Лудории кои ни го обележале детството

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
читајќи ги погорните случки и мене ми текна на две. :giggle
како помал знам со уште неколку другарчиња мававме со мали круши по автомобилите. Еднаш дури и застана еден човек, па почна да ни вика, а ние што разбираме - мали бевме па почнавме да бегаме кој кај ќе стигне.
А како поголеми пак во основно (8 одд.) имавме еден збркан наставник што ич не знаеше да предава, и дудуци бевме, кој од кој поголем. И еднаш тест ни договара човекот. Ние сите: „Добро, ќе правиме.“ Доаѓа време за тест, ние преку врата да не нема, си отидовме кај игралиштето на гимназијалците и си поседнавме на клупите. По неколку минути наставникот не најде, доаѓа целиот збунет и ни вика: „Вратете се во училница, нема да правите тест. Ќе ви ставам што сакате оцена, само вратете се“. И ден денес се смеам на тие зборови. Прајслес. :rofl
 

Crazygirl

Нов член
2 август 2012
2
2
1
27
Јас кога бев помала со другари и другарки сме се договарале да искочиме надвор во 4 саат сабајле.Дека живеевме во куќи тука во слепа уличка.И скоро секоја вечер така искачавме и седевме додека не се раздени.Еднаш така ни текна да земеме топка и на сред улица да играме..Замислете у 5 сабајле да играте со топка :giggle Еднаш кога ни искочи еден комшија тука што беше и фати да ни вика што ви е на вас бе како можете во 5 саат сабајле да го правите ова па вие ментални сте ! И ние шпринт.Кој под кола кој у густа трева кој бега ко луд.Сме се изнасмеале.Ова беше едно од полудите работи што ги правевме :rofl
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ах,како ја најдов темава,устата ми се растегна малце,а околу срце една пеперутка ми пролета.Младост лудост.Сеуште имам лузна на левото колено кога како мала,заедно со другарките,трчавме по прскалката што ги мие улиците,ке се качевме позади на цистерната и се возевме.Колку само сакавме да играме Народна,Џамија,Жмурки,колку само смеење од душа,се додека стомак не те здоболи......АХ....
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Вадење на вратите во школо и нивно поставување на скали па така ни служеа како лизгалки, а не дека немаше на 2 чекора од нас. И некои игри како камај камај, сакате ли војска....И секако, за секое мое раскрварување на било кој дел од телото, обично беше виновен некој дедо, или постар батко кој намерно ме турнал додека јас мирно сум си седела(читај одење по ограда). И фамозното дерење под прозор...Анаааааааааааааааааааа ќе излезеш, мамооооооооо мамооооо може уште малце-НЕ, ама мамо сите остануваат. Ах тоа детство, толку многу за жал само сеќавања.
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Омилено ми беше ѕвонење на врата и бегање :giggle Секогаш го правевме тоа по зградите и луѓето чуди се шо е работава секој ден ни ѕвонат на врата и никој нема, ама смешно е шо бевме поќе деца и исто времено ќе ѕвоневме на 3-4 врати и ќе излезеа и чуди се хахах.
Има ресторан во улицата наша али сопственикот стар и секогаш си спие на некој од масичките, и ние играме криенка и ја и другар ми онака растрчани влеговме несакајќи натре и ги турнавме столиците, он спие и наеднаш како луд стана:giggle срцев удар доби чоекот и ни се раздери излегувајте мајмуни едни ахахах
Исто седиме у мала и немаме шо да прајме и ни текнува во една куќа има лимони хаха, и си крадеме лимони и излегува сопственикот на куќата и ние бегаме ама другарками си изеде една шлканица:D .
Ех камо да се вратат овие деној, ако раскажувам ќе нема крај
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Јас нема никогаш во мојот живот да го забораам мојот другар сега покоен и тој негов настап од нигде никаде но сепак храбар и подржан од моја страна но без штетни последици ...
Многу одамна во автобус мислам дека 24 застанавме кај Градска ,а шоферот се симна да купи карти тамо несто , ова будала како што беше поголема од мене нормално одеднаш стана и седна да вози , прва лупање памтам како захрчеа забчаниците на мењачот и пуна 2ра , бабите беа нај гласни :) :) :) дете ќе загинеме вака така ,а јас неможам воздух да земам од смеење хахахах , застана одма на семафорот и ги отвори сите врати , излеговме и метла одма , он мртов озбилен и само ми викаше виде ли а виде ли , не сум будала многу нели :) :) hahahahah мн ми недостига и секогаш ќе го споменувам ова ,а и него како дел од мојот живот !!!!!!!
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Одење по родендени и тепање со сите деца, нормално јас ги тепав хахаха
Со брат ми правевме куќички за мечињата редејќи столици една врз друга... еден ден целиот град го нападна некое чудовиште и скршивме две
Крадењето сливи од дворот на најлошиот сосед.
Еднаш со едни девојчиња ископавме дупка во дворот со цел една лоша школска да падне во неа, абеее ноу комент хахахаха :rofl:rofl
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Ауу супер беше детството што неправев по гледање пранкс стоевме од една до друга страна на улицата и демек јаже држиме и така подзастануваа колите и еден таксист застана и почна да не брка па доста огинчиња палевме па двапати човек излезе од дома да не брка и мава со камења хаха а друг оган па беше неконтролен и голем што викнаа полиција хаха граница игравме секоја вецер по 15 - 20 души сме кршеле прозори крадевме чоколадца коа ни се јадеше и мн работи да не спомињам хаха
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Уу крадењето на туѓи лешници јаболки , круши и слични растенија :giggle не дека наши немавме , туѓите ни беа послатки :rofl дремење на улица до 5 сабајле :rofl имавме една сендвичара што работеше 24 часа и секогаш со братучедките земавме по 8 тостови околу 12 часот навечер и 8 околу 4 сабајле :rofl секогаш ни се чудеа кај ни бере толку храна ( одевме само јас и помалата братучедка а земавме по 2 тостови за 4 девојчиња па така излегуваа 8 ) (happy) кршењето на зглобот и афтограмите од цело маало на гипсот :igra кога заедно со сестра ми ќе излезевме на улица со сендвичот на бабичка составен од половина леб и салата марула во него па неможевме да го дојадеме бидејќи сендвичите беа поголеми од нас самите . Масовното возење велосипеди како и паѓањето во канали .