кој крајот го лоцира веднаш во пеколот на Гулагот или уште победно - во длабочините на Беринговиот проток, така има простор и за оној оптимистичниот, како шкрабателот на овој тристоти пост кој секако е доволно меланхоличен и би бил среќен доколку крајот бил некаде далеку од прогонот, после многу децении исполенти со среќа на парот исцрпени души, реминисценција на доживеаните авантури, меѓусебно помагање за премостување на последиците од тешките им животи и барем мала надокнада од Судбината, Универзумот или некоја слична илузија за сите страданија кои ги доживеала несреќната Лили Алинг на патот кон Сонот.

Убаво е да се верува.
Убаво е да се може тоа.
Како се прави тоа - не би знаел...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Интересна е мистеријата околу исчезнувањето на првиот човек кој снимил подвижни слики со камера, седум години пред браќата Лимие и Едисон. Луи Ле Принс, самоук изумител и ученик на легендарниот Дагер кој пак ја донесе фотографијата во светот усовршувајќи ја да биде доволно практична за раја.
Во 1888 Ле Принс, французин кој рабтоел во Лидс, Англија - ги снима улиците на Лидс и некои други снимки (нешто е преживеано чак може да се најде по нет) и ги прикажува во приватни услови на своето семејство, роџаци и пријатели.
Негов помошник е син му Адолф Ле Принс (тоа име сеуште не било клето тогаш).

Кратко време пред светската премиера на голема сцена во Њу Јорк со прожекторот кој исто така го измислил Ле Принс, овој човек со високи човечки морални и етички квалитети, се решава да го посети брата си во Дижон, Франција, пред да замине за САД.
Но никогаш тоа нема да бидне. Луи исчезнува. Како да пропаднал в земја.

Последен пат бил виден од страна на брата си кој го испратил на железничката станица во Дижон во таа 1890 и го поздравил пред да влезе во воз.
Некаде на линијата Дижон-Париз, Луи Ле Принс тотално и целосно исчезнува, заедно со багажот. Претрагите не пронашле ни најмала трага по линијата и низ железничките. Оние патници до кои дошла потрагата не се сеќавале да виделе лик со опис како Луи. Ниту вработени на железничката во Париз се сеќавале да забележале нешто.

Луи не исчезнува само физички туку и историски а неговата заслуга е припишана на други и тоа никогаш нема да се смени.
Десет години подоцна, неговиот син и асистент Адолф е пронајден ликвидиран крај некаква река во близина на Лидс давајќи уште поголема тежина на татковото исчезнување. До ден денес не се знае што се случило со Луи и кој го убил Адолф.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Деновиве пред спиење ги гледам старите епизоди на Unsolved Mysteries (подмочнав што ги има цели на Јутуб), па ми текна на случкава и морам да пишам за овој треш од мистерија т.е. мислам дека имаше апдејт оти е разрешена, но сепак случајот е пресмешен за да остане неспомнат.
Мислам, не е некоја мистерија, но дека беше дел од емисијата, нека стои тука. Среќа никој не е убиен или повреден (освен финансиски), па беше освежување.

Марио Јунис и Омар Наројо се пријатели и измамници кои отвараат музичко училиште во Холивуд некаде кон крајот на 90тите години (97ма, мислам). За брзо време наоѓаат професори по музичко, како и родители кои во своите деца гледаат идни ѕвезди (пошто Холивуд), па бизнисот им поаѓа од рака.
Наводно, нивната цел е да ги учат своите ученици да ги ценат звуците на еден подзаборавен инструмент, кој е драг овде на балканската раја - хармониката. Имено, нудат по неколку пакети крстени по автомобили, Тојота и Мерцедес беа, чинам, преку кои за 1800 и 3000 долари, децата добиваат хармоника и часови наредните 3 години, со мала доплата плус од некои 30ина долари секој месец. Чисто ко суза.
Марио е харизматичниот кој се среќава и посредува со родителите и професорите, додека Омар повеќе работи позадински, но ништо не е спорно тука. Спорното почнува кога една од мајките ја носи својата ќерка на договорениот час по музичко, само за да сфатат дека во школото веќе нема никој т.е. дека е испразнето од секаков мебел.
Професорите, исто како и родителите, остануваат со подзинати усти и празни џебови бидејќи во неколкуте месеци додека подучувале таму, добивале безвезни чекови и ветувања дека наредниот месец ќе добијаат солидна исплата.
После одреден период истрага, се дознава за шемите кои овие двајца ги вртат и дека со информациите од кредитните картички од родителите, украле над еден и пол милион долари за помалку од година!

