Мачиња (исхрана, совети и општа дискусија)

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Ги обожавам.
Грациозни и независни суштества, идеални за градска средина, односно стан. Не им е потребно тимарење, освен ако не се долговлакнести или бањање после секое одење по нужда. Човек може многу да научи од нивното однесување.

Ако се прашувате зошто предат мачките еве го одговорот.
Предењето е вообичаена појава не само за родот мачки, туку и за други видови животни, па дури и за ракуните. Може да се објасни како начин на комуникација меѓу мачките. Порано се верувало дека само мачките од видот felis genus можат да предат. Меѓутоа, сите мачки имаат способност да предат, вклучувајќи ги и големите мачки како тигарот, лавот, пантерот, леопардот и гепардот.​
Според истражувачите, малите мачиња со предењето кажуваат на својата мајка дека сè е во ред. Бидејќи малите мачиња немаат развиено способност да мјаукаат, тие предат, а нивната мајка со своето предење им дава чувство на сигурност.​
vovche.jpg
Постарите мачки во текот на играта предат, и на тој начин кога друга мачка ќе им се приближи, тие праќаат сигнали дека се пријателски расположени и дека нема да и наштетат на другата мачка. Додека трае предењето, кај мачките не може да се чуе работата на срцето и белите дробови.​
Друга причина за предењето на мачките може да биде кога тие се исплашени, вознемирени, болни или повредени. Исто така, вообичаено е да чуе нивното предење и пред тие да умрат. Се верува дека со самото предење мачката настојува да се увери дека сè е во ред и да се смири самата. Токму затоа аналитичарите на однесувањето на мачките велат дека предењето е неопходно за здравјето на мачката.​
349269_sweet_little_cats_2.jpg
macinja.jpg
Одредени истражувања даваат објаснувања за предењето според кои, додека мачката преде нервите кои се наоѓаат во гласните жици се активирани, со што даваат одредени сигнали од кои нивното грло вибрира. Вдишувањето и издишувањето на воздухот предизвикува одреден звук, кој всушност е самото предење.​
Колку гласно, со кој тон и висина ќе биде предењето варира од мачка до мачка. Предењето на домашната мачка варира од 22.4 до 30.2 херци. Кај некои мачки се чувствува силно вибрирање и јак звук кога предат, додека кај некои предењето може да се почувствува само ако со рака се допрат под грлото, а трети пак, паралелно со предењето испуштаат и звуци на свиркање и мјаукање.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and True_Blood

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Кучиња и мачки не сакам единствено поради тоа што се митарат. :frantic
 
Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
34
Ги обожавам.
Грациозни и независни суштества, идеални за градска средина, односно стан. Не им е потребно тимарење, освен ако не се долговлакнести или бањање после секое одење по нужда. Човек може многу да научи од нивното однесување.
Мојот е персиски и го бањаме само 2-3 пати годишно. Не е убаво да се бањаат често затоа што им засмрдува кожата, јас проблемот со какањето го решив на тој начин што му ги истрижав влакната од газот со ножица и сега кога си кака нема проблем. Предходно пред да му го истрижам газот :D ми оставаше печати после какање. На пример, ќе отиде да се искака и потоа ќе си седне некаде, кога ќе станеше на истото место ми оставаше каки. Ама сега веќе не, затоа што не му се замотуваат гомцата во влакната на газот :D
А за тимарење, е да, си бараат повеќе. Секојдневно чешлање по неколку пати за да не остава влакна насекаде, а и повеќе се болникави, т.е. не се многу отпорни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Сум чувала и мачки, не да не, ама куче и маче да чуваш има неспоредливо голема разлика.
Прво, убаво кажа важна погоре: не ти трча како мало дете кога ќе дојдеш дома, туку застанува и бара јадење. Како да не се радува што те видела. Кучето не е такво.
Друго, мачката ти е стрикно за дома. А кучето ти е другар и можеш сегде да го носиш со себе.
Трето, ако покрај мачката дома чуваш риби или некаков вид на птици, ризикуваш да не ги најдеш живи кога ќе се вратиш.
Додека, пак, кучињата се подружељубиви и прифаќаат други животни.
Со мачката не можеш да си поиграш кога ти сакаш, туку кога таа сака.

