Егото ве присилува да чекате. Ќе се веселите утре, кога ќе успеете. Денес, секако, морате да патите. Ако сакате да се веселите утре, денес мора да се жртвувате. Но тоа утре никако да дојде, Утре едноставно значи она што никогаш не доаѓа.
Егото не постои во сегашноста, постои само во минатото и во иднината-во она што веќе не постои и она што сеуште не постои. Минатото веќе го нема, иднината сеуште ја нема, ни едното ни другото не постојат. Егото постои само во она што не постои, зошто и самото е непостоечко.
Во сегашноста, во еден чист момент, нема да пронајдете его во себе, туку само тивка радост, тивко и чисто ништо.