Машко - женска астрологија

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
270
204
1,043
Скорпија
Жената Скорпија е неоткриена мистерија, понекогаш дури и за самата себе. Таа е силна, но и нежна, внимателна, пријатна, интуитивна, примамлива и срамежлива. Ќе го прифати секој предизвик, ќе биде победник без да се перчи, и ќе љуби толку длабоко што и самата ќе се изненади. Во сексот не познава граници, но многу е пребирлива во изборот на партнери. Ја привлекуваат атрактивни, мудри и мистериозни мажи. Таа може да биде многу посесивна, но нејзината слобода мора да биде неограничена.

точно,точно :rolleyes
да точно
 
  • Like
Реакции: Scars31

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
Мажот Риби има голема почит кон животот, особено виден низ неговата духовита призма. Тој е современ мистик, шармантен и романтичен, па се чини скоро надреален. Неговите променливи расположенија прават да ви раскажува најдлабоки тајни, а веднаш потоа да биде повлечен и самозатаен. Тој љуби длабоко и емотивно, па и може лесно да се врзе, но секогаш е во потрага по ново ниво на интензитет. Најмногу го привлекуваат прекрасни луѓе кои се доволно силни да го задржат и доволно паметни за тоа да го прават ненаметливо и сочувствително. Познат е како меланхоличар кој често жали по минатото и по она што не може да го има.:unsure
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Жената Водолија е мечтателна, аналитична, идеалистична и пријателски расположена личност која или ги маѓепсува или ги плаши оние што ќе ја запознаат. Во неа има некој смирен интензитет што може да ви биде драг или премногу збунувачки, но никогаш нема да ве остави без особен впечаток. Најмногу ја привлекуваат истомисленици, оние кои ја ценат искреноста и кои го сакаат човештвото, светот и сите форми на живот во него. Таа е еден од најдобрите слушатели, но често заборава да го побара она што таа го сака или и` треба. Има идеалистичен поглед на светот, па и на љубовта.

Жената Близнаци е духовита, шармантна и интелигентна. Повеќе ја привлекуваат мажи со висок коефициент на интелигенција отколку со големи мускули. Романсата со неа може да процвета од еден доволно примамлив разговор. Не се отвора лесно, па подобро се снаоѓа во забавни, отколку сериозни разговори. Таа сака сигурност и стабилност во љубовта, како и партнер кој навистина ќе ја разбере. И да, таа скоро секогаш доцни барем 10 минути.

знак + подзнак = така некако :biggrin
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
25
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Вага
Жената Вага е топла, елегантна и женствена уметничка душа. Таа може да најде нешто привлечно во секој човек, место или предмет и се` уште верува дека принцот од бајките ќе се појави на бел коњ. Ја привлекуваат убави мажи со либерални сфаќања, а таа како добар партнер ќе се труди да ги насети нивните потреби некогаш подзаборавајќи дека треба да им остави простор за дишење. Вагата е најпривлечна тогаш кога е задоволна од себе.
Точно е а најмногу ова:Ја привлекуваат убави мажи со либерални сфаќања!
 

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
Рак
Жената Рак е примамлива убавица чија нежност и внимателна природа ја прават омилена во секое друштво. Таа верува дека љубовта е најдоброто нешто во животот, па што поромантична љубов, толку подобро. За неа, сентименталноста е начин на живот. Таа е повлечена, но еротична и сака љубовник кој ќе и` се предаде. Нејзиното променливо расположение е голем предизвик за партнерот, а таа знае да направи вистинска драма од своите изливи на гнев тогаш кога нештата не се по нејзино. А кога оваа женствена заводница го лови партнерот, нејзиното внимание и приврзаност правата тој да не сака да се ослободи од стапицата.
:)