Целосно се согласувам со Шака, жално, но вистинито е дека форумскиот етер во Македонија стагнира и не е како во најдобрите времиња. Ја имав таа чест да бидам дел од Бадијала пред да се распадне , поточно тоа беше некаде кон крајот на 2009 година.(леле колку време поминало кога ке ми текне). Фатив малку од златниот период на форумот кој штотуку згаснуваше (и мака ми е што не сум бил дел од него уште порано). Кајгана и во тоа време си беше кајгана, најмасовен форум во мкд, па ете ако морам да бирам во моментот и најдобар. Можеби има тролови, но има и квалитетни форумџии и поголема е веројатноста дека таму најпрво ке најдеш нешто што ти треба. Но да се вратам јас со мојата носталгија за бадијала, кој покрај тоа што имаше веќе една квалитетна бројка на членови, тоа беше и форум со душа, со хемија да не речам. Колку само добри дискусии се развивале таму , абе од мерак да ги споделуваш и читаш мислењата. Значи темите се тие во главно, но дискусијата во нив зависи само од членовите нормално. Значи од таму се излезени едни од најквалитетните,најактивните и најдобро форумски образувани членови од една страна, а од друга мала група кајганџии. По распадот сите се распрснаа кој на каде.. некои си најдоа своја околина (мислам за е-магаре). Таму дечките се ок ако нормално и ти се однесуваш ок со нив. За краткиот период додека бев член таму (и уште сум само неактивен за жал),забележав дека има доста отворена дискусија секако за специјализирани теми и секој го споделува своето знаење, вистина е дека има груби испади на некои самопрокламирани гении ама каде ги нема ? Ако неможеш да се справиш со нив тогаш ти не си за таму. Значи добар форум е форум каде летаат и мали искри, спротиставени ставови ама издржани со аргументи што ја прават дискусијата доста интересна и на повисоко ниво, дискусија која изобилува со висок речник. За црно-бело немам ништо поседно да кажам, се зачленив тука поради неколку причини, т.е поради одредени членови со кои сум дискутирал за х теми и со надеж дека ќе се вклопам во една нова форумска средина која допрва треба да се развива. Значи пред се реално ова е млад форум, имаше некој брз пораст на членови чија бројка сега стагнира. Платформата му е иста како и со поголемиот дел на други форуми,дискусијата на темите е просечна, сума сумарум просечен форум без нешто што ке ме натера да речам ВАУ. Друго нешто што мислам дека ја уназадува форумската дискусија е големиот број на оф-топик теми и мислења, значи најголем дел од времето форумџиите го трошат таму, па дај бре сите имаат фејбук веќе, место каде го известуваат светот за секое одење во вц, немора и овде да ги читаме истите работи. Да сум јас лично админ би оставил само една до две теми од таков карактер и тоа со дневно ограничен број на мислења таму. (но тогаш тоа најверојатно би бил некој друг форум, нешто помеѓу генерален и специјализиран).
Ова е во кратки црти мојата анализа за форумите во Македонија кои ке повторам не се нешто посебно сјајни, мислењето ми можеби помалку искривено поради самиот факт што и самиот се одалечив од форумската сцена и многу ми е мака за тоа, но сепак во овие неколку години морам да дадам приоритет на некои други работи. Тоа не значи дека еден ден засекогаш ќе се мавнам од форуми, ми се чини е невозможно да се стори тоа што еднаш си бил член на одреден форум.