Сум чувала и мачки, не да не, ама куче и маче да чуваш има неспоредливо голема разлика.
Прво, убаво кажа важна погоре: не ти трча како мало дете кога ќе дојдеш дома, туку застанува и бара јадење. Како да не се радува што те видела. Кучето не е такво.
Друго, мачката ти е стрикно за дома. А кучето ти е другар и можеш сегде да го носиш со себе.
Трето, ако покрај мачката дома чуваш риби или некаков вид на птици, ризикуваш да не ги најдеш живи кога ќе се вратиш.
Додека, пак, кучињата се подружељубиви и прифаќаат други животни.
Со мачката не можеш да си поиграш кога ти сакаш, туку кога таа сака.
Предност кај мачката е што не си обврзан да ја бањаш бидејки нели сама се чисти.
Кога ја чував мојата ја хранев со храна од КАМ, една кутија 100 денари беше и се уште е мислам...
И песок од КАМ и купував во вреќи. И ја ставав во еден пластичен сад и тука си мочкаше и какаше. Добра е бидејки се згрутчува и можеш само грутчето да го фрлиш наместо цела секој ден да ја чистиш и плус не мириса лошо.