И тука почнува пресвртот.
Полицијата им влегува во трага и дознава дека двајцата се преселени во Лос Анџелес, со тоа што Омар Наројо користи дел од украдените пари да издаде свое ЦД со салса музика под името Луис Омар, а Марио Јунис со својот дел од парите прави промена на полот и станува Делиа Леон. Бонус во сето ова е што за тоа време двајцата стануваат љубовници. :zelen
Насетувајќи дека полицијата им е зад пети, Омар бега од домот само неколку часа пред упадот на полицијата, оставајќи ја Делиа на цедило, која била фатена при обидот да побегне.
Дали промената на полот била од лични побуди или да се прикрие идентитетот, е непознато, но ништо не е исклучено ако се има предвид дека двајцата користеле разни имиња и стилови низ годините за да извлечат пари.
Мислам дека Делиа пак го има променето името, но не сум сигурна. Случајот беше толку смешно прикажан, што некои детали не ги запазив дури се смеев на други.
Мистеријата овде беше каде е побегнат салса заводникот и ги купувал ли некој неговите ЦДа, реално.
41K7EStT-uL.jpg
Повелете, омотот од ЦД-то. За заинтересираните, истото се продава на Амазон за скромни 903 долари, бар во моментов дури го пишувам ова.

И така, тоа е приказната за двајца измамници, од кои џентлменот ја оставил дамата на цедило и побегнал да го промовира своето салса ЦД некаде по Латинска Америка. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Outrider

Отвори ја прикачената датотека 34626
Повелете, омотот од ЦД-то. За заинтересираните, истото се продава на Амазон за скромни 903 долари, бар во моментов дури го пишувам ова.

И така, тоа е приказната за двајца измамници, од кои џентлменот ја оставил дамата на цедило и побегнал да го промовира своето салса ЦД некаде по Латинска Америка. :rofl
This is a good one :D Има од се по нешто тука,real life dog day afternoon.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ghost train или на нашки Возот дух.

Рим, Италија 1911, 106 туристи се качуваат на возот кој тргнува од Рим, многу народ на станицата сите гледаат се е нормално, нормален воз нормални луѓе. Сите среќни, а не знаат дека се качуваат на воз кој нема крајна дестинација.
Како што тече патувањето, возот стигнува до тунел долг 800тини метри плус минус, влегува и никогаш повеќе не излегува.
После тоа откако возов едноставно испарил и не стигнал до крајната дестинација, полицијата почнува истрага. Влегуваат во тунелот, внатре нема ништо, ниту траги дека возот се превртел, ниту дека излегол ни ништо, едноставно влегол во тунелот и испарил заедно со 104 патници. Е сега зошто 104?
Двајца од патниците скокнале од возот пред да влезе во тунелот, нивното сведочење било дека возот пред да влезе бил обвиткан во густа магла, и луѓето осеќале некој страв и немир, и затоа тие двајца рипнале од возот. Луѓето после таа случка скроз се мрднале. Но што било со другите 104?
Се ова ќе се заборавело доколку во 1926 некој роднина на еден од преживеаниве не нашол стара вест во некојси весник дека во Мексико се појавиле 104 италијански туристи од никаде, година на весникот? 1845. Чудно нели.
Таму пишувало дека во Мексико се појавиле 104 италијански туристи кои носеле чудна облека (нормално бидејќи доаѓале од иднината), биле целите исплашени и ментално пореметени, во болница кажувале дека само дошле со воз но не знаат од каде. Кај еден од патниците била најдена кутија со цигари на која пишувало 1907 година. Таа кутија уште ја чувале во музеј во Мексико.
Интересна мистерија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider, Bozle and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Како се вклучив од прееска, барам соодветна тема каде да го пишам ова, ама нема посоодветна од оваа.
Веројатно ни треба некоја тема ко „Бизарни (и донекаде зачудувачки успешни) докторски обиди“ или така нешто.

