Како би сакале да ја поминете вашата старост?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мојата старост доколку би ме прашале сакам да ја поминам, да ги гледам како внуците ми растат, на плажа, да возам кола од средна класа, но не би сакал да доживеам длабока старост, пишувајќи книги за младоста која сум ја поминал, да би уживал на планина на чист воздух итн......

И староста има своја убавина, како вие би сакале да ја поминете?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: КрисТина К.

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Староста сакам да ја поминам сеќавајќи се на убавите моменти од младоста , и заедно со мојот сопруг да разгледуваме фотографии од нашите млади денови, па од нашите мали деца, се до нивните свадби, па доаѓањето на нашите внуци.Да се радуваме на се она што сме го постигнале. Не е битно колкава длабока старост ќе биде, туку битно ми е да не ја доживеам сама без мојот сопатник. Би сакала да ми остане разумот здрав за да можам да им ја дадам својата љубов на моите деца и внуци онака како што заслужуваат исто како што мојата баба го прави со нас. Во староста човек има време да сумира што направил во животот, доволно мудрост е собрана во него за да може гордо да ги учи помладите за едноставните но воедно и најкомплицираните работи во животот. Кога размислувам на оваа тема , се сеќавам на книгата Страници на нашата љубов од Николас Спаркс, или Notebook .... Али и Ноа....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Marick14

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Во патување, патување и само патување! И тоа во сите оние места кои дотогаш нема да имам шанса да ги посетам, a ќе сакам! :)
Со бабичката-партнерка покрај мене, и најтесното семејство, се разбира. :)