ПРАГА
Шармот на Прага не е само во многубројните места кои можат да се посетат, туку во уникатниот карактер и амбиент. Ситуиран е на неколку рида на двете страни на реката Влтава. Природната локација, заедно со векови и векови непрекината историја на градење во различни стилови на архитектура, го прави градот толку прекрасен. Покрај долгата традиција на разноврсна архитектура, неговата историја е богата со уметност, музика и литература. Со векови, Прага бил значајна раскрсница и место за состанување на многу научници, ученици и артисти, од сите делови на светот. Универзитетот на Прага е најстариот во централна Европа, и листата на познати личности кои се поврзани со Прага би била доволно долга за да се потполни мала книга. Гледајќи на мапата, може да се забележи дека Прага е всушност центарот, срцето на Европа. Со векови, било место каде што различни нации се мешале, каде што разни култури се сретнувале и си влијаеле меѓусебно. Како модерен град, има се што му е потребно, разни културни и спортски настани, клубови за младите, улици за шопинг, или нови административни центри. Минатото се состанува со сегашноста, креирајќи уникатен случај на ко-егзистенција.
За среќа, за разлика од останатите градови во Европа, Прага не бил ниту уништуван во двете светски војни, ниту пак бил субјект на неразумни реконструкции. Со тек на времето, растел и се менувал постепено и систематски; но сепак секоја епоха остави зад себе видливи траги на неговите улици. Историскиот центар на Прага личи на галерија, богат во многу стилови на архитектура, од готичка уметност и арт нуево до модернизам. Одејќи по улиците на Прага е како да се чекори низ вековите или разлистувајќи низ книга за европската архитектура.
The Romanesque Rotunda of St.Martin 11 centery и The St.Vitus' Cathedral
Astronomical clock и The dancing house
Walter towers
"Моите луѓе во Прага ме разбираат," рекол Амадеус Моцарт еднаш. Во Прага, неговото дело било толку популарно што луѓето често ги потсвиркувале неговите арии низ улиците. Една од неговите најпознати опери, Дон Џиовани, ја одржал премиерата во Estate театарот во Прага, и оттогаш па се до денес е дел од програмата. Од чешките изведувачи, еден од најпознатите е Антонин Дворак, авторот на светски познатата симфонија Новиот свет.
The Villa Bertramka
Collegium Marianum
The Antonin Dvorak Museum
Два чешки уметници постигнале светска слава - Алфонс Муча и Франтишек Кафка.
Kampa Museum
Frantisek Kupka: The Cathedral (1913)
The Trade Fair Palace - National Gallery's collection of modern art
National Museum
Шопинг центри
The Golden Angel
The Palladium
Чешката кујна е помалку невообичаена, доста тешка,но разноврсна и вкусна. Типично национално јадење е печено свинско месо со кисела зелка и кнедли, кое на чешки се вика "кнедлик". Кнедлите се послужени со некаков сос, а најчесто со "свичкова". Чесите обожаваат пиво; уживаат да седат во чешки паб и да пијат Pilsen Urguell или Budweiser. Најомилениот чешки аператив е "Бечеровка", алкохол од тревки, кој се произведува во Карлсбад, во Северниот Бохемиан град. Исто така, кафичите имаат долга традиција во Прага, некои датираат уште од пред Првата светска војна. Еден од најпознатите е Кафе Славиа.
Svickova
Cafe Slavia
Pilsen Urquell
Бечеровка
Транспорт
The Strizkov underground station
Хух, саат ипол правење моево мислење.