Кога минатото ви тропа на врата

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
И да му отворам џабе ќе биде, поминало што било....
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Што ако минатото ви затропа на врата?Навистина ме интересира, што би направиле ако излезат на виделина вашите лудости, белји и глупости? Бидејќи не сме идеални.
Сите сме правеле глупости и грешки што во тој момент ни изгледале како исправни.
Слободно нека затропа на врата, не се каам за ништо, и немам што да кријам.
Едноставно човек сум.
И да тропне ќе си се соочам со минатото какво и да е.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Слатко се насмевнувам под мустаќи (Иако ги немам, до изреката е де...:))
Минато, баш минато, поминато, заминато. Убаво и грдо, сфаќаш колку си бил поинаков, гледаш колку дијаметрално различно животот ти тргнал, сфаќаш дека Битлси биле во право кога пееле дека yesterday сите проблеми им се чинеле далечни.

Какво е, такво е. Нема зошто да сакам агент Ј да ми го избрише сеќавањето, затоа што не би сакала повторно да ги направам истите грешки што сум ги направила. Тие ме направиле човек каков што сум, без нив би била како повторно родена, како допрва да треба да се соочувам со работи за кои сум паталец.

А за убавите моменти... Можам само да испуштам тивка воздишка и да се надевам дека ќе се повторат. Пак и пак...
 
LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Му велам дека сега се брзам, ме чека иднината да ја доживеам и сегашноста да ја изживеам, па не можам да го примам.
Еден ден, кога сегашноста ќе е изживеана, а иднината доживеана ќе го примам на кафе-муабет, да сумираме што сме направиле...
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Што ако минатото ви затропа на врата?Навистина ме интересира, што би направиле ако излезат на виделина вашите лудости, белји и глупости? Бидејќи не сме идеални.

Никогаш не треба да гледаме што сме биле, туку што сме и такви и да останеме, какви што сме сега.Само за еден период во животот најмногу се каам, затоа што сум изгубил премногу и баш тогаш не сум бил свесен за загубата.За среќа пак, за тој мој црн период знаеле само тие што се до мене во секој миг.Не знаат нити моите родители.
А и да дознаат, ми е гајле.Како што реков на почеток, не е битно каков си бил, туку каков сум сега.
 
Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143

Се согласувам ! Но,сепак не треба да заборавиме што сме биле некогаш,со кој сне биле т.е кој ни помогнал и кој бил до нас да станиме какви што сме сега и да не заборавиме од каде сме ! Бидејќи животот е круг,а кругот се врти !
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Се согласувам ! Но,сепак не треба да заборавиме што сме биле некогаш,со кој сне биле т.е кој ни помогнал и кој бил до нас да станиме какви што сме сега и да не заборавиме од каде сме ! Бидејќи животот е круг,а кругот се врти !

Точно.Секој си знае низ што поминал во животот, и какви се’ патишта му се отвориле.Човекот кој ме изнесе на прав пат, откако успеав ми кажа никогаш да не плукам во стариот бунар.Можеби некогаш повторно ќе ми затреба.Тоа си го сфатив здраво за готово.Особено во врска со него.
Кога жената го остави, кога децата се откажаа од него, јас бев тој што секој ден го посетував и знаев да му донесам коњаче да испиеме по некоја и да разговараме.
На неговиот погреб, да не бев јас со моите најдобри другари немаше кој да дојде.Секогаш го паметам и секогаш го спомнувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Кога минатото тропнува на врата ако подболнува, пуштам автоматска секретарка дека не сум дома.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK