Малтретирање од страна на професори

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Знаеме дека многу професори се жалат од немирни ученици и не велам дека не се во право, pain in the ass сме биле и ние, и тие пред нас, и овие сега, а ќе бидат и идните. Неизбежно е. Но, што со оние професори што психички, па дури и физички малтретираат ученици?
Нели тука треба некоја етика? Зрелост? Не знам.

За жал, нов ден - ново дно на ова жално парче земја, па „инспирацијата“ за темава ми е по вистинскиот случај од вчера каде наставник тепа дете - настан што, среќа во несреќа, го снимил соученик.

Еднаш го ѕирнав видеото и ми е одвратно пошто се потсеќам дека лично, како доста мирна ученичка, пак бев малтретирана од некои.
Имам спомнато овде дека на 6 години, кога вежбавме за патронат, учителка што не ни беше мојата, ме удри толку јако по глава, што подмочнав пошто фала Богу немавме ни пауза (а и се срамев) за во ВЦ. Прекрасен почеток.
Во средно имавме пеофесорка што, ако ја налутиш (а се лутеше ако има малку од кредата на табла или семка од ѓеврек на катедра), урлаше 20 минути (буквално зборам за тресење дури се дере), акаше со дневникот по маси, гаѓаше со креди, итн. Имав и една друга што беше едноставно одвратна, беше некаква тетка на една школска и освен школската и нејзините 3-4 другарки, со нас другиве беше крајно саркастична, полна навреди од типот да те направи да се осеќаш неспособен и невреден ко ученик. Ми беше премногу тешко, посебно пошто на едниов предмет бев оддвоена од блиските школски и дојдов до степен да повраќам, избегнувам да одам во школо кога беа нивните часови т.е. земав оправдувања дури и по две недели за да се оправам.
А бев дури од „полесните“ случаи. Други школски многу повеќе го јадеа, само се надевам не биле толку нежни и немало и на нив толку лош ефект ова. Но, како и да е, не може да не остави никаков белег на тебе. Сега ги знам подобро, ги гледам често и со други очи и знам дека и двете се многу исфрустрирани, осамени и тажни жени, ама тогаш не делуваше така.

Како може да дозволиме да имаме партиски, неписмени паразити, па уште и насилници и тепачи меѓу луѓе што треба да ти помогнат да излезеш на прав пат и можеби баш поради нивниот предмет да најдеш кариера? Ајде од еден ученик, од двајца (па дури и тоа не смее да се толерира), ама кога упорно деца се жалат и имаат страв од некого, како може вакви случаи уште да постојат?

Иронично или не, и јас завршив за професор, но нека, еве си терам во друга насока. Не можам да си дозволам да бидам дел од таков систем (освен што и не би ме ни погледнале пошто немам партиски миленици и книшки).

Што можеме да направиме во врска со овие бруталности што се секој ден поголеми и почести? Што е со ова молчење т.е. искажување револт само на социјални мрежи?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Среќа или не, не паметам премногу од тие денови иако по кажувања знам дека имало чести претепувања па и сериозни физички повреди на ученици. Во 90-те наставниот кадар беше сеуште од комунистички тип каде тортурата врз ученици се сметаше како нешто пожелно, добро и корисно. Во денешно време не верувам да има сеуште од тие кадри по чколии, може последните се сеуште активни пред пензија и се надевам дека им се качуваат на глава секојдневно.
Имам пишувано по темиве за образованието, тепањето е само една од нијансите на злото кое е присутно. Самото држење на дете или тинејџер по 5-8 саати во клупа е почеток на проблемот. Тоа е тотално неразбирање на билогија и физиологија на деца или адолесценти.

Интересни е родителската страна на приказната. Имено, порано родители сметале дека е нормално нивно дете да биде физички казнувано од рандом лице (веројатно како надополнување на нивната лична употреба на физички казни) како некоја врста на аутсорс на потребата за "кротење" на децата и "истерување на праф пат".
До која мера треба да е родител отепан за да смета дека тепање на негово дете е нешто прифатливо?
Денес веројатно има нешто поголеми реакции, особено поради нетот, но не сум прочитал или слушнал за претепан наставник досега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се провлече оваа дискусија и по Твитер, каде, секако, бумерите навалија со тоа дека они биле тепани со 2-3 дупли секоја недела ко магариња и тоа било вредно за стравопочит. Не знам кој и зошто ги истренирал овие кутри души дека стравопочит е убаво и нешто кон кое треба да се стремиме.
Коментаров е баш на таа тема и перфектно ги опиша титовачите.
1635276966427.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Знаеме дека многу професори се жалат од немирни ученици и не велам дека не се во право, pain in the ass сме биле и ние, и тие пред нас, и овие сега, а ќе бидат и идните. Неизбежно е. Но, што со оние професори што психички, па дури и физички малтретираат ученици?
Нели тука треба некоја етика? Зрелост? Не знам.

За жал, нов ден - ново дно на ова жално парче земја, па „инспирацијата“ за темава ми е по вистинскиот случај од вчера каде наставник тепа дете - настан што, среќа во несреќа, го снимил соученик.

