Кога приватноста станува јавен интерес

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сигурна сум дека веќе сте запознаени со случајот на девојката од Фејсбук која објави скринови од разговор со штотуку оженет човек, кој ѝ давал непристојни предлози.
За тие што не сте - извесен фраер ѝ пишува на извесна фраерка дали е заинтересирана да општат, таа не е, но се решава да го избрука јавно бидејќи на неговиот профил, полн Богородици, здогледува дека правел свадба пред месец дена, а веќе сака да шврља покрај бремена сопруга.
За повеќе, клик за оригиналниот пост.

Сметам дека темава е и повеќе од потребна бидејќи покрива повеќе прашања, па сакам најпрво да подискутираме за кога се случува јавно експонирање на она што треба да биде приватно, односно кога е дозволено (во недостаток на посоодветен збор) она што се случува помеѓу 2-3 личности, да биде споделено со јавноста во име на некое општо добро или добро на поединци?
Како знаеме дали е добро, ако е без согласност (поточно без знаење) на најзасегнатата и најкревка страна?
Дали можеби пак навистина само дрското и јавно ставање на тапет може да ги засрами оние кои посветеноста и ветувањата кон друга личност ги сфаќаат како играчка?
Што кога/ако истото се прави повеќе за ловење сопствени поени отколку за некое „општо добро“?
Крајно, тука несомнено се провлекува и прашањето за машкиот vs. женскиот свет, каде мнозинството машки го „бодреле“ овој „подвиг“, додека одреден број жени секогаш ја напаѓаат женската страна ко виновна, без разлика на околностите.
Доста интересен феномен е последново, па сметам дека може дури и да се оддвои во посебна тема за дискусија.

Мене, искрено, ми е ту мач целата драма, но би оставила првин некој друг да се изјасни ако има, па би го пишала и своето мислење, да не испадне предолг воведов.

Ако нема, ко што би рекол @Outrider (ова му правам финта да одговори) мене и сама ми е забавно да си дискутирам. :D
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Не сум запознает со случајот, но од ова што читам што пишуваш изгледа се работи за класичен случај на праф маш, врста која никако не одумира и би рекол дека тоа што бил јавно избрукан е добра ствар. Каков бот ццц, брука за машкиот род се такви ликови. :mad:Секако тоа важи за овој конкретен случај но во други ситуации може да биде сериозно нарушување на приватноста без причина. Подетално ќе напишам за ден-два кога нет провајдеров ќе се смилува да види што е проблемот со конекцијата...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Шарада. У кратко вака речено.
Ние (балканот) сме менталитет кој живее исклучиво од тоа што прави козата на комшијата, така да и без тенденциозното јавно офирање, плебсот сам по себе поради глад за туѓиот живот ќе си скрои една сеопфатена „вистина“ која може да биде и погубна од страна на „жртвата“.
Коректно би било тоа што е приватно и интимно да се чува во кругот на двајцата, но...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Реков ќе си дадам мислење подоцна, па еве.
За конкретниов пример што го наведов, сметам дека беше само една евтина мамка за билдање его, која испадна успешна и се добија петте минути слава пошто, ко што рече @Saladin, ние сме сеирџиски народ и возбудено грицкаме ноктиња некој да испадне будала, изруган, да се посмееме на туѓа сметка...
Освен „јас сум подобра од сите пошто не сакам да се мажам“ и „многу ми пишуваат, многу бракови сум растурила“ его бустот, ми пречи што не забележав поддршка кон бремената жена, која ништо не згрешила, а е исмевана ко „проста женичка“ од страна на многумина, не само од дотичната фраерка која го објави разговорот со нефамозниот ванаби плодач. Со што заслужи таа млада жена, скоро и мајка, да биде на тапет и демек многу сожалувана, а всушност сите потајно ѕвоцкаа за да ја дознаат нејзината реакција? Па одма анализи, па одлуки во нејзино име, предавања што требала да прави. Ова 5г навистина удрило по рајава. Озбилно, со што?
Со тоа што има мрсулко дома што мисли дека се оженил и со тоа е неодолив за женскиот свет?
Со тоа што некоја комплексашица го доби вниманието што не успеа да го добие преку глупите т.н. колумни кај другарка ѝ Јоци?
Сум за, многу сум за тоа ваквите ко богородичњаков да се стават кајшто треба, но постојат многу поефикасни, а попристојни начини да се постигне тој ефект, без притоа најзасремен да е најневиниот.

