Колумна: Студирањето- какво што го познавам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,027
9,656
1,683
Normandy
Се посравте со еден факултет.Луѓе молчат, завршуваат 2 факултета си наоѓаат екстра платена работа од +1000 еу, или бегаат во странство за многу повеќе пари.А на вас се нешто не ви чини, па тупкате во место.
Сакате некој друг да оди на факс наместо вас, сакате се да ви оди подмачкано.Епа нема, ако сакате така тогаш позајмете кредит од владата и чувајте овци.
Не сонувајте, разбудете се.
Делумно би се сложил со ова, но има еден факт а тоа е дека факултетот ти ја уништува желбата за она што си се определил да ти биде идна професија. По завршување на истиот (ако може и за рекордно време) нема човек што не се фатил за глава и не се запрашал - а сега што?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and WomanInRed

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Најпрво прочитајте го насловот.. Ако не го сфативте, ќе ви објаснам.. Се работи за студирањето од МОЈА гледна точка, моите лични искуства.. Секој факултет си е различен. Немав намера да зборам за позитивните работи, тие се различни, на кој како ќе му се погоди и секој различно си ги доживува. Сакав да ги напоменам проблемите со кој јас и моите колеги од мојата генерација се соочивме при започнување на нашето студирање. За студентските домови не кажав ништо лошо, незнам зашто за нив се фативте.. муабетот дека за некои студенти се пекол? Тоа се однесуваше на оние што бараат мир, за учење на пример, бидејки тоа го нема..
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Де бе,колку цветат рози во странство?И таму не е мед и млеку.Been there won nothing.
Што ако имаат по два факултета?Кој ке ти гарантира работа веднаш штом го завршиш факсот?Никој нели?
За професорите што да кажам на мојот факс?Си нема гајле дамата,во Америка планира да оди за некоја недела а нас ке не остави на немилост на асистентот.Друго,многу сум незадоволна од предавањето ама пусти родители не ме пуштија да студирам кај што јас сакам е сега ке си трпам.
И така.

Па да речеме дека во германија како биоинформатичар можеш да земаш+5000 евра, што е повеќе од доволно за живот таму, вклучувајќи дека имаш флексибилно работно време.
Никој не ти гарантира, ама ако да речеме имаш просек 9,00 или повеќе тогаш сигурен сум дека некоја фирма ќе те земе како практикант со можност да работиш во истата фирма.
И се може на професорката бе, имај и ти јак просек, аплицирај за асистент, па понатака за професор и ти ќе патуваш.

Тоа што ти немаш свое јас и си одбрала факултет кој твоите родители ти го одбрале не ти дава за дозвола да го клеветиш образовниот систем.
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143

Eпа чекај сега...како може додека дамата има предвидени колоквиуми да патува,да чекаат останатите студенти оценки од нејзе во предвиден рок а таа да си шета,а на крај студентите не си ја сфакаат озбилно работата?Како е можно?Да те тегле за нос 4 недели чекајки да полагаш а таа де ги заборавила тестовите де не ги направила де ке ни пушта филм...И се може?како така и се може?Таа зема плата да не научи а не за да си шетка по Америка...Абе ајде.
Во Германија точно дека ке земаш толкава плата ама ке ти бидат потребни пари за студии нели?Брат ми сакаше да оди пост дипломски во Италија ама неговиот смер знаеш колку кошташе?20 илјади евра.Иди најди ги ...

