Колумна: Студирањето- какво што го познавам

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33
Епа драги мои бруцоши, би сакал и вас да ви посветам неколку реченици, да ве упатам во новото поглавје од вашиот живот, наречено студирање, односно во студентскиот дел од вашиот живот.

Сигрен сум дека првата мисла што им помина низ глава на повеќето од вас беше „Еее ова се чекаше, студентски живот, бреее кога дојде, како си летна времето“. Е си „летна“ богами, ќе си „летнат“ и овие студентски години, е сега на вас е како ќе ги искористите.

Но сега би се задржал на самиот почеток. Самите уписи на факултетите се сами по себе стресни, особено за оние на кои паметот им дошол малце покасно, па успехот од средно им бил и не така одличен. Еее тие дефинитивно остануваат неколку дена без сон мислејќи дали ќе бидат примени, смислувајки план Б, а има и такви што по предавањето на документите одат дома и почнуваат да си бараат работа. И се така до објавувањето на резултатите. Ее тогаш на поголемиот дел им се запечатува судбината.

Ве примиле, што ве примиле, сега почнува интересното.. Спремете си ги паричниците и трк накај пошта. Кога само ќе видиш на што се треба да си ги дадеш парите, ќе си останеш вџашен. Искрено, мене највеќе ме збуни делот за уплата на 750 денари за ИКСА (информатички, културни и спортски активности). Какви културни, какви спортски активности? Делот за културни сеуште не ми е јасен, но за спортски активности, рака на срце, си ги има, неможам да речам не. Ако и на вас не ви е јасно кои се тие, сега ќе ви објаснам. Н
а почетокот започнуваат со трчање низ факултетот барајќи предавални, подоцна имате постојани трчања по професори, до студентски прашања, до ЕКТС, исто така имате тренирање на нерви и самоконтрола расправајќи се со вработените на студенстки прашања итн.. Си има, си има активности, не се парите залудно фрлени.

По регулирањето на папирологијата, на оние кои студираат во друг град следно на список им е пронаоѓањето на сместување за време на студирањето. Е тука си идат кој во стан, кој во студентски дом, на кој какви му се можностите. На оние во стан им е лесно, сами си ги бираат цимерите, но оние во студентските домови немаат некој избор, каква им била среќата. Студентскиот дом за едни е рај, за други пекол. Нормално, пекол е за оние амбициозните, но за оние помалку амбициозните, студентски дом е нивниот рај на земјата. Журки секој ден, алкохол никогаш не снемува, никогаш не си сам, да најдеш партнер е најмал проблем, како да не им е убаво?

Кога сме кај амбициите, секој бруцош годината ја започнува со големи амбиции. Најпрво станува збор за индекс полн со десетки, со текот на времето амбициите паѓаат на „барем да имам 8 просек, да „лапнам“ некое стипендиче, понатаму се намалуваат на „море барем 6-ки да ги наредам, колку да ги откачам“ и доаѓа до „да си фатам ја услов за годинава, ништо повеќе не барам“. На почетокот сите се „загреани“ за учење. „После секое предавање, одам во читална или дома, седнувам ја читам материјата, после пред испит само уште еднаш ќе повторам“. Нормално, ретко кој навистина го прави ова, па затоа следно е „Ај не секое предавање ама така на една, две недели ќе одам до читална“, но најчесто секогаш се сведува на, што би рекле народски, 5 до 12, односно недела пред испит.

На почетокот речиси секој бруцош оди на факултет со истиот ентузијазам како кога тргнувал прво одделение. Знаеш дека те чека нешто ново, нешто поинакво, нови луѓе, нова средина, се е ново, нормално дека е интересно. Уживаш додека ги слушаш професорите и нивните говори користејќи речник на кои што не сте навикнати. Тука се и оние кои уште од првиот студентски час се вртат околу на околу барајќи го совршеното место за спиење, далеку од очите на професорот.
Најинтересниот дел е запознавањето на КОЛЕГИТЕ. Најдобрата работа кај терминот „колега“ е тоа што на почетокот не мора ни да се трудиш да ги памтиш имињата на другите студенти, слободно можеш да им се обратиш со „колега“. Во спротивно ќе мораш да им се обратиш со „еј“, „дечко/девојко“ или да ги потапшаш по рамо, вака, со воведување на терминот „колега/колешке“ можеш комотно да му се обратиш на секого.

