1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Масажа

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од street_chic, 24 февруари 2012.

  1. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Пригушена светлина, тивка и удобна соба, нежни акорди на релаксирачка музика, природни звуци на пенлив поток, птичја песна, капки дожд, морски бранови...сето тоа е само дел од она кое ви е потребно после стресното секојдневие. Ако барем еднаш во месецот не си дозволите масажа нема да дознаете кое е чуството на апсолутно целосно опуштање-на телото и душата.


    За масажите знам дека древните народи ги практикувале често, древните Еѓипќани, Вавилонци, Индијци за да развијат еластичност на телото при Камасутра, Грци за да оформат мускулатура... Но, најважната причина денес е одстранување на стресот, напрегнатоста и заморот. Многу од нас, во ова модерно време го потценуваат човечкиот допир. Бескрајно различни се техниките на масажа, но она што се нуди кај нас најчесто на практика е:

    Класична масажа-кај неа се користат методи за лесно натискање, разтривање и исправување, со помош на различни ароматични масла и креми.

    Тајландска масажа-стар метод, со кој преку палците и прстите се стимулираат над 7500 нервни завршетоци на двете стапала.

    Масажа со мед-моментално е хит,има одлични ефекти за здравјето,ги отстранува непотребните штетни материи од телото.Се нанесува квалитетен мед,со посебни движења се истиснуваат сите токсини под кожата.




     
    На Gemini, КрисТина К., Sugar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Релакс масажа-помага при главоболка, опушта, ги обновува функциите на телото, доста е користен и скоро секој салон го нуди во својата програма.

    Чоколадна масажа-моментално е доста популарна, започнува со пилинг кој ја чисти кожата од мртви клетки, ја ревитализира и потхранува. Процедурата се врши со специјална смеса од какао во прав, бадемово и масло од какао. Какаото содржи природни антиоксиданси,кои делуваат благотворно на телото.



    Масажа со вулкански камен- доста поскапа процедура од другите. Се користи вулкански базалт, се аплицира врз точно определени точки од грбот, се поставуваат жешките камења, мускулите бргу се опуштаат и се постигнува полна релаксација.
    health-fitness-massage-woman-stones_s600x600.jpg
     
    На Gemini и Hexasto им се допаѓа ова.
  3. Boyka

    Boyka Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    255
    Допаѓања:
    737
    ја би ипак еротска Ч)
     
    На Hip.Hop_MKD и parvati им се допаѓа ова.
  4. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    ја знам да масирам добро,колешке такој викаф
     
    На street_chic му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    [​IMG]
     
    На ScoobyDoo, Sugar, parvati и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Масажа со ароматерапија во тцц плаза е нешто што мене најмногу ме опушта и смирува.Кој пробал сигурно знае.За цена која би требало секој да може да си ја дозволи бар еднаш во месецот мислам дека навистина вреди.
     
    На street_chic му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,402
    јас кај што одев на масажа,се затвори салонот а мн беше ефтино 12оо ден за 10 третмана по 30минути.Ако знае некој ваква понуда нека каже :)
     
    На Black Mamba му/ѝ се допаѓа ова.
  8. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    студирам физиотерапија ..... :)
     
    На Ananas, parvati, Sugar и уште 1 член му се допаѓа ова.
  9. The_melnicanecot

    The_melnicanecot Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    237
    Допаѓања:
    394
    можеш да дадеш некој совет „шеринг ис керинг“
    - Викаат дека знам добро да масирам, не сум стручен едноставно со реацете се движам по местата кои ми се потврди.
    кога се масира битно е да почуствуваш каде најпогодно и најдолго да се задржиш :)
     
  10. street_chic

    street_chic Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,433
    Допаѓања:
    3,678
    Зависи за каква масажа правиме муабет, ако е релакс тогаш го третираш цело тело, обично 50-60 мин, ( по 10 мин раце, 20 мин грб, по 5 мин нозе и на крај уште 10 мин грб) а ако е медицинска обично е 20-30 мин само на болното место, и пак зависи од дијагнозата и осетливоста на пациентот, некои сакаат повеќе "стегање" некои помалку, а од дијагнозата зависи пак и регијата колку дозволува масирање.
    Сепак најбитната работа е да си определиш начин на масирање и положба. Сигурно нема да масираш сат време и после 2 дена тебе да те боли грбот од неправилна положба, така ? :)
     

Сподели: