Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Ништо, да не чекаме сите сакаат а тие што имаат и што плетат сеа се фраери и фраерки сомартинки јас ќе си сплетам сам и за тебе една ќе ти подарам да бидеш фраерка со мартинка
Ми фали периодот во основно кога бабата на еден школски плетеше за целиот клас по една, а ние симболично му плаќавме нему по 20-ина денари и беше прегорд што е бизнисмен.
После баба му дознала дека ни наплаќа и го ќофнала малце, ама не е тоа темата.
Но да, секоја година, традицијата беше таа.
Сега не ми текна (ми нема со години) дури не прочитав на Твитер, ама ете, ми разбуди баш симпатичен спомен.