Кога би биле потполно искрени...

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Нешто на кое често наидувам насекаде, па и на форумов, е вечното барање искреност.
Немало човек, немало искрен. Нели, освен ние самите, во најчест број случаи.

А, да замислиме хипотетичка ситуација каде секој би ја зборувал вистината, и само вистината?
Како би реагирале? Спремни ли сме да ја прифатиме? Или тогаш би настапило она дека доколку знаеме што некој навистина мисли за нас, не би имало ни двајца пријатели на светов?
Еве, имаме дрско-искрен познаник (нели, оној што вака се обраќа, не би можеле да го наречеме пријател) со кој разговорот се одвива вака:
- Абе, како ми стои ова?
- Па, изгледаш ко кит обвиткан во Гранд кичерај, нозете ти се ко бели колбаси, а бојата ужасно ти стои на тенот.
И?
Барем еднаш сме помислиле нешто за кое знаеме дека би навредило некого, а што ако било побарано од нас истото да го кажеме гласно, во име на искреноста која нашироко ја бараме?
Колку сме спремни за таа целосна искреност? Мислам дека ама ич не сме, побогу, ние сме спремни на клада да се спалиме ако некој не кажал реченичка со тоналитет милозвучен за нашето ценето ушно тапанче, а не пак да се соочиме со таква искреност.

На моменти добивам впечаток дека некои што бараат и очекуваат искреност, всушност бараат и очекуваат да го слушнат она што сакаат да го слушнат, па се напнуваат дури не го добијаат истото.
И најважно, дали ние сме искрени онолку колку што сакаме/очекуваме другите да се искрени со нас?
I don't think so. Газолижењето (простете на израз), кое неретко е поради подли, повисоки достигнувања, и е застапено нашироко, е строго контрадикторно со искреноста која се бара.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
33
Pax Terra
Многу пати се имам зафркнато со некого кога си премногу искрен и искрено му ги кажуваш како се работите. И премногу се одалечив бидејки им смета искреноста но јас не сакам да го лажам некого, но негов избор може слободно да си одат и да прават што сакаат и да живеат во лажни сништа иако веруваат дека се вистинити. Можеби никогаш не ни биле достојни за вистина, па и подобро нека живеат во лага.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јас сум искрена и мене не ми е гајле дали ми бил пријател и ќе и ќе ми остане после тоа. Ако нозете му личеле на бели колбаси нема да кажам дека изгледа како ангел на Викторија. Во случај да ме праша, иначе не обрнувам внимание на такви детали.
А колку повеќе си искрен толку помалку пријатели ќе имаш. Факт!
А ако твојата искреност вреѓа некој тогаш се работи за твојот карактер. Место нозете ти се како колбаси и изгледаш како кит обвиткан во Гранд кичерај можеш да кажеш едноставно - фустанот не е за тебе. Додека ова не одговара на твојот тен е сосема ок... И искрено. Тогаш си искрен без навреди.
Ок е да си креативен, различно да се изразуваш, ама од навреда до искрено мислење има голема разлика.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Јас сум искрена и мене не ми е гајле...

Токму во име на овој дел е и целата тема. Што ако е баш она „Што на ум, тоа на друм“?
Баш да не ти е гајле дали ќе навредиш некого или не, туку директива го кажуваш она што во моментот го помислуваш, макар тоа била и споредбата со китот, зашто нели, од тебе се побарало да кажеш што мислиш.

Нејсе, да се дообјаснам.
Примерот што го наведов не е од некоја голема релевантност за прашањата, но е екстремен зашто сметам дека многумина од нас не очекуваат и не се спремни на таков одговор кога велат „Ама биди сосема искрен/а со мене“, и тоа е она интересното кај темава, инаку не мора искреноста и воопшто да е со навредлива конотација, некои се вреѓаат и од најдобронамерни, највнимателно избрани зборови, чисто затоа што осеќаат дека им е стапнато на егото.
Е, што кога сме такви, а бараме искреност? Дали ние сме искрени кога велиме дека бараме искреност, кога минута подоцна се лутиме за истата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Rêveur and Lena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Знам да кажам по некоја т.н. "бела" лага, од типот на: "Да, мамо супер е ручекот", само за да не ја навредам или разочарам. Некогаш (веројатно зависи од расположение) си кажувам искрено: "Аман мамо, дај не го прави веќе тоа и тоа, ич не ми се допаѓа". И тука за да ублажам најчесто кажувам: "Можеш наместо тоа, компирите да ги искористиш за ова, тоа на пример супер го правиш". Во принцип, кога го кажувам тоа што го мислам, а е негативна критика тогаш ја ублажувам на некаков начин. Ете како што кажа Хоуп* со примерот со фустанот, тоа е перфектен начин да бидеш искрен, но не и суров.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco
Лагите, лицемерието и подлизувањето се масло со кое се подмачкува општествената машина.
Во идеален свет не би имало потреба од лаги, но ваков каков што е....дали воопшто човек би преживеал без лаги!?
Тотална искреност би го срушила системот за неколку дена. Имаше еден филм, не можам да се сетам на насловот во кој луѓето одненадеж изгубија способност за лажење, наредниот ден изби војна меѓу Британија и Франција откако на една конференција британскиот премиер и францускиот претседател си кажаа што навистина мислат еден за друг...

