Линкин Парк (Linkin Park)

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Projekt Revolution е музички фестивал чиј домаќин е групата Linkin Park. Фестивалот се одржува секоја година (од 2002 навака), а настапуваат музичари од различни жанрови - alternative rock, alternative metal, nu metal, metalcore, post-hadcore, hip hop...

Во 2008, додека Крис Корнел ја пееше Hunger Strike, Честер излезе на сцена и ја испеа со него.

 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
adam-lp.png

Adam Gontier од Three Days Grace само што го објави ова на неговата официјална фб страница. Оу јеа! :sreken
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Еден од моите омилени бендови. Супер се.
Еве некои песни:

Ќе ви кажам и како дознав дека постојат. Гледав AMV(Anime Music Video) за DBZ и имаше едно со In the End. Па така си побарав уште песни и ги слушав само нив цел октомври 2012 година.:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
:rolleyes:
Линкин парк биле супер? тие се величествени.
Прва песна од нив која ја слушнав беше Numb/Encore. Тоа беше некаде декември 2004. начисто ги обожавам. Посебно порано го имитирав дерењето на Честер :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Од LP признавам Hybrid Theory, Meteora па ајде и Minutes to midnight. После тоа тапа. Зреел бендот, барале саунд јадара-јадара мамбо-џамбо муабети и оправдувања за да задржат фанови. Квалитетот на првите демо албуми и овие трите што ги кажав наспроти LP после 2007ма не е ни за споредба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Jас ни Minutes to Midnight не би го споредила со првите два. Само 3-4 песни од тој албум потсеќаат на старите, другото е све некако по-софт, тогаш веќе можеше да се осети дека се обидуваат нешто ново да направат, експериментираа (да не речам глумеа лудило).

Се сеќавам уште пред да излезе албумот, на роднините од Австралија им кажав одма да го купат и да ми го пратат, колку со нетрпение го чекав! И на крај - разочарување. Ги вртев Given Up и Bleed It Out недела дена дури не ги научив напамет и ми здосадија, и цедето од тогаш натака не е чепнато.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Jас ни Minutes to Midnight не би го споредила со првите два. Само 3-4 песни од тој албум потсеќаат на старите, другото е све некако по-софт, тогаш веќе можеше да се осети дека се обидуваат нешто ново да направат, експериментираа (да не речам глумеа лудило).

Се сеќавам уште пред да излезе албумот, на роднините од Австралија им кажав одма да го купат и да ми го пратат, колку со нетрпение го чекав! И на крај - разочарување. Ги вртев Given Up и Bleed It Out недела дена дури не ги научив напамет и ми здосадија, и цедето од тогаш натака не е чепнато.

Minutes to midnight беше најавата за промената на бендот де. Уште тогаш се осети дека забегаа од стилот, ама ајде има пак по нешто од стариот стил и таму и затоа го набројав. После тоа ЛП се комплетно нов бенд кој нема допирна точка со стариот.