Како ја замислувате смртта?

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не е лоша темата сум размислувал пет милиони пати на неа не дека сум опседнат со неа ама самиот живот налагал да ми дојде на ум и ова за размислување.
Муабетот кога сум слушал повозрасните како раскажуваат некои спомени и на секој втор збор ќе кажеле "бог да го прости" ми станувало јасно дека навистина сме гости и дека сме обични смртници дојдени на мала посета.
Искрено сум се обидел да ја замислам како сон ама за сонот сме свесни дури од кога ќе се разбудиме.Сепак како верник некако сепак не ми иде тоа дека ќе појдам накај портите божји...Еднаш си се утешив со замислата дека и зашто би се трудел да ја замислам кога сигурно нема да ме одбегне:eek
Имено , како што се родил човекот и се друго се знае дека еден ден ќе умре , таа реченица е единствената реченица која мене т.н ме утешува т.е ми ја разредува мислата СМРТ.
Пријателе зар мислиш дека е убаво да си бесмртен?Пробај и тоа замисли си го и ќе сватиш дека и тоа е јако морничаво.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Гледав барав, видов дека нема таква тема .

Едно нешто ни се мотка на сите низ глава , што е тоа ?! секако смрта .
Дали некогаш сте размислувале како изгледа таа , какво е чуството во тој момент ?!
Секогаш прашуваме и велиме ,, ШТО Е ТОА ШТО ЦЕЛ ЖИВОТ МУ СЕ СМЕЕМЕ ВО ЛИЦЕ ?! ТОА Е СМРТА!‘‘
Темава е малце наежувачки , не би му одговарал на секој ваков разговор тоа е факт !
Имено , како што се родил човекот и се друго се знае дека еден ден ќе умре , таа реченица е единствената реченица која мене т.н ме утешува т.е ми ја разредува мислата СМРТ.
Зошто оставаш празно место пред запирката, и точката, и извичниците, па и прашалниците?

А он топик.
Ја мислам дека ќе дојде Дедо Петре и ќе ме начека на јадење, оти ја кутриот само јадам, и ќе ми рече како во вицот: „Ај папај и да одиме папа“ :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Смртта е противникот на животот. За мене представува ел финито за сите заебанции и убавини што ги нуди животот. Завршувам тука и идам на некст левел.
Верувам во Бога и верувам во рајот.
Јас смртта ја гледам како крај на сите маки на овој свет и летување на бесконечен одмор без никакви грижи и проблеми.:cool:

Сите знаеме дека си имаме крај, а секој ден живееме како вечно да живееме!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Да не ве подречам ама ќе ве биде за филозофи.
DarkPassenger ме потсетува на Ајнштајн во „неговата“ анегдота за постоењето на Господ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger