Не би била. Посебно не на првото, пошо на првите средби обично сум ќутлива, немам баш некоја трема шо се манифестира преку стандардните симптоми на анксиозност, ама едноставно не знам шо да кажам, ми е незгодно, повеќе сакам да ги набљудувам другите и да оформам впечаток, за да знам со каков човек праам муабет за после да знам шо да зборам и у какво светло да се претставам. Мислам, колку и да се правиме дека никој од нас не го прави, сите го правиме ова. Нормално, кога ќе научиш повеќе за соговорникот ќе знаеш шо да збориш за да оставиш позитивен впечаток. Fuck it, we all do it.