Релаксациона масажа на грб
Оваа масажа го редуцира стресот, ја подобрува циркулацијата, ја забрзува лимфната дренажа.
Инструкции:
Личноста која ја масирате треба да легне на стомак, на цврста и удобна површина. Целиот грб треба да ви биде на дофат, без да го истегнете вашиот.
Застанете до личноста. Поставете ја едната рака пониско на грбот, а другата помеѓу лопатките, над срцето.
Загрејте го грбот така што со палецот ќе притискате на двете страни по должина на 'рбетот истовремено.
Започнете од долниот дел на грбот и нежно масирајте со палците нагоре кон вратот. Со ова се започнува релаксацијата.
Нежно нанесете го маслото за масажа. Лизгајте ги дланките од двете страни на 'рбетот до карлицата, околу колковите, и потоа пак вратете се назад кон рамениците.
Продолжете по двете страни до вратот и долниот дел на главата.
Почнете од 'рбетот и лизгајте ги дланките во спротивни насоки кон надворешните страни на грбот, од долниот дел на грбот кон рамениците.
Масирајте на заоблената мускулна област на рамениците, на средината од грбот, за да се олабават мускулите и сврзните ткива.
Со палците или другите прсти притиснете на тврдите или напнати места, често наречени јазли.
Правете кружни движења со врвовите на прстите по мускулите кои се наоѓаат блиску до 'рбетот и околу лопатките.
Нежно ротирајте ги рацете, една по една, за да се олабават зглобовите на рамото и да се подобри протокот на крв.