Јас го одбрав тој факултет ама сакав во друг град да студирам а не ме пуштија.Јбг на сите начини пробав да ме пуштат ама безуспешно.Додека друг плака ке трпиш и ке слушаш.
Што ке аплицирам јас... кога денес и труло и сакато се запиша на факултет па со малку срека ке заврши и ке ти го земе работното место за кое си чекал.Брат ми со 10 просек заврши еве се уште чека работа...Братучед мој 10 години одкога дипломирал чека работа,отиде и во странство да си ја проба среката не успеа.
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Најпрво прочитајте го насловот.. Ако не го сфативте, ќе ви објаснам.. Се работи за студирањето од МОЈА гледна точка, моите лични искуства.. Секој факултет си е различен. Немав намера да зборам за позитивните работи, тие се различни, на кој како ќе му се погоди и секој различно си ги доживува. Сакав да ги напоменам проблемите со кој јас и моите колеги од мојата генерација се соочивме при започнување на нашето студирање. За студентските домови не кажав ништо лошо, незнам зашто за нив се фативте.. муабетот дека за некои студенти се пекол? Тоа се однесуваше на оние што бараат мир, за учење на пример, бидејки тоа го нема..
ок твое размислување и твои искуства наспроти нашите размислувања и искуства.. Легитимна дискусија според мене..
1. не кажа ништо лошо или добро зашто претпоставувам дека никогаш и не си живеел во таков. Е па јас живема во еден од нив веке 2 недели и мислам дека сум по компетентен од тебе да зборувам за тоа. Студентските се пекол од една страна зашто условите се стварно мизерни. делиш едно вц во бараката, еден туш и слично. од друга страна имаш големо дружење кое останува за цел живот.. А за мир за учење, па имаш читална ,ако сакаш мир ке одиш таму и ке си учиш, ако сакаш гала ке си седиш во соба и ке учиш..
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Се посравте со еден факултет.Луѓе молчат, завршуваат 2 факултета си наоѓаат екстра платена работа од +1000 еу, или бегаат во странство за многу повеќе пари.А на вас се нешто не ви чини, па тупкате во место.
Сакате некој друг да оди на факс наместо вас, сакате се да ви оди подмачкано.Епа нема, ако сакате така тогаш позајмете кредит од владата и чувајте овци.
Не сонувајте, разбудете се.
не се работи за тоа дали имаш еден или два или пак 3 факултети. се работи за тоа што ке правиш после тоа. има луѓе шо немаат факултетска диплома ама пак напрајле пари, Џобс гејтс и други ..Има луѓе и со 2 факултети што не можат да најдат работа ама има некои и со 1 факултет што земаат 1000+ е плус плата. Битното е шо после факултет, кои ти се можностите за работа и што знаеш ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
не се работи за тоа дали имаш еден или два или пак 3 факултети. се работи за тоа што ке правиш после тоа. има луѓе шо немаат факултетска диплома ама пак напрајле пари, Џобс гејтс и други ..Има луѓе и со 2 факултети што не можат да најдат работа ама има некои и со 1 факултет што земаат 1000+ е плус плата. Битното е шо после факултет, кои ти се можностите за работа и што знаеш ..

Па ти мене ме читаш или не?
Имај просек над 9 па ќе видиш како ќе те бараат компании за да работиш кај нив.

А ти ако сакаш со 6-ки да работиш во Seavus тогаш имаш проблем сам со себе.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Eпа чекај сега...како може додека дамата има предвидени колоквиуми да патува,да чекаат останатите студенти оценки од нејзе во предвиден рок а таа да си шета,а на крај студентите не си ја сфакаат озбилно работата?Како е можно?Да те тегле за нос 4 недели чекајки да полагаш а таа де ги заборавила тестовите де не ги направила де ке ни пушта филм...И се може?како така и се може?Таа зема плата да не научи а не за да си шетка по Америка...Абе ајде.
Во Германија точно дека ке земаш толкава плата ама ке ти бидат потребни пари за студии нели?Брат ми сакаше да оди пост дипломски во Италија ама неговиот смер знаеш колку кошташе?20 илјади евра.Иди најди ги ...

Јас го одбрав тој факултет ама сакав во друг град да студирам а не ме пуштија.Јбг на сите начини пробав да ме пуштат ама безуспешно.Додека друг плака ке трпиш и ке слушаш.
Што ке аплицирам јас... кога денес и труло и сакато се запиша на факултет па со малку срека ке заврши и ке ти го земе работното место за кое си чекал.Брат ми со 10 просек заврши еве се уште чека работа...Братучед мој 10 години одкога дипломирал чека работа,отиде и во странство да си ја проба среката не успеа.

Ама и се може човече.
Биди и ти професорка, па прави го истото.Никој не те ограничува.Ама пробај стигни до професорка.Трнлив е малку патот а?