Ама... Јас ништо не побарав...
Јас само го давав последното парче леб на питачите на вратата. Скришно, кога тато не гледаше. Оти тато никогаш не ги сакаше. Тато велеше дека ништо не работеле и ништо не заслужувале. Ама тие имаа така тажни очи.
Таков сум, наивен, тажните очи не можат да бидат лажни во мојата глава.
А питачите и работеа. Да, одеа од врата на врата. Понекогаш дури и ги гледав во 2 часот по полноќ како работеа со пластиката во контејнерот пред мојата зграда. Некогаш работеа со други луѓе во темните уличиња.
И секогаш ми велеа „Нека Бог ти даде повеќе“.
И Бог ми даде повеќе.
А јас не сакав повеќе.
Јас не побарав повеќе.
Јас ништо не побарав...