Кои се најдобри ладно цедени масла во Македонија?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Гледам не си го изгледал моето видео а пак се јавуваш ... Кој те пак тебе повика сега ???
Нема што да ти одговарам после претходниот цитиран пост се докажа колку пробуваш да тролаш ама не ти успева. Секое наредно лупетање без врска ќе ти биде бришано.
Твоето не е ни став макар се косел со оној на Блу, Егзистенс и Вајолетмун. Твоето нема никаков допир со реалноста.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Не е исто посно и веганско, можеби по дефиниција звучи така, но има разлики. До душа не знам ни јас дали тој начин на исхрана кој што јас го практикувам е ист како останатите вегани, малку е збунувачко сето тоа како поимите не кажуваат се.
Рибата е посна, се јаде за посните празници, а не е веганска храна.
Е сега има и тука многу лицемерие, не викам не, посебно кај оние луѓе кои што заради имиџ се определуваат да бидат вегани или вегетеријанци. Тоа се најчесто луге кои што не јадат месо, млеко и јајца, ама јадат нездрава храна, тестенини, газирани пијалоци, чоколади, кремови и тн.
Исто така не сакам кога веганите се обидуваат да направат реплики на животинската храна и даваат имиња како ,,млеко,, од бадеми, ,,плескавица од леќа,, или ,,шпагети,, од тиквички. Но и за едното и за другото можат да се најдат оправдувања.
И јас често се запрашувам што е веган. Дали е тоа човек кој што не јаде животинска храна а се останато јаде или нешто повеќе. Повеќето го прифаќаат првото но има разлика од веган до веган.
Јас на пример се хранам вака затоа што сакам да се хранам со природна храна, таква како што е во природата, да не биде преработена изменета... исто како што јадат животните и сметам дека тој начин е најдобар. Јадам и јас варено, цедам сокови, сецкам, зачинувам итн. но со тек на време полека ги менувам навиките. На пример лани јадев и јајца и тестенини и соја, јадев и риба... сега ништо од тоа не јадам.
Ако кажам дека јадам само посно, тогаш со тоа би кажала дека не јадам животинско, но тоа може и да подразбира дека можеби јадам риба или колачи со маргарин и чоколадо, пудинг, пица, тост со кашкавал и помфрит или шпагети со кечап, пијам кока кола, кафе, вино и тн.
Кога ке кажам дека јадам веганско можеби малку повеке ке се доближам до вистината, незнам.
Всушност има таков термин кој прави поделба помеѓу веганите - RAVE
no Refined foods
no Animal foods
no Vegetable oils
no Exceptions and exercise
Ако ти е полесно тогаш наместо веган, ке го користиме и овој термин иако ниту еден термин не би можел да ја каже точно вистината.
Да, океј, рибата влегува во посно.
За маргаринот исто океј, но зошто не чоколадо? Не е секое чоколадо исто. А какаото си има свои корисни страни. Зошто не би јадела пица ако си ја направам сама дома? Не морам да користам салами и кечапи, има еден куп здрави варијанти, ама дури и ако ставам салама понекогаш не значи дека одма ќе ме стрефи рак. Пржена храна не чини, океј, најмногу не чини ако маслото прегори додека пржиш. Кашкавал растителен не поднесувам, ни вкус има ни мирис, кока-колата исто не ја поднесувам, ни други газирани пијалоци, ама па ако некогаш некаде ти се случи да ти падне шеќерот, кока-колата богами ептен помага. И чоколадо, па макар било сникерс, твикс или слично. Кафето, и тоа си има некои позитивни карактеристики, виното исто, зошто не би се напила една чаша вино понекогаш? Исто како шо рече порано за лимоните, и лимони да јадеш по едно кило секој ден, нешто ќе се поремети.
Изворската вода е можеби најчиста, но треба да знаеш каде сѐ поминала таа вода и што по патот растворила. Исто како што треба да ги знаеш и растенијата и нивните семиња и плодови, оти од едно исто растение некој дел е корисен, ама некој е отровен.
Еден човек колку и да истражува по интернет не може да биде сигурен дека знае. Науката и сите нејзини гранки, сѐ она што е карактеристика на цивилизацијата, тие се тие кои ти ги отвораат очите и те заштитуваат. Не може да се плука по медицината, хемијата, фармацијата само затоа што истите некој ги злоупотребува. Оти и незнаењето и довербата се злоупотребуваат. Ни јас не ги сакам докторите и колку можам одбегнувам да одам на доктор. Ама фала им шо ги има. Колку само луѓе си ги потрошиле животите за да знаеме денес, ти и јас, од „зошто 'рска и се цепи небото“ до „шо значи микробиолошки чиста вода за пиење“. Не може така, не е во ред и не држи место. Велков и на неа слични треба да се свесни дека можноста да влијаеш врз некого, носи и голема одговорност.