На почетокот сите колеги ти се топ, нормално, не размислуваш за некои длабоки пријателства па затоа ти би да се дружиш со сите, групи се формираат малце подоцна.Твоето студирање на почетокот се сведува на кафиња по локалните кафулиња, со колегите, нормално, оговарајќи ги професорите, на кои нормално не им ги знаеш имињата, па затоа користиш различни прекари, како на пример: келавион, дебелана, брклено, досадната, умрениот и останати епитети.

Кога ќе се уходаш во целиот тој систем почнуваш да размислуваш стратешки. Правиш поделба на колегите. Постојат: колеги за дремење по кафиња, колеги за учење, колеги од кои ќе добиваш готови материјали за учење, колеги за добивање информации и слично. Исто така правиш стратегии за тоа кој предмет како ќе го учиш и дали ќе го учиш, кој предмет во која сесија ќе го „чистиш“ и слично. Нема гаранција дека креираните планови ќе испаднат онака како што ти ги замислуваш, но нема врска, барем сте се потрудиле.

Како за крај би ви напоменал дека нервните сломови на почетокот ќе ви бидат како добро утро, познавајќи го нашиот образовен систем, но верувајте со текот на времето ќе се навикнете да бидете предмет на иживување, снаодливоста ќе ви прејде на повисоко ниво, бидејќи ќе морате сами да наоѓате решенија за вашите проблеми поврзани со студирањето, не се надевајте, никој нема да ви излезе во пресрет, сите важни информации ќе ви бидат објавувани во последен момент, па затоа мора да бидете спремни за сите предизвици во секој момент. Сето ова станува рутина, па затоа не се сомневам дека ќе го преживеете и овој период од вашиот живот.

Извор: http://hajdpark.mk/kolumna-studiranjeto-kakvo-go-poznavam/
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Како за крај би ви напоменал дека нервните сломови на почетокот ќе ви бидат како добро утро, познавајќи го нашиот образовен систем, но верувајте со текот на времето ќе се навикнете да бидете предмет на иживување, снаодливоста ќе ви прејде на повисоко ниво, бидејќи ќе морате сами да наоѓате решенија за вашите проблеми поврзани со студирањето, не се надевајте, никој нема да ви излезе во пресрет, сите важни информации ќе ви бидат објавувани во последен момент, па затоа мора да бидете спремни за сите предизвици во секој момент. Сето ова станува рутина, па затоа не се сомневам дека ќе го преживеете и овој период од вашиот живот.
********************************************

Овој дел само сакам да го искоментирам.
Јес да секоја возраст си има своја тежина во животот но нема потреба од толкава драматизација.
Па кој треба да ви наога решенија за вашите проблеми со студирањето?Системор не чини,вашите од дома?
Па како ке се научите да сностите одговорности и тежини на вашите грбови во животот?
Тек какви проблеми ве очекуваат во животот...кешки да немате и тие ви бидат најголемите,но сигурна сум дека еден ден ке се смеете за овие драматизации.нема кој не поминал низ тоа.
За предизвиците во животот од секој домен треба секогаш да сте спремни,седејки и кукајки за системот дека не чини никогаш ништо нема да ви донесе во животот.
Животот е таков каков што е,и системот исто,а се останато останува на нас.
Потсукајте си ракавите и џабе работете но џабе не седете.
Или пак како и да е,ако ви е полесно да кукате и лежите така живејте.:)
Вака или онака,животот си тече,нема пауза.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
неколку работи: Јас сум бруцош оваа година и да кажам искрено овие неколку дена имав доста работа со студентската служба вадејќи потврди за редовен студент и уште еден куп други документи и можам со гаранција да кажам дека дечки од студентската служна на ФЕИТ се стварно фини и си ја работат работата. Значи досега фала богу сум нема проблем. Исто и со професорите. Една недела сум а веќе комуникацијаат е повеќе од одлична. Пред некој ден професорот Грчев ни се придружи на 5-6 мин на Кафе во бифето. Муабетот небеше како професор-студент туку како другар со другар...

Друго Студентските домови можда условите не се хотел со 5 ѕвезди ама дружењето во домовите и луѓето со кои делиш соба или барака како во мојт случај е прејако и предобро искуство. треба со закон да биди задолжително да се живее во Сту.дом. Моите комшии и комшивки во бараката 13 во Медицинарот во Скопје се најјаките луѓе шо ги имама сертнато. Те будат на сабајле, имаш сварено кафенце, и ко ке си дојдам од факултет ме пречекуваат со кафе. Едноставно моите комшии не би ги менал за ништо друго .. и не е само тоа. Живеењето во стан е сосема друго. Си живееш само со цимерите и со никој друг.а во студентски живеш со сите, спиеш заедно, јадеш, пиеш кафе или играш билијард...Имаш луѓе од сите краишта на Македонија од сите факултети и бруцоши и постари и вечни студенти...

