Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
@existence
Данска?
Ами Јапан?
Друго, збориш за лабавоста која беше својствена од 70те па навака.. Предтоа го забораваме времето на репарациите и повоените градења. Не можеш да кажеш дека целосно се одврзал врзопот на комфорот веднаш по војната затоа што за да се има тоа што го имаме денес требало да се изгради. А тоа што го гледаш денес не изгледа дека е изградено туку така од седење и пиење и играње карти.
Остај ги бенефициите од ЈСП и сличните ствари. Од '80-та па навака баш тие генерации живеат во мрак, едни живеат во заблуда дека ќе им се врати Југославија и живеат со желба дека од небо ќе им паднат истите оние привилегии кои ги имале со Југословенски пасош, други пак дека ќе живеат ко прави капиталисти.
Истата таа генерација која сега јаде пензија беше доволно слепа за да увиде кон што води тогашната ако може да се нарече транзиција, половината живеејќи со сонот дека ќе им се врати Југославија (пошто тогаш им било убаво), а половината пак освртени од капиталистичката пропаганда дека сега ќе имаат нешто свое (кое ни денес со она што е 1евро-квадрат не е дефинитивно усвоен поседот) и ќе може да си направат свој бизнис. И двете половини заслепени дозволија и сеуште дозволуваат да се случи она што се случи и што се случува.
Од истата таа генерација ќе слушнеш муабети за тоа колку лабаво си работеле по фабриките и колку им било убаво по цел ден дур се на работа да играат карти и да пијат пиво, колку не им било гајле за сопственото образование (и уште не им е гајле на повеќето) и сл. муабети. Доволно ми е за да ги обвинувам за моменталната ситуација.
Друга работа е она со „културното однесување“, демек на постар мораш да отстапиш место. Пред некоја година читав, во Данска баба тужела младич затоа што ѝ отстапил место во автобус и со тоа ја посрамотил пред сите дека е неспособна. За разлика од таму, кај нас на 45 години сметаат дека ти мораш да им отстапиш место или да ги пуштиш преку ред во маркет, банка, пошта и сл. инаку си „некултурен дечко без никакво домашно васпитање“. Ајде бе, да не треба и кесите после да им ги носиш до дома и пред врата да им ги одврзиш обувките пошто они се стари и не можат да се наведнат? Па дури и ако се враќаш од пазар и видиш од комшиите некој постар да се враќа, некултурно било да не му помогнеш. Бреј мајката. Што друго е некултурно?
Она што најмногу ме нервира кај повеќето од таа генерација е што си умислиле дека истата таа генерација има постигнато многу, а младиве се неспособна раја и немаат направено никаков напредок (дури не се ни способни за напредок) и дури со потценување гледаат на младината па дури и до тој степен што тие не ги признавале денешните факултети (настрана фактот што пола и повеќе барем еднаш повторувале до средно).
Се додека има поткупливи значи нема упорни и солидарни.не треба откажување и седење со лаптопот,тоа не е средство за добивање права(нажалост служи за оговарање и критикување)
Офтопик идеме но морам да го доискажам мојот став околу ова...
Точно, додека седиме вака не може да се смени богзнае што. Но поткупот и разединетоста одат заедно во општество кое е слабозаспознаено за своите права, уште повеќе кога неговата егзистенција е ставена на милост и немилост на властодршците.
@existence
Данска?
Ами Јапан?
Друго, збориш за лабавоста која беше својствена од 70те па навака.. Предтоа го забораваме времето на репарациите и повоените градења. Не можеш да кажеш дека целосно се одврзал врзопот на комфорот веднаш по војната затоа што за да се има тоа што го имаме денес требало да се изгради. А тоа што го гледаш денес не изгледа дека е изградено туку така од седење и пиење и играње карти.
Ах да, заборавив. Омладинскe Раднe акције, тоа беше она кога младина се збирала и им правеле филм дека помагаат во изградбата на маестрални објекти од бетон, саделе плодна почва и сл. додека во меѓувреме на омладината во ум им било плоџење. Прости, го заборавив тоа.
Ах да, заборавив. Омладинскe Раднe акције, тоа беше она кога младина се збирала и им правеле филм дека помагаат во изградбата на маестрални објекти од бетон, саделе плодна почва и сл. додека во меѓувреме на омладината во ум им било плоџење. Прости, го заборавив тоа.
Мхм... да. Барем има нешто што денешниве не можат ни да го окречат.
Човек, ако бараш утопистички сфаќања може да заборавиш на тоа. Никогаш нема да постои совршено општество, но да почнеш да ругаш цел систем кој еволуирал со годините, мислам дека малку неуко е. Забораваш дека едно се случувало во 50тите а сосема друго во 70тите. Но кои сме ние да збориме кога не сме ни родени во тоа време.
Мхм. Тоа што проживеале 10тина „тешки“ години не го оправдува фактот дека направиле голема утка во она што ти го нарекуваш еволуција на системот. Тоа не е нешто должно почит.
Мхм. Тоа што проживеале 10тина „тешки“ години не го оправдува фактот дека направиле голема утка во она што ти го нарекуваш еволуција на системот. Тоа не е нешто должно почит.
Затоа ти кажувам дека околностите ги направиле така тие да постапуваат. Ние ги обвинуваме затоа што ние сме научени лепчето да ни доаѓа на маса а малку да се свртиме назад не можеме да процениме.
Тој што имал лош почеток, посекако ќе се потруди да не се повтори истиот. Под тоа се подразбира сопствениот живот.
Повеќето од нас се сепак родени во далеку подобри услови отколку во оние кои денешните пензионери биле. Но лесно се заборава тешкиот живот особено кога не си роден во него. Затоа и историјата ќе се повторува.
Едно време ова многу ми пречеше. Сега...па, се обидувам да не го приметувам.
Повеќето стари луѓе би се налутиле кога само не би се согласиле со нивното мислење (бидејќи тие си искусни и знаат бла бла). Би ве осудиле за голем злочин, „непочитување на стари лица“ и „неприфаќање на вистината“.
Причината за тоа е она што како што стареат, луѓето стануваат себични. Сметаат дека тие треба да бидеат почитувани како најстари, нивното мислење треба секогаш да биде прифатено од сите. Не знам, можеби сметаат дека треба оние кои ја имале „честа“ да се родат после нив треба да бидат нивно слепи следбеници. Да ги наречеме, сателит-подлизурковци.
Солзи и смеа - Лено сурат.
Ако некој нешто направив, зошто го направил? Можеби имал причина.
Не можеш да очекуваш некој да ти биде верно куче а ти да го прогласуваш за лудо-младо(што јас го преведувам како глупак), да зборуваш како сите малди се лоши, да наметнуваш свое мислење како „закон“.
На крај, постарите се неинформирани а и често ја губат способноста да учат новии работи(причина што се неинформирани). Или пак, да речеме дека некои работи не ги разбираат.
Пример:
А: синко, тргни се од компјутерот, не е здраво!
Б: Ама, имам истражување за училиште!
А: Тргни се!
Но затоа што „тие се стари и искусни“ нивното мислење мора да биде прифатено како точно.
А не постои нешто ѓто е целосно точно. Се е релативно.
Нема „јас кога ќе речам, закон ќе биде тоа“.
Добро, треба да се почитуваат сите без разлика на годините.
Јас ги почитувам сите кои се вредни за почит, а не сите кои се постари од мене. Има луѓе кои се постари од мене, а не се вредни за почит. Има пак и помлади кои се вредни, нели?
Но, старите луѓе тоа не го прифаќаат, тие сакаат само тие самите да бидат почитувани, додека тие не мора да ги почитуваат другите и да го имаат правото да плукаат по младината кога им е досадно.
Да речеме дека онаа што е вредно за почит кај постарите луѓе е искуството, кое во секоја погодна ситуација не пропуштаат да ни го „пикаат во нос“.
Старите не би требало да имаат привилегии бидеќи тоа е дискриминација и на старите и на „младите“.
Ако некој се родил пред/после тебе не значи дека ќе е подобар/полош од тебе. Луѓе кои се вредни за почит се раѓале, се раѓаат и ќе се раѓаат во секое време.