Замислете политичар кој би излегол во јавност и би кажал колку пари има на сметките на Кајмански Острови или Кипар...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Има една супер комедија поврзана со тематикава, се вика The Invention of Lying и станува збор за свет во кој на луѓето не им е во природа да лажат, се додека еден човек не ја открие лагата и започне да ги манипулира сите околу него. Доста добро е објаснета таа утопија и што би било кога сите би ја кажувале вистината.

 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,032
9,656
1,683
Normandy
Во америка кога идеш да служиш војска еден од психолошките тестови на кој луѓето највеќе паѓаат е прашањето дали си ги лажете родителите.

Taken that белите лаги се истотака лаги, сите што кажуваат негативно паѓаат ко зрели круши.

За да се започне сериозна дискусија околу искреноста, треба да се направи некоја груба дефиниција за лагата и како се практикува истата.
Овој разговор честопати го споделувам со друштвото кое најчесто се „фрапира“ кога ќе им спомнам дека кажувањето на лага е неретко позитивна карактеристика. Претераната искреност понекогаш во дадени моменти може да донесе поголема горчина отколку добро исфилуваната лага. Релацијата дечко - > девојка и нивната состојба која виси на конец по тешка расправија поради претерана искреност може да биде и засекогаш прекинета.
Белите лаги можат некогаш да не` спасат од кобните ситуации. Сите тоа го знаеме и ги практикуваме, а во суштина си ја лепиме етикетата на искрени до коска. Не постои таква искреност. Што поради интерес, но најчесто поради љубов и заштитување на блиските, ги кориситиме тие т.н. бели лаги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MoonFairy

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Ако на другарка ми хулакопките и стојат како последен очаен обид за муштерија на некоја „ноќна дама“ позади МТВ, секако дека ќе и кажам. Подобро јас да бидам искрена, отколку да и се смеат ко ќе искочи.
( Ова рендом пример и не толку битен, со оглед на фактот дека секој си има право да тера имиџ каков што си милува )

Нема потреба да лижеме задници за да бидеме прифатени и да функционираме спокојно и убаво, иако ќе се сложам со Електра дека едноставно тоа стана пракса.
Некако се губиме во обидите да доживееме некоја сатисфакција преку прифаќањето на се што ни се сервира, станавме роботи кои само ракоплескаат.

Да, сум лажела. Виновна сум.
Никогаш за да напакостам некому или поради исполнување на некои завери за мое лично задоволство. Едноставно, таква била ситуацијата, во која јас или некој мој близок сме имале потреба од тоа.
Се трудам да бидам искрена со околината, не безобразна и дрска, туку само искрена и тоа од старт, за покасно да немаме недоразбирања и непотребни ситуации.
И, да, сакам да бидат искрени со мене. Подобро болна вистина отколку лицемерност.
Мислам, по чему?
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Некако во последно време стана мода сите да бидат искрени, и да не размислат воопшто како таа нивна "искреност" ќе влијае на друг.
Баш тоа "што на ум, тоа на друм", навидум таа искреност што толку лесно се нуди на тацна, не може баш секој да ја прифати така како што очекувате.
Не викам да се лаже, ништо слично на тоа, но треба да се има осет што се кажува. Се е во зборовите. Потполна искреност, барем според мене, можам да очекувам од семејството, ептен најблиските пријатели и од партнерот. Највеќе ме нервира кога некој се дрзнува да ми ја каже "вистината" после две или три испиени кафиња. Премногу голема слобода си даваат некои луѓе.
Има ситуации каде е потребна потполна искреност, меѓутоа за такви работи како што е изгледот на другарката може да се употребат други зборови наместо дека изгледа како слон или не знам што.
Мене ме интересира колку тие што лесно ја нудат нивната искреност, знаат да ја поднесат искреноста од другите?