Мачиња (исхрана, совети и општа дискусија)

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Ја отворам темава со цел овде да дискутираме за најубавите суштества на светот и се поврзано околу нив. Ако имате некаков проблем, прашање, совет, пишете тука :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Bum-Bum

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Искрено не би рекла дека се најубави. Барем за мене не се најубави.
Животните што најмногу ги мразам се мачките.. -,-

Пред 10тина години чував дома мачка и знам секаде се качуваше, се` по дома лом..не можеш да ја сопреш во фрижидер се пика дури..во машина за алишта, во шолја..мора се` да затвораш -.-
Ја ранеа моите со мачешка храна, за капење не се сеќавам..
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Искрено не би рекла дека се најубави. Барем за мене не се најубави.
Животните што најмногу ги мразам се мачките.. -,-

Пред 10тина години чував дома мачка и знам секаде се качуваше, се` по дома лом..не можеш да ја сопреш во фрижидер се пика дури..во машина за алишта, во шолја..мора се` да затвораш -.-
Ја ранеа моите со мачешка храна, за капење не се сеќавам..
Не сте си ја воспитале, т.е. сте и допуштале многу затоа така правела :)
Инаку мачките се многу интелигентни и самостојни животни. Итри се, да и користољубиви, ама тоа ако не те сакаат. Ако те сака нема да те користи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD and Bum-Bum

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Не сте си ја воспитале, т.е. сте и допуштале многу затоа така правела :)
Инаку мачките се многу интелигентни и самостојни животни. Итри се, да и користољубиви, ама тоа ако не те сакаат. Ако те сака нема да те користи.
Таа си беше добра и воспитана, ама јас не сакам мачки па затоа на моја гледна точка остави лош впечаток...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Искрено не би рекла дека се најубави. Барем за мене не се најубави.
Животните што најмногу ги мразам се мачките.. -,-
И јас како тебе не сакам мачки од причина што имам папагал, и дека ми го има нападнато една. Плус тоа се митарат да додадам во списокот кој го набоја.
Се извинувам поради офтопикот, не ми е целта да ја уништам темава само сакав да го искажам својот став.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Еее јас обожавам мачки и секаков друг вид на животни..
Ма толку ми се мили, воедно и секси, стварно се паметни, ама зависи како се поставеш пред нив..
Имам дома чувано ехее.. како мала ги гњавев многу, ги качував на главата и демек ги возев така :D :D

Не се тешки мачињата за чување, барем според мене, еве и планирам јас да си земам у скоро време, чекам малку да подпораснат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Чував и јас.
Лепотан на мајка :giggle

Јас се изненадив колку беше да кажам паметно мачево. Спиеше со нас во кревет, сабајле кога ќе почне да ми ѕвони алармот ми го туткаше телефонот во лице, со шепите ме фаќаше по образот, на глава ми седнуваше...додека не станам.
И обавезно, имаше таква навика додека се средувам во купатило да седи таму и да ме чека да завршам и да ме испрати до вратата. Кога го видов еден ден чучнат на шољата се мести да мочка ( што ме гледаше мене секој ден) не можев да се изначудам. Дечко ми не ми веруваше додека не го виде и сам.
Исто имаше ситуација, гледам телевизија, он застанал пред врата и мјаучи и со главчето гледа накај кујна. Викам изгледа си го изел јадењето па сака уште, станав, он тргна и се качи на кујна ( на умивалник) и со муцето посега по чешмата. Кога гледам она чиничето за вода празно...

Душичка беше навистина.
И не може некој да ми кажува дека мачките не биле остроумни, паметни или воспитани.
Убаво рече Везилка, зависи и како ќе си ги учиш.
Инаку во КАМ маркет има конзерви, околу 35 денари беа, и барем моево ги обожаваше :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and 048

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Најубави? Не би рекла. Кучето кога ќе дојдеш од некаде е радосно, сака да се гали и со погледот ти вели: "Се врати? Супер, ајде да си поиграме". Мачката иде накај тебе целата безволна и: "Не ме интересира дали си изморен и други твои приказни, дај ми да јадам и не ме замарај во остатокот од денот". Така што, дефинитивно кученца. :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Најубави? Не би рекла. Кучето кога ќе дојдеш од некаде е радосно, сака да се гали и со погледот ти вели: "Се врати? Супер, ајде да си поиграме". Мачката иде накај тебе целата безволна и: "Не ме интересира дали си изморен и други твои приказни, дај ми да јадам и не ме замарај во остатокот од денот". Така што, дефинитивно кученца. :)
Многу си во грешка.
Кога јас се враќав од работа, мачорот ме пречекуваше на врата и додека не го земам во раце да го галам, не престануваше да ми се мота околу нозе и да ми се умилкува.
Не да му дадам да јаде, само да го галам :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
И јас како тебе не сакам мачки од причина што имам папагал, и дека ми го има нападнато една. Плус тоа се митарат да додадам во списокот кој го набоја.
Се извинувам поради офтопикот, не ми е целта да ја уништам темава само сакав да го искажам својот став.
За митарење, и кучињата се митарат. Имам јас дома куче и се митари на зима..а и цело време влакна си пушта.. х)
Причината за несакање мачки не е митарењето, едноставно грди ми се :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor