Да можам, би била ко Ејс Вентура, со секакви можни животни околу мене. Но, бидејќи малку сме фрикови по дома да ни е чисто, не би било изводливо... башка што јас сум единствениот љубител на животни во семејството.
Ужас. Мене не ми е јасно како тие не сакаат животни, ним не им е јасно како јас се лигавам и по најшугавите мачки и кучиња по улица.
Засега би ми било доволно и едно малтезерче или пекинезер да чувам, ама ќе почека за подобри времиња.