Еднаш го ѕирнав видеото и ми е одвратно пошто се потсеќам дека лично, како доста мирна ученичка, пак бев малтретирана од некои.
Имам спомнато овде дека на 6 години, кога вежбавме за патронат, учителка што не ни беше мојата, ме удри толку јако по глава, што подмочнав пошто фала Богу немавме ни пауза (а и се срамев) за во ВЦ. Прекрасен почеток.
Во средно имавме пеофесорка што, ако ја налутиш (а се лутеше ако има малку од кредата на табла или семка од ѓеврек на катедра), урлаше 20 минути (буквално зборам за тресење дури се дере), акаше со дневникот по маси, гаѓаше со креди, итн. Имав и една друга што беше едноставно одвратна, беше некаква тетка на една школска и освен школската и нејзините 3-4 другарки, со нас другиве беше крајно саркастична, полна навреди од типот да те направи да се осеќаш неспособен и невреден ко ученик. Ми беше премногу тешко, посебно пошто на едниов предмет бев оддвоена од блиските школски и дојдов до степен да повраќам, избегнувам да одам во школо кога беа нивните часови т.е. земав оправдувања дури и по две недели за да се оправам.
А бев дури од „полесните“ случаи. Други школски многу повеќе го јадеа, само се надевам не биле толку нежни и немало и на нив толку лош ефект ова. Но, како и да е, не може да не остави никаков белег на тебе. Сега ги знам подобро, ги гледам често и со други очи и знам дека и двете се многу исфрустрирани, осамени и тажни жени, ама тогаш не делуваше така.

Како може да дозволиме да имаме партиски, неписмени паразити, па уште и насилници и тепачи меѓу луѓе што треба да ти помогнат да излезеш на прав пат и можеби баш поради нивниот предмет да најдеш кариера? Ајде од еден ученик, од двајца (па дури и тоа не смее да се толерира), ама кога упорно деца се жалат и имаат страв од некого, како може вакви случаи уште да постојат?

Иронично или не, и јас завршив за професор, но нека, еве си терам во друга насока. Не можам да си дозволам да бидам дел од таков систем (освен што и не би ме ни погледнале пошто немам партиски миленици и книшки).

Што можеме да направиме во врска со овие бруталности што се секој ден поголеми и почести? Што е со ова молчење т.е. искажување револт само на социјални мрежи?
Во Шведска, поточно во Еслов, имаше напад врз наставник од страна од ученик во основно училиште...
Наставникот беше избоден сред бел ден, на почеток на смената и на почеток на школската година...
Стресот кој го преживеаа учениците кои беа сведоци на настанот , не се опишува со зборови...
Така да, има и такви случаеви, можеби ретки и спорадични, но ги има...

А инаку, јас сум од таа генерација, кога добивавме шамар за незнаење, а за дисциплина и поведение не ни стануваше збор...
Не` бркаа од часови (а тоа денес не е дозволено, зашто ти си одговорен ако му се случи нешто на детето во текот на часот), не швркаа со стапчиња по раце, не` редеа на табла за испрашување (демек малку е што ќе бидеш испрашан па требаше и да се построиш на табла како за стрелање) и да, не` шамареа за незнаење....
Ем единица, ем црвен образ....

Не сакам да бидам погрешно сфатена, против сум било каков облик на насилство, ама тогаш наставниците беа далеку поавторитативни и ценети отколку сега....
Имам блиски пријателки кои се наставнички или професорки, и имаат многу големи проблеми со деца (осмоодделенци или деветтоодделенци) кои се за три глави повисоки од нејзе, и се жалат дека освен што им го реметат часот, зборуваат се` и сешто, и таа не може никако да се справи со нив...
Ако се пожали кај директор или некој од службата, кажано и` е дека тоа е дете од тој и тој, и нека си се справува како знае и умее без да го исфрустрира него или неговите родители...
Поентата ми е дека денес се изгубени сите вредности, особено оние моралните, децата се испуштени од контрола, угодувано им е на секаков можен начин од страна на родителите и поблиска родбина, не` почитуваат ни постари, ни наставници, ни претпоставени... Жално...
Немаат елементарна култура, родителите им станаат робови на сопствените деца...
Ако детето направи нешто недозволиво на ушилиште или ако не добие 5 по сите предмети, родителот крева војна со наставниците, директорот, што лично мислам дека не е во ред и во никој случај со тоа не им се прави услуга на децата... Дури сам не си превземе одговорност, дури сам не си се избори за оцена, ништо не бидува... Никогаш нема да научи да биде трудољубив, упорен или борбен, зашто тука се мама и тато да решаваат проблеми...
И за жал, таа пракса се провлекува и понатаму во животот на тоа дете, иако тоа дете веќе слави 40 годни на пример ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@MoonFairy не, сосема те разбирам и друга тема е (за која исто ништо позитивно немам да кажам) за колку се и денешните ученици надвор од контрола. Има тука да се навлегува од родителско воспитување (и тоа пувањето кое чие е), ТВ, улица, па тогаш професор што има 30-40 минути час со детето. Имав година дена пракса по скоро сите скопски основни и средни, знам отприлика. Некои беа помирни кога имаа гостин за професор, други... :|
Тогаш решив дека не сакам да стапнам веќе во училница.

Овде ме фати жал пошто детево е помало и поситно. Сега, навистина не знам што претходело на настанот, но секако ова не е правилна реакција во никој случај. Само резултат на заболени генерации што одгледуваат уште позаболени генерации. А, ги има и овие ко што спомнав погоре, што од ништо уживаа да изберат ученик или група ученици и да ги имаат на пик. Чист пример сум и јас со моите 6 години и немање координација, па сум утнала чекор и ајт по глава, демек тоа ќе помогне побрзо да научам. Не го земам тоа ко траума, ама сепак е непријатен спомен.
Потребни ни се повеќе и мнооогу добри психолози и педагози по школите. Потребен е стручен кадар, не партиски. Треба многу да се работи со децата уште од претшколска возраст и да гледа на другите со „добиваш почит онолку колку што даваш“, а не професоров е ништо или па да го смета ко надмоќен и вреден за стравопочит пошто е постар и од него му зависи оценката.
Ужас, ужас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy