1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Масажа

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од street_chic, 24 февруари 2012.

  1. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Релаксациона масажа на грб

    Оваа масажа го редуцира стресот, ја подобрува циркулацијата, ја забрзува лимфната дренажа.

    Инструкции:
    Личноста која ја масирате треба да легне на стомак, на цврста и удобна површина. Целиот грб треба да ви биде на дофат, без да го истегнете вашиот.
    Застанете до личноста. Поставете ја едната рака пониско на грбот, а другата помеѓу лопатките, над срцето.
    Загрејте го грбот така што со палецот ќе притискате на двете страни по должина на 'рбетот истовремено.
    Започнете од долниот дел на грбот и нежно масирајте со палците нагоре кон вратот. Со ова се започнува релаксацијата.
    Нежно нанесете го маслото за масажа. Лизгајте ги дланките од двете страни на 'рбетот до карлицата, околу колковите, и потоа пак вратете се назад кон рамениците.
    Продолжете по двете страни до вратот и долниот дел на главата.
    Почнете од 'рбетот и лизгајте ги дланките во спротивни насоки кон надворешните страни на грбот, од долниот дел на грбот кон рамениците.
    Масирајте на заоблената мускулна област на рамениците, на средината од грбот, за да се олабават мускулите и сврзните ткива.
    Со палците или другите прсти притиснете на тврдите или напнати места, често наречени јазли.
    Правете кружни движења со врвовите на прстите по мускулите кои се наоѓаат блиску до 'рбетот и околу лопатките.
    Нежно ротирајте ги рацете, една по една, за да се олабават зглобовите на рамото и да се подобри протокот на крв.
    tajska-masaza-spa-center.jpg
     
    На Mila Kunis и The_melnicanecot им се допаѓа ова.
  2. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Скоро секој од нас барем еднаш има почувствувано вкочанетост во вратот и рамената. Главата е тешка и често чувствуваме дека вратот е преморен, мускулите се вкочанети и предизвикуваат болка. Неправилната положба на телото, носењето на голем товар и свитканиот грб само ги зголемуваат проблемите.

    Вратот и рамена се области кои се подложни на многу различни стресови. Неправилното држење на телото може да предизвика искривување на вратот и `рбетот. Стареењето и носењето на тежок товар може да предизвика артритис. Дури и активности како вежбање, читање книга во кревет, неправилно спиење можат да предизвикаат болка. Како да ги избегнеме овие проблеми, како да заздравиме колку што е можно побрзо?

    Нежната масажа нагоре и надолу по грбот или вратот со рака или масажер ја загрева областа. Ова ја подобрува циркулацијата на крвта и на тој начин го намалува притисокот во мускулите. Токму затоа и масажата се препорачува како третман кој треба да се користи секојдневно за намалување на стресот заморот во вратот и рамената.
    Секојдневната масажа не само што ви помага да го намалите притисокот по напорно поминатиот ден, туку и делува превентивно, го зголемува нивото на енергија, и ви помага да ги завршите дневните обврски без никаков проблем.

    Еве неколку совети како можете да го намалите притисокот во вратот:

    Фокусирајте се на областите на кои што чувствувате најголем притисок. Полека и бавно масирајте ги. Потоа со кружни движења на прстите или двете раце притискајте длабоко по целиот врат. Внимавајте на притискањето на коските.
    Поставете ја левата рака на десното рамо и притиснете ги мускулите. Задржете го притисокот и полека притискајте ги рамената кон назад. Звуците на крцкање на коските потврдуваат дека мускулите се напнати и им треба релаксација. Повторете го истото и со десната рака и левото рамо.

    Тапкајте го десното рамо со левата рака за да ја зголемите циркулацијата. За да постигнете поголема удобност, придржете го левиот лакот со десната рака и полека тапкајте ги мускулите додека да почувствувате опуштеност и одмореност во рамото. Повторете го истото и со другата рака.
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    1) Класична масажа

    Ублажување или отстранување тешкотии и здравствени проблеми со користење на некои масашни техники ( зависно од потребите ). Се третира целото тело на клиентот со што се подобрува општата циркулација и способност да се елиминираат токсините од крвотокот.

    2) Спортска масажа

    Целта на спортската масажа е релаксација или стимулација на телото, со тоа што се зависи од потребите на клиентот.

    3) Парцијална масажа

    Интензивна масажа на проблематичниот дел од телото,отстранување на заморот,напнатоста и стресот. Веднаш се чувствува олеснување.

    4) Антицелулитна масажа

    Парцијална масажа на нозете, задникот и стомакот со покрети кои ја подобруваат циркулацијата,отстранува токсини и го зацврстнува тонусот на кожата. Со повеке третмани се постигнува одличен резултат на вашето тело.

    5) Четворачна масажа

    Синхронизирана работа на две масерки со која ке почувствувате длабоко опуштање, овозможувајки складен и урамнотежен проток на енергија.

    6) Масажа на стапала

    Подобрување на општата психофизичка состојба , отстранување на стресот, напнатоста и заморот. Како и сите други масажи и оваа нуди превенција и зашувување на здравјето.

    7) Масажа со топло чоколадо

    Оваа егзотична масажа се вбројува во така наречените велнес масажи , каде што телото и духот се доведуваат во рамнотежа на потполно уживање. Дава посебно доживување на комбинација од техники на масирање со мирис и музика која ја потикнува фантазијата и емоциите.

    8) Масажа со вулкански камења

    Древна терапија во која се употребуваат топли базалтни камења од вулканско потекло кои содржат геотермална енергија. Благотворно делуваат на мускулите, нервниот систем и ја зголемуваат животната енергија.

    Азиските масерки прават чуда со прстите

    Дали сте биле на масажа до сега во некој од салоните за масажа или кај приватно лице?

    Каков тип на масажа сакате?

    Споделете искуства....
     
  4. Vendetta

    Vendetta Староседелец

    Зачленет на:
    6 јули 2012
    Мислења:
    56
    Допаѓања:
    45
    Може секој ден по една од наведените. Голем оожавател сум на масажа
     
  5. TIGERWOMAN31SK

    TIGERWOMAN31SK Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 јули 2012
    Мислења:
    822
    Допаѓања:
    699
    сите масажи ги сакам ама четворачнава ептен ми е по ќеиф
     
  6. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    Јас би сто саати масажа Секаква !!!!!!!!!!:biggrin па у моментов ко шо сум крш мислам живот ќе ми вдахне...
     
  7. Mikinik

    Mikinik Нов член

    Зачленет на:
    1 февруари 2018
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    2
    кој тип на масажа би го одбрале?

    Масажата се користи со намера за подобрување на циркулацијата и намалување на грчевите и стегањето на мускулите, болка и намален опсег на движење. Масажата може да биде доста корисна за ублажување на болката во мускулите настаната како резултат на нервната иритација. Затоа овозможете опуштање на вашите мускули и закажете масажа [​IMG]


    Дали сте биле на масажа до сега во некој од салоните за масажа или кај приватно лице?

    Каков тип на масажа сакате?

    Споделете искуства....
     
    #17 Mikinik, 1 февруари 2018
    Последна промена од модератор: 1 февруари 2018
  8. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Ја би еротска масажа ако има..има ли:^)
     
    На Mikinik и Makedonec им се допаѓа ова.
  9. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Многу е битно кој масира:D
     
  10. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Верувам, испробано ми е:rofl
     
    На Mikinik и Makedonec им се допаѓа ова.

Сподели: