Кратење на желудник

Molecule X

Староседелец
12 јули 2015
12
5
1,003
33
Здраво
Дали некој има правено операција за кратење на желудник (bariatric sleeve)?
Јас правев пред две недели па би сакала да споделам искуство и да добијам некој совет.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Хелоу, се надевам супер си после операцијата. :wavespin
За жал, не познавам некој што правел, но сигурна сум дека ќе ти го промени животот од корен и ќе се чувствуваш преубаво. Еден период ептен гледав TLC и една британска емисија на YouTube (не ми текнува наслов) каде пациентите процветуваа до непрепознатливост после овој зафат.
Сподели ја својата приказна и прогрес, можеби некој ќе собере храброст и тој/таа да го преземе тој чекор.
Ти посакувам успешно понатамошно закрепнување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А што е ова, нешто за намалување на внес на храна или?!
 
Molecule X

Староседелец
12 јули 2015
12
5
1,003
33
Хелоу, се надевам супер си после операцијата. :wavespin
За жал, не познавам некој што правел, но сигурна сум дека ќе ти го промени животот од корен и ќе се чувствуваш преубаво. Еден период ептен гледав TLC и една британска емисија на YouTube (не ми текнува наслов) каде пациентите процветуваа до непрепознатливост после овој зафат.
Сподели ја својата приказна и прогрес, можеби некој ќе собере храброст и тој/таа да го преземе тој чекор.
Ти посакувам успешно понатамошно закрепнување.
Ти благодарам :)
Веќе има резултати за среќа
Цел живот мака мачам со дебелина ама секогаш внимавав, и се мачев со диети ПОСТОЈАНО и не дозволував да качам над 70 кила. Откако почина мајка ми на нервна база почнав неконтролирано да се дебелеам. Стигнав до 101 кило за 3 години а ниска сум 1.58. Закачив висок притисок, маснотии, задебелување на црн дроб и проблеми со кичма и нормално депресија. Се одлучив за радикално слабеење со операција. Сега сум 2 недели и некој ден постоперативно и имам ослабнато 10 кила. Операцијата помина супер само јас со среќата моја имам малце повеќе проблеми постопераривно во смисла на болки и високи Д Димери. Ама ќе помине

А што е ова, нешто за намалување на внес на храна или?!
Па да, така му доаѓа. Се отстранува голема порција од желудникот околу 80%. Соодветно помал внес на храна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@Molecule X, жалам за ситуациите низ кои си минала и искрено се надевам и стискам палци со оваа промена да ги постигнеш сите работи кои си ги посакувала и зацртала. :)
10кг се не одличен, туку феноменален прогрес! Браво!
Болките сега полека ќе почнат да намалуваат. Памтам по емисиите, првичното закрепнување им траеше 2-3 недели, но тука збориме за лица со над 350 кг најмалку, така да најстрашното минало.
Може не можеме многу да помогнеме околу искуството, но ако треба морална поддршка или едноставно сакаш да споделиш, тука сме. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Molecule X

Најстрашното помина, за среќа
Почнав да се враќам во нормала полека полека. И да и јас мислам дека 10 кг се одличен старт.
Многунти фала за поддршката, ептен ми значи
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Molecule X

Староседелец
12 јули 2015
12
5
1,003
33
Како си сега, @Molecule X?
Поминаа ли болките?
Здраво
Страшното помина, уште осеќам од време на време ама не е како во почетокот. Во меѓувреме направив комплетна биохемиска крвна слика и комплетна компјутерска томографија со контраст, се беше супер. Докторот рече дека најверојатно е нерв или нервен завршеток што праќа синапси до мозокот дека боли. Многу ти фала на внимание @Electra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Здраво
Страшното помина, уште осеќам од време на време ама не е како во почетокот. Во меѓувреме направив комплетна биохемиска крвна слика и комплетна компјутерска томографија со контраст, се беше супер. Докторот рече дека најверојатно е нерв или нервен завршеток што праќа синапси до мозокот дека боли. Многу ти фала на внимание @Electra
Супер. Баш ми е мило што одлично се оправаш.
Апдејтирај не со резултати за некоја недела/месец. (muscle)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Molecule X