и тоа... ме мрзи ад пишам појке 2 и пол е сатот а ме викаат да играме пикадо. Ме викаат луѓе шо ги запознав пред 15 мин... етее тоа е вистинскиот живот во студентските домови. тука сите ти се цимери и сите ти се другари без разлика да лиси ги запознал пред 5 дена или пред 5 мин ..
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Алелуја Jackal :)
шукур некој да ги спомне и позитивните работи,а не само да се гледале негативните...ко да треба планина да се бутка.
на кој не му се студира и му е тешко нека си избере пат по кој ке му биде според него полесно.
само лесно,односно мед и млеко во планина со една овца и рој пчели
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Алелуја Jackal :)
шукур некој да ги спомне и позитивните работи,а не само да се гледале негативните...ко да треба планина да се бутка.
на кој не му се студира и му е тешко нека си избере пат по кој ке му биде според него полесно.
само лесно,односно мед и млеко во планина со една овца и рој пчели
ваквите текстови демек еј бруцоши сте? к еви биде ептен тешко- ми се ептен тапа... Јас дојдов во Скопје со познавања само од гугл мапс.. тру стори а веке за една недела ожам да кажам дека си поминувам преубо и во студентски и на факултет.. Уште од сега знам дека ке паѓам о зрела круша во октомври по математика ама ми е гајле... Ке си терам учењето колку шо можам а за другото ке видиме :) Сите вакви текстови се демек тешко на факултете абе не е тоа заебанција.. Демек кој сум шо сум сум на факултете и слични срања колку да се биде важен, демек јас сум постар и се знам... ме мрзи да пишам бе луѓе инаку имама доста да кажам ..
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
тој што сака да разбере и од малку кажано ке разбере.
ако гледаме така веке кажав,нема лесно.
сум била сурова во исказите,па сум,ама не кукам и стојам зад она што го кажувам.
јес да се има слабости во животот кога не се издржуваат предизвиците и најлесно е кога ке наидеме на некој кој ке ни каже...абе знам како ти е,знам дека ти е многу тешко,и што кога ке ни го каже тоа.ке не проветли?ке ни олесни?демек не разбрал.пффф...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
тој што сака да разбере и од малку кажано ке разбере.
ако гледаме така веке кажав,нема лесно.
сум била сурова во исказите,па сум,ама не кукам и стојам зад она што го кажувам.
јес да се има слабости во животот кога не се издржуваат предизвиците и најлесно е кога ке наидеме на некој кој ке ни каже...абе знам како ти е,знам дека ти е многу тешко,и што кога ке ни го каже тоа.ке не проветли?ке ни олесни?демек не разбрал.пффф...

студирањето е драма колку шо си го прајме самите... тоа е одговорот на сите шо велат дека е тешко или пак прелесно ..
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Се посравте со еден факултет.Луѓе молчат, завршуваат 2 факултета си наоѓаат екстра платена работа од +1000 еу, или бегаат во странство за многу повеќе пари.А на вас се нешто не ви чини, па тупкате во место.
Сакате некој друг да оди на факс наместо вас, сакате се да ви оди подмачкано.Епа нема, ако сакате така тогаш позајмете кредит од владата и чувајте овци.
Не сонувајте, разбудете се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and WomanInRed

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Се посравте со еден факултет.Луѓе молчат, завршуваат 2 факултета си наоѓаат екстра платена работа од +1000 еу, или бегаат во странство за многу повеќе пари.А на вас се нешто не ви чини, па тупкате во место.
Сакате некој друг да оди на факс наместо вас, сакате се да ви оди подмачкано.Епа нема, ако сакате така тогаш позајмете кредит од владата и чувајте овци.
Не сонувајте, разбудете се.

Де бе,колку цветат рози во странство?И таму не е мед и млеку.Been there won nothing.
Што ако имаат по два факултета?Кој ке ти гарантира работа веднаш штом го завршиш факсот?Никој нели?
За професорите што да кажам на мојот факс?Си нема гајле дамата,во Америка планира да оди за некоја недела а нас ке не остави на немилост на асистентот.Друго,многу сум незадоволна од предавањето ама пусти родители не ме пуштија да студирам кај што јас сакам е сега ке си трпам.
И така.