Предност кај мачката е што не си обврзан да ја бањаш бидејки нели сама се чисти.
Кога ја чував мојата ја хранев со храна од КАМ, една кутија 100 денари беше и се уште е мислам...
И песок од КАМ и купував во вреќи. И ја ставав во еден пластичен сад и тука си мочкаше и какаше. Добра е бидејки се згрутчува и можеш само грутчето да го фрлиш наместо цела секој ден да ја чистиш и плус не мириса лошо.
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Мојот е персиски и го бањаме само 2-3 пати годишно. Не е убаво да се бањаат често затоа што им засмрдува кожата, јас проблемот со какањето го решив на тој начин што му ги истрижав влакната од газот со ножица и сега кога си кака нема проблем. Предходно пред да му го истрижам газот :D ми оставаше печати после какање. На пример, ќе отиде да се искака и потоа ќе си седне некаде, кога ќе станеше на истото место ми оставаше каки. Ама сега веќе не, затоа што не му се замотуваат гомцата во влакната на газот :D
А за тимарење, е да, си бараат повеќе. Секојдневно чешлање по неколку пати за да не остава влакна насекаде, а и повеќе се болникави, т.е. не се многу отпорни.

Јас кога чував мачка и ми оставаше влакна по облека, ќе земев голем селотејт, оној дебелиот. И после галење во скут, ќе си одврзев лента и ќе си лепев влакна. :D
Инаку убаво чаре си му нашла. Стави слика да ја/го видиме лепотанот/лепотицата. :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ги обожавам мачињата.
Ништо не се гали така добро како што се гали и умилкува мачето.
Кога живеев со моите чував маче,сега живеам сама и во стан,не чувам пошто немам услови за такво нешто.Некогаш знам и по цели 15 саати да не се приберам а немам на кого да го оставам.Иначе во прва прилика пак би чувала маче.Признавам многу е незгодно дур се заучи на некои работи,но затоа кој сака да чува препорачувам да го земе од скрос малечко.
Така ем полесно се адаптира ем полесно учи.
Исто признавам дека по дланкиве уште имам лузни од гребнатинки но во споредба со милоста што ја пружат тоа не е ништо.
А баш ми е жал што немам ниту една слика ни од едно од двете што ги имам чувано:(
Една работа за мачките а незнам дали е вистина.Првот маче ми беше машко и го чував сигурно 5,6 години,немаше да помине ден да го пуштам надвор а да не се врати,пред да го снема скроз почна чат пат да не се прибира.Тогаш го немаше цели 4 дена,го барав низ цело маало довикувајки го оти секогаш кога ке викнев од дворот ке ме слушнеше и доагаше.Но нигде не го најдов.Моите ми кажаа демек машките мачиња не умирале дома и затоа не се вратило:(.
Тогаш бев дете и им поверував,зарем вистина е така?
 
Можно е да има некоја вистина, зашто и мене последниот мачор што го чував може 7-10 години, и кој секогаш се враќаше дома, пред 3-4 месеци го снема. :(
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Едноставно ги обожавам. И кучиња ми праат мерак ама не као мачките.
Израснат сум со нив од пелени. Заеби лицемерие, сите се лицемерни кога главен адут за пријателство е храната. Моментално се чуваат 7-8 комада + 2 мачиња. Размазени какви и да се, си имаат секоја свој карактер. Од Хари најстариот до Риска која сеа за прв пат се породи.... Истотака правиме политика на куќата - после прво окотување ставаме катанец - ги ушкопуваме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

jovanKH2O

Староседелец
1 март 2012
54
82
1,018
Отсекогаш сум сакал животни особено мачки. Последното маче што го чував беше пред пола година ( иначе го чував 4 год) , за жал ми го отруја и до ден денеска не дознав кој го сторил тоа.:mad: Премногу бев поврзан со него, препитомо беше и секојдневно беше само со мене се галеше, ме чувствуваше на поголемо растојание дека сум и секојдневно ме испраќаше кај и да одев. Преубаво маче беше (worried) Последниот пат кога го видов дојдее за последен пат целото со пења на устата, се обидев колку можам да го спасам давајќи му млеко бидејќи тоа најмногу помага во таа ситуација ама не успеа за жал. Седеше пола сат и одеднаш дур се завртев го снема. :( Иначе сум слушал дека секоја мачка ако тој што ја чува и сака е поврзана со него, никогаш не умира пред него. Ќе оди на место каде што нема да ја видиш.