Како би сакале да ја поминете вашата старост?

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мхмм..најверојатно лутајќи некаде со ранец низ светов правејќи го сето она што не сум успеала да го направам во текот на животот.
Ќе почнам со Русија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Дефинитивно во планина, во некоја тип топ викендица, со мојот сакан.... сенадевам децата ќе ни бидат средени и ситуирани, па ние да можеме да си уживаме во секој ден и момент од староста, да си читаме книги, да си буцкаме во некое мало градинче, да пиеме тони пиво, па и да си пафнеме понекогаш зошто да не :), да си се дружиме со пријатели, да си играме карти, табла, да си правиме скара во двор, да си организираме семејни ручеци, да ни доаѓаат внуците кога сакаат...
Да си живееме ден за ден, во мир и хармонија...
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Да ги гледам внуците, совети да им давам, да ги подучувам, да ужувам, да крузирам, на одмор да уживкам итн ..
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Каква старост бе... стар си само така ако се чувствуваш.
Баба ми наредната година 70 ќе прави и морам да ви кажам дека кога човек е стар и кога ќе го изгуби животниот сопатник, најдобро е постојано да е во контакт со луѓе и постојано да си има некоја занимација. Во никој случај да нема црни мисли и да се обвинува за тоа што му се случило. Јас би сакала и на тие години да имам со кој да се дружам, да одам на прошетки, на кафе, на шетање, па ако имам внуци со нив да се дружам, но во ниеден момент да не се чувствувам осамено :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Со внуците, ете вака, учејќи ги дека и корицата на една книга има историја, не само мислата запишана во самата книга.
Не ги слушајте оние кои велат не се суди за една книга по нејзините корици!
Се суди, само треба добро истражување :)