Кој е најдобриот форум во Македонија?

Марјан

Нов член
4 јуни 2013
3
0
1
34
Темава кај Кајгана не помина многу добро, оти убедливо 90% од кајганашите се изјаснија дека кајгана е најдобриот и нема поента за понатамошна дискусија. Но чекајте, во Македонија има доста други алтернативни форуми кои имаат брилијантна посетеност, форумот на Црнобело на пример, или на фемина, или е-магаре, па и тинк форумот.

Добро, кои македонски форуми знаете вие и какво искусво сте имале кај некои од нив, и патем , кој е најдобриот според вас? :)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ако очекуваш реална слика да добиеш со овие анкети поставени од форум на форум, побрзо ќе го решиш проблемот со името на Македонија.
Секој ќе си го брани својот форум, првично поради фактот дека денес секој еден човек може да биде автор на истиот. Може да се ставаат анализи според бројки на членови, активност, теми, како и пропорција помеѓу квалитет и квантитет. Има некои форуми кои се замрени, но дискусијата е на високо ниво, членовите имаат малку повеќе скрупули кон изнесување на својот став. Имаш и кашапопара форуми кои ги тепаат сите други во квантитет. Но никогаш нема да добиеш реална слика за тоа што е најдобар форум.
 
Од форум на форум мислам дека е најдобра практика за да се испита мислењето на членовите, јасно е дека секој ќе си рече овој форум е најдобар, кај што коментира нели, ама можеби ќе објасни и зошто, па и негови искуства со други форуми и така ќе се дојде до една анлиза на крајот од тоа кој форум какви карактеристики има и кој во што е подобар од другиот :)
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Think- форумот е релативно нов ( 1 година старост). Што значи сеуште нема доволно членови, а морам да го пофалам дека е доста добро суреден, пицикат е!
Вкупниот број на рег. членови е околу 318, но според мене активни се околу 20тина онака чат-пат...

Кајгана убедливо е прва, во активноста на форумот па и по бројот на членови. Квантитет има, но квалитет......

ЦрноБело... шо знам интересно форум4е, кое што ми го задржа вниманието одвреме-навреме да коментирам на некои теми кои што се интересни....

Секој форум си има свои предности и недостатоци, никој не е совршен за моите потреби :) , така да.... сеуште не сум одлучил кој е најдобар форум.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Со оглед на тоа дека ова ми е втор форум на кој сум била зачленета, ( претходниот беше Фемина ) најверојатно не сум компетентна да давам заклучоци.

Само некако ме води некое чувство, дека и најубаво средениот форум, порано или подоцна ти станува досаден.
Што од темите кои не потикнуваат дискусија, што од вистински квалитетни теми на кои сфаќаш дека активни се едвај тројца, што од персоните што мислат дека плата ќе им дадат ако се распафтуваат со паунски пердуви и глумат авторитети, што од досадните, безличните, исфрустрираните, патачите од синдромот на недоволна пажња....резултатот некако се сведува на едно исто на крај, губење на интерес.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Без разлика на местото, најубаво е онаму каде што ти се осеќаш најпријатно..
Така и за форумите.
Мене на пример на овој форум ми е најпријатно, опуштено.
За разлика од Кајгана каде што секогаш ќе се најде некој "паметњакович" и ќе те извреѓа за сите пари, ако твоето мислење не се согласува со неговото, тука иако се ретки, ама дебатите се интересни, се почитува туѓото мислење и се почитуваат членовите едни со други.
Што ако има тродупло повеќе членови од тука и каде каде поголема активност, кога има некоја негативна енергија, се е наклонето кон вреѓање и омаложување..
Сега за сега тука ми е најдобро и овој форум ми е најдобар.
А форумот јас лично не го оценувам по дизајн, ни по активност или бр на членови. Форумот најдобар го прават самите членови, а сега засега најпријатни членови има овој форум.
 
The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Зависи кој за што. Уствари се повеќе мислам дека генерални форуми и не се баш така добра работа....
Ако преферираш мал форум на кој ќе се навикнеш еден на друг, црно бело е за тебе. Ако сакаш голем форум кај што можеш да направиш муабети за се и сешто, Кајгана е за тебе зошто ќе се најдат луѓе со слични интереси како твоите (чисто од самата големина на форумот).

Јас почнав со мојоата форумска кариера на Зазабава форумот. Тоа беше релативно мал форум ама морам да признаам дека се поминуваше незаборавно. Имаше смеа, имаше сериозни муабети и интелегентни луѓе. И тоа е во суштина она што е потребно за добар форум, интелегенти луѓе што знаат како треба да се однесуваат на форум, што имаат позитивна енергија и смисла за хумор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Марјан

Нов член
4 јуни 2013
3
0
1
34
Зависи кој за што. Уствари се повеќе мислам дека генерални форуми и не се баш така добра работа....
Ако преферираш мал форум на кој ќе се навикнеш еден на друг, црно бело е за тебе. Ако сакаш голем форум кај што можеш да направиш муабети за се и сешто, Кајгана е за тебе зошто ќе се најдат луѓе со слични интереси како твоите (чисто од самата големина на форумот).

Црнобело нели е генерален форум? Никој од овие што ги спомнавме не е специјализиран, а мислам и дена нема у Македонија специјализирани за нешто интересно, имаме форум it.mk што е за технологија целосно и некои патриотски форуми од типот на Миленко Неделковски. Сите други се генерални, општи форуми.

Без разлика на местото, најубаво е онаму каде што ти се осеќаш најпријатно..
Така и за форумите.

Дефинитивно си во право, членовите го прават форумот пријатен. Мада и дизајнот е битен малце. Мене ми смета премногу светлата боја на црнобело и тоа што е широк низ цел монитор..