Инаку океј е да живееш како што ти е убаво, оти сепак е тоа најбитно, да уживаш во животот и во сѐ што создала природата, на начин кој за тебе е правилени најдобар. А луѓето умеат да препознаат и да следат позитивни примери. Многу поголемо влијание ќе имаш ако, пример, пишуваш рецепти и споделиш шо и како спремаш за доручек, ручек, вечера, без помпезни удирања во гради од типот „видете ме - чудете се“ и без напаѓање на другиот дека ако не те послуша тогаш е ваков или таков. Никој не е до толку малоумен, секој сака да е здрав и да живее спокојно. Сите имаме лоши навики. Јас пушам иако сум свесна колку е тоа штено. И ќе престанам да пушам тогаш кога сама ќе одлучам. Ама секој пат кога некој ми мудрува дека од цигарите се добива рак на бели дробови, јас му велам дека знам и такви кои цигара во уста не ставиле па починале од тој истиот рак на бели дробови.

Aмори Љупко дали кравата се разболела некогаш? Зарем она не јаде само трева? Како е толку здрава ако јаде само трева, дали некогаш оди на лекар??
Како слонот пораснал толку голем без да вкуси дел од вашите омилени јадења (пржени компирки, кремче, чоколадце, месце, саламче, паштетка, рибче) а јаде само трева ?
Сигурна си дека човекот во минатото јадел месо? Како тој успевал да го улови (кога скоро секое животно со ислучок на желката е побрзо од него), како успевал со овие никакви заби да го прегриза ,,зајачето,, ? (Зошто месојадните Ж. имаат еден вид заби, зошто семко-плодо јадите имаат друг вид заби, зошто преживарите, тревопасите имаат трет вид заби ?)
Зошто нашите заби најмногу се поклапаат со тревопасите и фруктаријанците ?
Човекот само го правел она најлесното што можел - јадел трева, билки, плодови и бил здрав.
Но со тек на времето се појавила некоја ,,глуперда,, како ,,Постоечкиот,, или Плавушата ,,глупа,, и вовел нов режим.
Од тогаш се измислиле институциите како полиција, болница, политика ... почнале лагите и манипулацијата.
Зошто мислиш дека си во право само ако сте мнозинство кога секогаш и секаде мнозинството губи во секоја можна форма. Знаеш зошто?
Затоа што повекто не ни размислуваат туку сакаат да бидат фенси и ,,ИН,, и ги следат другите .. оние со понови мислења и ставови (без поткрепа со факти)
Си гледала документарка со мравки? И тие сите одат во еден правец по една цел со еден памет бидејки имаат колективна свест. Но тие го прават исправното, бараат и собираат храна и си ја носат во домот. Дали и вие го правите исправното? треба да се прашате.
Јас арна, фала на прашањето. Ти златен арен?
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Да, океј, рибата влегува во посно.
За маргаринот исто океј, но зошто не чоколадо? Не е секое чоколадо исто. А какаото си има свои корисни страни. Зошто не би јадела пица ако си ја направам сама дома? Не морам да користам салами и кечапи, има еден куп здрави варијанти, ама дури и ако ставам салама понекогаш не значи дека одма ќе ме стрефи рак. Пржена храна не чини, океј, најмногу не чини ако маслото прегори додека пржиш. Кашкавал растителен не поднесувам, ни вкус има ни мирис, кока-колата исто не ја поднесувам, ни други газирани пијалоци, ама па ако некогаш некаде ти се случи да ти падне шеќерот, кока-колата богами ептен помага. И чоколадо, па макар било сникерс, твикс или слично. Кафето, и тоа си има некои позитивни карактеристики, виното исто, зошто не би се напила една чаша вино понекогаш? Исто како шо рече порано за лимоните, и лимони да јадеш по едно кило секој ден, нешто ќе се поремети.
Изворската вода е можеби најчиста, но треба да знаеш каде сѐ поминала таа вода и што по патот растворила. Исто како што треба да ги знаеш и растенијата и нивните семиња и плодови, оти од едно исто растение некој дел е корисен, ама некој е отровен.
Еден човек колку и да истражува по интернет не може да биде сигурен дека знае. Науката и сите нејзини гранки, сѐ она што е карактеристика на цивилизацијата, тие се тие кои ти ги отвораат очите и те заштитуваат. Не може да се плука по медицината, хемијата, фармацијата само затоа што истите некој ги злоупотребува. Оти и незнаењето и довербата се злоупотребуваат. Ни јас не ги сакам докторите и колку можам одбегнувам да одам на доктор. Ама фала им шо ги има. Колку само луѓе си ги потрошиле животите за да знаеме денес, ти и јас, од „зошто 'рска и се цепи небото“ до „шо значи микробиолошки чиста вода за пиење“. Не може така, не е во ред и не држи место. Велков и на неа слични треба да се свесни дека можноста да влијаеш врз некого, носи и голема одговорност.
