Знаеме дека многу професори се жалат од немирни ученици и не велам дека не се во право, pain in the ass сме биле и ние, и тие пред нас, и овие сега, а ќе бидат и идните. Неизбежно е. Но, што со оние професори што психички, па дури и физички малтретираат ученици?
Нели тука треба некоја етика? Зрелост? Не знам.
За жал, нов ден - ново дно на ова жално парче земја, па „инспирацијата“ за темава ми е по вистинскиот случај од вчера каде наставник тепа дете - настан што, среќа во несреќа, го снимил соученик.
kanal5.com.mk
Еднаш го ѕирнав видеото и ми е одвратно пошто се потсеќам дека лично, како доста мирна ученичка, пак бев малтретирана од некои.
Имам спомнато овде дека на 6 години, кога вежбавме за патронат, учителка што не ни беше мојата, ме удри толку јако по глава, што подмочнав пошто фала Богу немавме ни пауза (а и се срамев) за во ВЦ. Прекрасен почеток.
Во средно имавме пеофесорка што, ако ја налутиш (а се лутеше ако има малку од кредата на табла или семка од ѓеврек на катедра), урлаше 20 минути (буквално зборам за тресење дури се дере), акаше со дневникот по маси, гаѓаше со креди, итн. Имав и една друга што беше едноставно одвратна, беше некаква тетка на една школска и освен школската и нејзините 3-4 другарки, со нас другиве беше крајно саркастична, полна навреди од типот да те направи да се осеќаш неспособен и невреден ко ученик. Ми беше премногу тешко, посебно пошто на едниов предмет бев оддвоена од блиските школски и дојдов до степен да повраќам, избегнувам да одам во школо кога беа нивните часови т.е. земав оправдувања дури и по две недели за да се оправам.
А бев дури од „полесните“ случаи. Други школски многу повеќе го јадеа, само се надевам не биле толку нежни и немало и на нив толку лош ефект ова. Но, како и да е, не може да не остави никаков белег на тебе. Сега ги знам подобро, ги гледам често и со други очи и знам дека и двете се многу исфрустрирани, осамени и тажни жени, ама тогаш не делуваше така.
Како може да дозволиме да имаме партиски, неписмени паразити, па уште и насилници и тепачи меѓу луѓе што треба да ти помогнат да излезеш на прав пат и можеби баш поради нивниот предмет да најдеш кариера? Ајде од еден ученик, од двајца (па дури и тоа не смее да се толерира), ама кога упорно деца се жалат и имаат страв од некого, како може вакви случаи уште да постојат?
Иронично или не, и јас завршив за професор, но нека, еве си терам во друга насока. Не можам да си дозволам да бидам дел од таков систем (освен што и не би ме ни погледнале пошто немам партиски миленици и книшки).
Што можеме да направиме во врска со овие бруталности што се секој ден поголеми и почести? Што е со ова молчење т.е. искажување револт само на социјални мрежи?

Вознемирувачко видео: Наставник тепа ученик во училиште во Бутел
Настанот кој случил во основното училиште „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2 е п...