Сигурна сум дека веќе сте запознаени со случајот на девојката од Фејсбук која објави скринови од разговор со штотуку оженет човек, кој ѝ давал непристојни предлози.
За тие што не сте - извесен фраер ѝ пишува на извесна фраерка дали е заинтересирана да општат, таа не е, но се решава да го избрука јавно бидејќи на неговиот профил, полн Богородици, здогледува дека правел свадба пред месец дена, а веќе сака да шврља покрај бремена сопруга.
За повеќе, клик за оригиналниот пост.
Сметам дека темава е и повеќе од потребна бидејќи покрива повеќе прашања, па сакам најпрво да подискутираме за кога се случува јавно експонирање на она што треба да биде приватно, односно кога е дозволено (во недостаток на посоодветен збор) она што се случува помеѓу 2-3 личности, да биде споделено со јавноста во име на некое општо добро или добро на поединци?
Како знаеме дали е добро, ако е без согласност (поточно без знаење) на најзасегнатата и најкревка страна?
Дали можеби пак навистина само дрското и јавно ставање на тапет може да ги засрами оние кои посветеноста и ветувањата кон друга личност ги сфаќаат како играчка?
Што кога/ако истото се прави повеќе за ловење сопствени поени отколку за некое „општо добро“?
Крајно, тука несомнено се провлекува и прашањето за машкиот vs. женскиот свет, каде мнозинството машки го „бодреле“ овој „подвиг“, додека одреден број жени секогаш ја напаѓаат женската страна ко виновна, без разлика на околностите.
Доста интересен феномен е последново, па сметам дека може дури и да се оддвои во посебна тема за дискусија.
Мене, искрено, ми е ту мач целата драма, но би оставила првин некој друг да се изјасни ако има, па би го пишала и своето мислење, да не испадне предолг воведов.
Ако нема, ко што би рекол @Outrider (ова му правам финта да одговори) мене и сама ми е забавно да си дискутирам.