Колку често кажувате „те сакам“?

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Кажувам, не ради реда туку устата ми говори така, поточно кажано чувствата, и сакам да бидам досаден со тоа, додуша ова досаден до сега ми се нема десено, кажувам и сакам кога го кажувам ова да ја видам фацичката на неа како ке се насмее слатко и ке рече ''и јас'' или било што и после една гушка. А и кога го слушам и јас кога ми кажуваат на мене не ми пречи едноставно знам како е, а и се чувствувам добро и сигурно.
ајт бацка.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Зависи од ситуацијата,ако почуствувам дека го сакам некого НО и ако тој мене ме сака би му кажала инаку не.(shake) Не се осудувам повеќе јас да го правам првиот чекор затоа што се имам изгорено еднаш дека не сум ги сфаќала работите чудно :unsure Па од пред некое време си ќутам и си глеам како ќе се одвиваат работите :D
 

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Немам проблем да кажам „те сакам“. Го кажувам кога го чувствувам и сакам да го слушам тоа. Сакам, а и потребно ми е до некаде, да го слушнам тоа.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Па, сметам дека на почетокот од врската, прво треба да се покаже многу пати - пред да се каже за прв пат „Те сакам“.
Ги мразам оние случаеви кога после четврт дејт веќе се кажува тоа зборче. Не викам дека не е можно веднаш да се почувствува нештото, Ама прво покажи го па кажи го.
Сега на овој стадиум на кој што сум, кажувам Те сакам, едно 240 пати на ден :)
Рачунајќи дека кажувам, на децата, на жена ми, на кучињата, на маченцето и така :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Ако се зборува општо, јас ова го користам многу често- претежно ги потсетувам луѓево дека ги сакам, а и сакам да ми вратат бидејќи ми е интересно, убаво и секси... тоа го сметам како еден вид поздрав или благослов што секој ќе се почуствува пријатно кога ќе го слушне, поготово ако знае дека тоа е така.
Многу е добро ако имаш барем еден човек на светот што те цени, те сака и му фалиш, а и ти го кажува тоа.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Го кажувам кога некој стварно заслужува да го сакам и да го знае тоа. Многу ретко ама го кажав на еден што воопшто и не го заслужуваше тоа, ама барем ќе си останам човек до крај и ќе признавам дека го сакам а нема да кажувам дека тоа биле лаги. Ама јбг, се учи од грешките :D