Кога човек ќе налета на статија со наслов The Hero Who Saved Lives By Pumping Hydrogen Gas Into His Own Anus, просто не може да не отвори. Љубопитноста ја убила мачката.... а неговиов водород убил неколку кучиња.

Кон крајот на 19ти век, години пред да се открие златен рентген (и уште подалеку од ехото), доктори и научници барале начини како да дојдат до можност да проверат „невидливи“ повреди како неочигледни скршеници и внатрешни крварења.
Доктор Николас Сен, американски хирург, дошол до брилијантна идеја да ги полни пациентите со водород и да санира таму откај што ќе процури гасот. :D
Бидејќи полнењето не можело да се изврши преку дишните патишта од очигледни причини, единствената друга опција било преку анусот. Неговата замисла била дека после одредено количество гас, ќе се покаже од каде истиот протекува, нешто слично ко пукнати цевки за вода, па таму ќе залепи.

За чудо, неговиот експеримент успеал кај неколку кучиња кои и така биле пред смрт од одредени рани (поради несреќи и слично), па така неколку останале живи или барем не умреле веднаш, во текот на експериментот.
Кога дошло време да тестира врз луѓе, се избрал себе за жртвено јагне. Си спровел црево во анусот и пумпал дури не почувствувал дека е пред експлозија. Ништо не му се случило од водородниот гас, освен што го пувал наредните 13-14 саати и тоа го опишал како најголемото опуштање што го доживеал во животот. :zelen

Неговиот прв официјален пациент на овој бизарен метод, не преживеал (не ради гасот, туку била фатална повредата), но затоа имал многу успешни обиди понатака и спасил многу животи.
За среќа, рентгенот почнал да се употребува некои 6-7 години после ова откритие, па сигурна сум дека и опасностите од зрачењето не делувале толку страшни во споредба со црево во анусот кое те полни ко балонче.
 
Замисли некој да запалел чкорче во присуство на напумпан пациент со водород :ladno пошто во тоа време свеќи, лампи и остали извори на свелост со пламен...
 
  • Haha
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Првпат читам за случај каде се појавува чудна болест која луѓето ги остава здрвени ко статуи.

Имено, станува збор за Енцефалитис Летаргика (ЕЛ), која исто така е позната како „спиечка болест“, а се појавила и била актуелна во Европа (а потоа и низ светот) од 1917 до кај 1928, со повремено враќање на исти или слични симптоми некаде во 50тите во Кина. Оттогаш пак ѝ се губи трага, иако многу други кондиции се со истите симптоми.
Луѓето зафатени од оваа мистериозна болест биле како замрзнати во времето и просторот т.е. не можеле да мрдаат, но биле свесни за своите опкружувања. Постоеле некои случаи што можеле да трепкаат, да се поднасмевнат или промумлаат нешто, но тоа било тоа и не се знаело дали ќе ги пушти за некој час, ден, месец, па дури и година.
Медицината верува дека станува збор за инфламација на мозокот предизвикана од редок вид стрептокока, но никогаш не успеале да докажат што и како точно се случило за да дојде до ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јутуб одлично ме знае, па ми дава или треш риалити шоуа и песни или неразјаснети мистерии.
Овој случај е за 16 годишно девојче од мало американско гратче кое исчезнува без трага и покрај тоа што буквално ѝ се знае секој чекор бидејќи е фатен на CCTV камери кои ги има буквално низ секое место.
Девојче кое наводно (и најверојатно) било мирно, не се дрогирало, ниту пак пушело цигари (значи ништо ѓаолско) пропаѓа буквално во земја.
Единствената теорија е дека преку Кик апликацијата се допишувала со некаков странец со кој дента била договорена да се сретне, но кој очигледно не ѝ мислел добро. Поради анонимноста која апликацијата ја дава, никој, за жал, не може да дојде до повеќе информации околу нејзината комуникација и кого чекала и се врткала низ град за да се сретнат. Во продолжение, ќе го оставам видеово кое објаснува подобро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider