го произнесов моето мислење некаде на слична тема, но нема врска ќе го произнесам и тука.
Не. И смешно е да се споредува кога не е баш така. Секој тука е затскриен позади мониторот позади бариера која спречува визуелен контакт. А визуелниот контакт многу може да каже/издаде. Истотака секој може да збори позади мониторот колку сака, да се преценува себеси - најчест „проблем“. Или обратно. Да глуми скромност со лаконски одговори. А во живо да биде фалбаџија. Но најчесто е првиот проблем. Така да, да не разочарувам - не сум. Мислата можеби ми оди на таа должина но гестикулацијата, како и вербалната комуникација е малку позатворена.