Мали зборови од големо значење

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Колку често знаете да кажете ти благодарам, извини, те сакам, ми значиш, тука сум за тебе, ми недостигаш?
Колку често знаете да направите некој да се чувствува подобро? :)

Повеќе се трудам да покажувам отколку да кажувам.
Ако на некој/а сакам да му/и’ се извинам тоа го покажувам со некој гест.Тоа правам најпрвин.Е сега има токмаци што не го сфаќаат муабетот, па низ муабет кажувам што сум сакал со тоа да направам.
A во глобала да, се извинувам највеќе.За други работи кажување сум малку тежок :D
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Ги кажувам овие зборови само кога навистина го мислам тоа,не знам какво би било значењето ако ги кажуваме онака... А и не ми пречи ако навистина згрешам и сум свесна за тоа да се извинам ама од срце :)
 

ричи.иии

Нов член
18 март 2013
9
6
3
52
Секогаш се заблагодарувам на оној кој заслужил ...
искажувам чуства кога мислам дека вреди да се кажат,...
се извинувам кога сум згрешила...
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Те сакам-можеби премногу често,но единствено на луѓе кои тоа го заслужуваат..пр.мајка ми,сестра ми..другарките кога ќе ми направат услуга :gjavol
Извини-исклучиво само кога ќе си ја воочам грешката...или евентуално ако сум саркастична неш
Благодарам-кога некој направил нешто добро за мене..
Ми недостигаш-паа одреден период беше премногу често,па се решив да ги одморам на неопределен временски период :D
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не ги штедам зборовите, па не се штедам да ги кажувам и овие скапоцени четири секогаш кога ги мислам...
Благодарам - секој ден за ситни или поголеми работи секогаш се заблагодарувам.
Извини - секогаш кога има потреба за тоа...
Те сакам - го кажувам поретко, почесто таа емоција сакам да ја покажувам, ама знам и вербално да ја кажам само не сакам да претерувам со расфрлање со тој збор зашто е најдрагоцен од сите и не сакам со секое повторување да го губи значењето...
Ми недостигаш - го кажувам поретко и се разбира секогаш кога го мислам...а деновиве зачестив со неговото кажување :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

The Countess

Полноправен Член
15 февруари 2012
43
53
18
Elean Donan Castle
Благодарам т.е Фала, не се праам фина ама скоро неодделно е од мене. И пенкало да побарам некому, му викам фала, на секоја касиерка таму по продавниците колку и да е намуртена фаца и` викам фала, за секоја ситница имам - фала. После анкета по телефони им викам фала, хехе!
Знам да го искористам и во обратна конотација, на личности што ми грешат, Фала. Нека ти е на совест. Значи - секојдневно.
Извини, секогаш кога ќе поттурнам некого, подгазам или закаснам некаде... и слични незгодни ситуации, по улица, по ходници, по кафичи... А инаку, па многу незгодна совест имам, ако заебам некоја работа на личности што можам да ги сместам на прстите од едната рака не ми е тешко да признаам и да речам извини.
Те сакам и Ми недостигаш(Ми фалиш) - Овде сум ѓубре, ги вриштам во себе, ама многу ретко ретко ги кажувам на тој што мојата душа ги посветува. Немам доверба во луѓето, можеби заради тоа.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
од сите овие горе наведените најмногу го употребувам фала ама фала во иронија хаах се шалам... знам да го употребувам и така ама најчесто го употребувам во правата смисла на зборот...
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Па, што ако го каже? Сите напудрени, избоени, нашминкани, безмозочни, празни жениЧКИ ги кажуваат тие збови како што кажуваат „добар ден“.
Голема работа. Убавите зборови се само шминка, розова украсна хартија за онаа познатото ср*ње. Јас повеќе мразам кога некој „витка и мота“ мисли со убави зборови наместо да ми каже веднаш...
Губење време...
И што кога ќе се извиниш а после нема да ти е гале и ќе и ја повториш грешката?
Наместо да трошиш време за извинување, поправи ја грешката.
Тие зборови немаат никакво значење. Само зборови...Лаење, рикање, испуштање звуци... Поважно е некој да се грижи за тебе и навистина да те сака, отколку да „витка се во украсна хартија“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider