Линкин Парк (Linkin Park) | Црнобело Форум

Линкин Парк (Linkin Park)

Blue

Нов член
14 февруари 2012
19
22
3
Linkin Park е рок група од Агура Хилс, Калифорнија. Од формирањето во 1996 година до денес имат продадено повеќе од 50 милиони албуми имаат освоено две греми награди. Со нивниот прв студиски албум, Hybrid Theory, постигнале светска слава. Вториот студиски албум, Meteora, продолжува нивниот успех. Познати се и по неколку соработки, најмногу со раперот Џеј-Зи и нивниот заеднички албум Collision Course, и соработка со многу уметници на Reanimation. Албумот бил меѓу најпродаваните со скоро 625.000 копии. Имајќи ги адаптирано ну метал и рап рок жанровите до радио-пријателски, но сепак густо-слоевит стил, бендот истражи други жанрови во нивниот следен студиски албум, Minutes To Midnight. Иако на почетокот беше критикуван поради отстапката од дотогашниот стил, сепак го достигна нивото што го заслужува и претставува еден вид на еволуција на бендот.

Што мислите вие за бендов? Дали ги слушате, кои се вашите омилени песни од овој бенд?
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,388
1,133
Yellow submarine
Линкин Парк!
Мојот тинејџерски стадиум на музичко просветлување.
Ги обожавам!
Метеора за мене е парче што никогаш нема да избледи и да го запраши квалитетот на мешавината од феноменален вокал и музика која допира до срж!

Иако со последниот албум, малку само малку ги повлекоа моите палци надолу сепак остануваат за мене како еден од малкуте бендови кои вдахнува душа во својата музика.

И нешто што слушнав, што е актуелно од нив по јутубево...ќе го споделам со вас. Мене ме бендиса...

 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Ау!
Се е кажано во претходните постови, ги слушам ептен и си ги сметам во мојата топ пет листа. :)
Коментарче за Roling in the deep, -PRICELESS
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and True_Blood