Досега го немав одговорено прашањево затоа што мислев дека немам некои идоли.
Сфаќам дека имам.
Тоа се силните жени од секојдневниот живот кои ги познавам.
Катарина е една од нив.
Три пати се бореше со рак на различни места во телото и успеа да го победи,а притоа да остане силна за своите две деца и активна во секое поле.
Не сум и го кажала тоа до сега,можеби некогаш.
Мајка ми е идол за мене.
После сите претрпени проблеми во животот успева и понатака ведро и силно да чекори низ животот,справувајќи се со секој проблем кој и предстои.
Анџела е идол за мене.
Една од најспособните и најсилните жени кои ги познавам.
Покрај сите тешкотии во бракот кој го имаше со еден зависник од кокаин и алкохол успеа да го тргне од тие води и да остане со него.
Активна и прекрасна.
Мало( која веќе не е на форумов).
Симбол на силна жена/девојка која знае што сака од животот.
Сите тие жени..
Се изгубиле и се нашле повторно претварајќи го сето она негативно во позитивно.
Се бореле како херои за она што им е најмило и излегуваат како победници од сета таа битка на животот.