Кога би биле потполно искрени...

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Некако во последно време стана мода сите да бидат искрени, и да не размислат воопшто како таа нивна "искреност" ќе влијае на друг.
Баш тоа "што на ум, тоа на друм", навидум таа искреност што толку лесно се нуди на тацна, не може баш секој да ја прифати така како што очекувате.
Не викам да се лаже, ништо слично на тоа, но треба да се има осет што се кажува. Се е во зборовите. Потполна искреност, барем според мене, можам да очекувам од семејството, ептен најблиските пријатели и од партнерот. Највеќе ме нервира кога некој се дрзнува да ми ја каже "вистината" после две или три испиени кафиња. Премногу голема слобода си даваат некои луѓе.
Има ситуации каде е потребна потполна искреност, меѓутоа за такви работи како што е изгледот на другарката може да се употребат други зборови наместо дека изгледа како слон или не знам што.
Мене ме интересира колку тие што лесно ја нудат нивната искреност, знаат да ја поднесат искреноста од другите?

Прв болд: Мода да се биде искрен? Или терање сосила да се биде нешто што не е? Но еве гледам во втората мисла си ја ставила искреноста во наводници па тука ќе се сложам.
Што на ум то на друм - посебно е важно на кој друм. Едно е кога ќе кажеш искрени зборови лице во лице без никој друг да знае отколку да ја тераш истата мода јавно.
Секако треба да се има осет - ова е главната премиса за која секогаш сум се борел.
Преголемото давање на слобода најчесто се манифестира на онаа погорна мисла - на кој друм. Затоа што најчесто завршува на public road :)
Па зависи од личноста. Оние што се искрени по реални стандарди (тие што знаат да замолчат во публика) посекако знаат и да се носат со туѓата искреност - тие знаат како изгледа кога некој ќе почне да критикува во јавност и за да не ја прават истата глупост - да не бидат т.н. „искрени“ до коска, искреноста ја кажуваат исклучиво во лице и најбитно, кога се само тие двајца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

Да,најбитно е на кој друм.
Поготово кога на тој ист друм кога од еден лик гледаш како манифестира прво една личност а потоа од икс причини друга.:)
На еден ист друм повекекратни личности се сватливи се до оној момент кога вистината не се покаже на виделина.
Кога на еден ист друм некој криејки пробува преку ноќ да се претвори од една во друга личност,прикажувајќи ја другата како негативец од причина што нашла начин да покаже дека првиот не е она личност за која се претставува,таа таканаречена потполна искреност изгледа боли.
Некого пак го ,,болат,,повекекратните личности во еден лик.:)
Примерот на Хоуп доволно прикажува.
Денес на некого да му кажеме на овој начин а некогаш одамна сме го кажувале на начин со колбасите, и сме го кажувале на ист начин се до моментот дур низ дискусии не ни покажале дека има и друг начин кој е пак директен а сепак не навредлив.
А ако твојата искреност вреѓа некој тогаш се работи за твојот карактер. Место нозете ти се како колбаси и изгледаш како кит обвиткан во Гранд кичерај можеш да кажеш едноставно - фустанот не е за тебе. Додека ова не одговара на твојот тен е сосема ок... И искрено. Тогаш си искрен без навреди.
Ок е да си креативен, различно да се изразуваш, ама од навреда до искрено мислење има голема разлика.
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Јас сум најискрената особа,не знам да лажам иако тука спротивното го тврдат,понекогаш е добро но некогаш може и да ти удрат ќотекот