Инаку океј е да живееш како што ти е убаво, оти сепак е тоа најбитно, да уживаш во животот и во сѐ што создала природата, на начин кој за тебе е правилени најдобар. А луѓето умеат да препознаат и да следат позитивни примери. Многу поголемо влијание ќе имаш ако, пример, пишуваш рецепти и споделиш шо и како спремаш за доручек, ручек, вечера, без помпезни удирања во гради од типот „видете ме - чудете се“ и без напаѓање на другиот дека ако не те послуша тогаш е ваков или таков. Никој не е до толку малоумен, секој сака да е здрав и да живее спокојно. Сите имаме лоши навики. Јас пушам иако сум свесна колку е тоа штено. И ќе престанам да пушам тогаш кога сама ќе одлучам. Ама секој пат кога некој ми мудрува дека од цигарите се добива рак на бели дробови, јас му велам дека знам и такви кои цигара во уста не ставиле па починале од тој истиот рак на бели дробови.
Многу би сакала да можам се да ти објаснам, но вака невозможно е. Знам дека не е доволно само да се каже дека нешто е штетно. Ниту јас не прејдов на ваква исхрана преку ноќ, целиот тој процес на менување трае со години и уште ке трае.
Инаку не знам зошто ме доживувате како некој кој се удира во гради и сака да се чалами... кога ви ги пишувам сите овие работи воопшто немам таква намера. Можеби така изгледа кога ме читате, незнам, верувај дека титу пак имам некој порив за докажување :)rolleyes:имам понекогаш кога ке претераме со дискусија)
Јас навистина сакам нај нормално да го споделам она што го мислам, што го знам и тн. Не пишувам рецепти бидејки не готвам според рецепти, кај мене готвењето е спонтано. Имам некои основни правила и имам споделено нешто од тоа. Искрено би сакала да има некоја тема каде што ке може по благо да се разговара на оваа тема. Деновиве ке бидам многу зафатена, кога ке имам време ке отворам и ке споделувам повеќе, бидејки чувствувам дека имате предрасуди. Мене не ми е целта да ви наметнувам ниту убедувам, едноставно сакам да ви покажам еден многу убав начин на живот кој што навистина носи многу придобивки. ако не се согласувате во ред е, никогаш не би ве осудила поради тоа, но ова е форум, а овде на било која тема да се пишува е исто, секогаш има такви што се за и такви што се против. Јас сум сигурна дека доколку во живо се правеа муабетиве, немаше да дојде до расправање, ниту до повишување на тон. Јас не следам се од интернет, претежно се следам себе си. Кога ке приметам дека нешто не ми годи се обидувам да го исфрлам. Јадам колку што ми се јаде и кога ми се јаде, не гледам во часовникот дали е време за јадење и никогаш чинијата не ми е мерило. Некои денови поминувам со многу малку храна, бидејки не сум имала потреба за повеќе. Одговорна сум во тој поглед и секогаш ги следам промените коишто ми се случуваат исто така постапувам и со моите деца. Моментално сите речиси различно јадеме. Некој повеќе овошје, друг салати... Никогаш не јадеме на сила и затоа знаеме што ни годи а што не, затоа и можам да бидам толку самоуверена кога зборувам за доброто влијание на оваа храна, затоа што сето тоа го живеам моментално и преубаво е.

П.С. Моментално се селам, но кога ке се средам би сакала да те поканам кај мене на еден вегански, свеж ручек. (flower)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Мало, не се работи за предрасуди, туку за тој момент на испревртување и селектирање на информациите. Верувам дека имаш најдобри намери, но кога ќе ми речеш дека месо не треба да се јаде оти човекот е уствари тревопас, епа ми ја навредуваш и логиката и интелигенцијата и знаењето и незнаењето и сѐ :) Нормално дека наместо да ме заинтересираш да те сослушам, ти (пример велиме) ми одиш на нерви :)
Замисли кој глуп впечаток добивам кога читам/слушам „веганска и сурова храна е најздрава оти е најприродна и човекот е создаден за така да се храни ....... и за тоа ви е потребен еден добар блендер....“ Или па кога како погоре некој ќе ти рече „Јади трева, оти кравата е здрава и слонот не оди на доктор“. Или ти кога велиш поарно е јади земја отколку тестенини. „Човекот е единствен цицач кој пие млеко од друг цицач, значи заклучок - млекото го убива човекот.“ Ами ниедна крава не чита книги, ама сепак оди на доктор :zelen И како после такви муабети, очекуваш да прифатам било што друго?
Не се предрасуди, е спротивставување на глупости.

Инаку, ти благодарам, баш би сакала да ги напишеш правилата по кои ти се водиш и правилата кои се битни за ваков начин на исхрана, на што треба да се внимава, каде има опасности.... И благодарам за поканата, мејби еден ден ќе дојдам :)