Општо пак, народов е преопседнат со документирање и пласирање и што треба и што не треба насекаде.
Никогаш ниту сум ја разбирала таа потреба, ниту ми се допаѓало.
Свесни сме дека штом нештото отишло на интернет, таму е, дека можеби некој прави скринови, друг едвај чека да види и да запомни, па да зборува и да го искористи тоа против тебе. Мислам, ние ко анонимуси на форумов, имавме некои членови што манијакално се обидуваа да извлечат кои сме и што сме, ко на 20ина години да имавме убиства, тајни сметки и три тајни фамилии зад нас...
Од друга страна пак, еј, триста луѓе - триста карактери, па кога веќе нештото сме го споделиле, треба да сме спремни и да се соочиме со евентуалните последици од тоа.
Секако, во ниту еден случај не треба да вовлекуваме т.е. експонираме лица кои всушност треба да ги заштитиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Иако е жртва на тешка превара во случајов, загрижувачко е кај младата жена што дозволила да ја оплоди таков лик.:eek Тоа е крајно поразително.
Во секој случај настанов ќе и заштеди некоја година или деценија од животот поминати со праф маш што е среќа во несреќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Иако е жртва на тешка превара во случајов, загрижувачко е кај младата жена што дозволила да ја оплоди таков лик.:eek Тоа е крајно поразително.
Во секој случај настанов ќе и заштеди некоја година или деценија од животот поминати со праф маш што е среќа во несреќа.
Само што се пишуваше дека ја заземала страната на мажот (ипак е тоа алфа и омега, убедлив момак) и заедно ќе ја тужеле фраерката за претрпен стрес.
Така да, ако е вистина, уште поголемо џабе е целата галама, кога тенџерето и капачето си се погодени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Само што се пишуваше дека ја заземала страната на мажот (ипак е тоа алфа и омега, убедлив момак) и заедно ќе ја тужеле фраерката за претрпен стрес.
Така да, ако е вистина, уште поголемо џабе е целата галама, кога тенџерето и капачето си се погодени.

Сериозно ова?! Сродни душички лол. Штета што дете ќе биде родено во една таква средина, татко морон, мајка дебил, тоа се вика добивање лоши карти на старт на живот :ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сериозно ова?! Сродни душички лол. Штета што дете ќе биде родено во една таква средина, татко морон, мајка дебил, тоа се вика добивање лоши карти на старт на живот :ladno
Па, никаде не видов дефинитивна потврда, освен рекла-казала и линк од досега нечуено порталче каде не знаеле ни правилно да напишат некои зборови, ама не знам па, не ме чуди ништо. (shake)
Оно не и дека се единствени. Си доби типката 5 минути слава, нив секако ќе ги заборавиме, ама темава останува вечна. :D :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Дечкото ја грешел и тоа многу - факт.
Типката што го објавила - класичен случај на attention whore - факт.
Невестата - што да направи? Сигурно attention whore-ов нема да го поддржи. Ако е точно дека била бремена, 60% шанса да прости (сепак нема направено неверство, освен што „пробал да направи“, 40% да го остави и 0% да ја поддржи ФРО.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па, никаде не видов дефинитивна потврда, освен рекла-казала и линк од досега нечуено порталче каде не знаеле ни правилно да напишат некои зборови, ама не знам па, не ме чуди ништо. (shake)
Оно не и дека се единствени. Си доби типката 5 минути слава, нив секако ќе ги заборавиме, ама темава останува вечна. :D :D

Дечкото ја грешел и тоа многу - факт.
Типката што го објавила - класичен случај на attention whore - факт.
Невестата - што да направи? Сигурно attention whore-ов нема да го поддржи. Ако е точно дека била бремена, 60% шанса да прости (сепак нема направено неверство, освен што „пробал да направи“, 40% да го остави и 0% да ја поддржи ФРО.

Не знам зошто постапката на типката која го избрукала сељакот се смета за негативна, ако нешто сметаме дека е погрешна постапка истата треба да ја осудиме, not to kill the messеnger. Тоа е исто како да ставила видео со снимка на џепарош како пробува да изџепари некого (да, правниот систем ваму таму) Моралниот релативизам е погубна појава, затоа постои златното правило и разни варијации од него, едноставна ствар. Зошто сексуалноста би била надвор од морално-етичките кодекси и стандарди кои постојат од кад је света и века, не ми е јасно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra