Во Њу Јорк од неодамна е отворен дуќан во
кој жените можат да изберат и да си купат
сопруг.
На влезот се изложени следните упатства:
1. Можете да го посетите дуќанов САМО
ЕДНАШ; 2. Овој дуќан има 6 ката. Kако што се качувате
погоре карактеристиките на мажите се
подобруваат;
3. Можете да го изберете кој било маж на
катот на кој се наоѓате или да отидете на
горниот; 4. Не може да се враќате на долните катови.
Една жена одлучила да го посети дуќанот и да
си најде партнер.
На вратата од првиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа
Жената се одлучила да оди на горниот кат. На вратата од вториот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа и сакаат деца
Жената се одлучила да се качи еден кат
погоре.
На вратата од третот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца и се неверојатно згодни
Wow, помислила жената, но чувствува дека
мора да се качи погоре.
На вратата на четвртиот кат пишувало:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца,
неверојатно се згодни и помагаат низ дома -Неверојатно – си мисли жената – тешко
можам да одолеам да не влезам… Но сепак,
нешто ја тера да оди погоре, на следниот кат.
На вратата на петтиот кат пишува:
Овие мажи имаат работа, сакаат деца,
неверојатно се згодни, помагаат низ дома и многу се романтични.
Жената се решила да влезе, ама во последен
миг нешто ја спречува и на крајот се одлучува
сепак да се качи на шестиот кат.
На вратата од шестиот кат пишувало:
Вие сте посетителка број 51 352 177 На овој кат нема мажи. Овој кат постои за да
се покаже колку е невозможно да се
задоволи една жена. Ви благодариме што го
посетивте нашиот дуќан.
Од спротива на овој, постои друг дуќан, со 6
ката, во кој мажите можат да најдат и да си купат сопруга.
На првиот кат се жените што сакаат секс.
На вториот кат се жените што сакаат секс и не
гњават премногу.
Катовите од третиот до шестиот НИКОГАШ НЕ
БИЛЕ ПОСЕТЕНИ.