Немам да кажам ништо ново од што кажала погоре другите.
Најавување месец дена однапред,пред се ради себе,ради колегите да не испаштаат они без слободен ден дур се најде замена за твоето работно место,ради почитување на газдата од кој што кажуваш дека си задоволна,ради законот.
Туку друго ми е прашањето на целава оваа работа.
Ако добро приметив задоволна си од се.
Зошто заминување прво од работа а после од државата?
Ради авантуристичките потреби или сосема нешто друго.
Да напоменеше дека не си задоволна од платата и бакшижот ке помислев дека тоа го правиш ради финансиите и борба за подобар опстанок,а вака не ми е јасно

.
Како и да е,штом си задоволна од се,направи го твоето заминување што побезболно,да и на крај оставиш впечаток каков што тие сите заслужиле.