Колку е здрава љубомората во врската?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не е здрава љубомората ни најмалку, напротив, болест е. И ја труе врската.
Според мене, воопшто не е знак на значење, туку на недоверба.

Јас не викам дечко/девојка ти да флертува со некого и тебе да ти е сеедно. Тоа е веќе еден вид на варање. И те како треба да се вознемириш.
Зборам за непотребно смешно љубоморење, во стил на "леле овој/оваа ти like-нала песна". |-(

Па и некој да ти се пушти, што си ти крив. Не можеш да ги контролираш постапките на другите.
I didn't ask to be born.gif

Можеш да ги контролираш своите постпаки. Никогаш не би направила ништо да го направам дечко ми љубоморна, а не сакам ниту пак мене тој да ме прави. Едноставно, не сакам да постои љубомора.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Не е здрава љубомората ни најмалку, напротив, болест е. И ја труе врската.
Според мене, воопшто не е знак на значење, туку на недоверба.

Јас не викам дечко/девојка ти да флертува со некого и тебе да ти е сеедно. Тоа е веќе еден вид на варање. И те како треба да се вознемириш.
Зборам за непотребно смешно љубоморење, во стил на "леле овој/оваа ти like-нала песна". |-(

Па и некој да ти се пушти, што си ти крив. Не можеш да ги контролираш постапките на другите.
Отвори ја прикачената датотека 13790

Можеш да ги контролираш своите постпаки. Никогаш не би направила ништо да го направам дечко ми љубоморна, а не сакам ниту пак мене тој да ме прави. Едноставно, не сакам да постои љубомора.


И да ќе се надоврзам на ова, не можеш да ги контролираш постапките на другите а што е најважно не можеш и не треба ни да одговараш за истите....
Работава е.....Кој ти е крив што имаш згодна девојка :cool: :svirka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Љубомората е баш корозија,како што кажа TheKitten
Но мора да постои до одреден степен,на никого не му е сеедно,или пак доколку е сеедно значи постои рамнодушност.
Но доколку не постои доверба,тогаш излегува од контрола количеството на љубомора и е апсолутна корозија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lepaa and slb_bobo

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Ама се плашам од овој збор.Онаа болната љубомора ја имам видено низ различни случки кои најчесто мажите се пољубоморни од жените.Никогаш не сум видела обратна случка.А во мојата врска има нормална љубомора.Ниту јас му љубоморам за глупости ниту пак тој мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ама се плашам од овој збор.Онаа болната љубомора ја имам видено низ различни случки кои најчесто мажите се пољубоморни од жените.Никогаш не сум видела обратна случка.А во мојата врска има нормална љубомора.Ниту јас му љубоморам за глупости ниту пак тој мене.

Љубим ти аватар Стази, дај си рака за болдираново

А која е тај нормална љубомора? Ја тој не би га такој дефинираја, нормална
Нема нормална, само ненормална. А као што викаш ти нормална љубмора е устфари некое негодување,кое нас ни смета, кое може да се исправи сс едн фин разговор.Ја не викам сфе да се допушта у врску, сс само тој што викаш дека се допушта, значи дека некој има командну улогу, не треа да има некој кој ке ги кажуе правила на врску,не би ги ни кажаја дека су правила, тој су човечки норме,животни аспекти,треа и двоицата да су запознаени, а ке су ако су спремни за едну врску, значи не су разлигавени деца, него разумни стфорења, а кд се има разум и споразум значи може се сфе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не ги варам оние што љубомората ги доведува до праг да се претворат во очајни, патетични и лигави створења што висат на врат ко со папочната да се приврзани и на секои 15 минути бараат детални полициски извештаи за денот на партнеров или му се лепат насекаде ко мрсули на чевел. Не знам ни кој е толку ќуп да ги трпи.

Искрено, треба за себеси да сметаш дека имаш фалинки што друг/а лесно може да ги замени/потполни, па да се притресуваш толку, а богами и целата врска се пеплосува зашто е очигледно дека и партнерот не го сметаме за кокиче штом мислиме дека туку-така ќе се полета по некој/а ако не сме таму да го опоменеме.
Чуму тогаш врска?
Во умерени дози и игриво да се пецнеме, во ред, сепак годи и укажува дека другиот ни значи, ама шерифувањето е болно. Точка.

Ако седам меѓу четири ѕида и партнерот ми е единствената (пре)окупација во денот, номрално дека ќе ми свирнат 300 налудничави сценарија и идеи.
Занимлив феномен е болната љубомора. Егоистичниот фактор „јас/мене да ми е погодено и да сум сигурен/на“, контрадикторно, е предизвикан од ниска самодоверба. Ќе си најдеме занимација/хоби/друштво и нема да висиме ко трет/а ташак/груда на партнерот.

Мене не ми е јасно како не им фали малку мир бре? Време за себе, Франкфурт?
Да ви кажам право, кога ќе дојдам дома капната и со мојава згрчена кичма, па кога ќе му ја легнам со сите четири во вис, сите оние што ги имам изнаставено во темана за најубав маж да дојдат со лепези и да ми свират на харфи, нема да станам...барем саат време, а не пак да спремам листи со прашања и потпрашања (нали, за проверка на веродостојноста на првичните искази), или пак да трпам издигања од некој комплексаш, да се правдам по телефони, интернети или во живо со саати, кога едноставно можам да го испратам со бело шамивче, да си легнам и да си ја штедам енергијата за (по)продуктивни цели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Хоуп*

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Не е лошо да си љубоморен тотално норлмално е и да ја малку повише знам да станам али тоа е затоа што мислам на неа се грижам и ја сакам :sram :sram
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
До одреден степен е ОК . Но љубоморење затоа што комшијата ме аднал на фејс , ми нема смисла . Се знае до каде се границите .