Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Староста би сакала да ја поминам добро со мојот сакан опкружени со многу внуци исто би сакала здравјето и среќата да ме служи мене и моите најблиски ..
Со надеж дека до тогаш ќе го пропатувам светот (или барем тие места кои најмногу сакам), дека ќе оставам позади солидна кариера и мало богатство, сакам староста да ја поминам до мојот сакан, во убав дом, со внуци кои ќе ме посетуваат. Не сакам да правам ништо посебно, едноставно сакам да уживам во секој даден ден без многу обврски, да си седам опуштено пред зграда/двор, да си гледам серии, да си шеткам со саканиот низ маало. Пензионерски живот.
На некоја планина..убава куќичка,дворче,зеленило,чист воздух....Со саканиот...понекогаш да ме посетуваат децата,внуците...
Ама зборуваме за некоја длабока старост од 70 и некоја година..предходно до тогаш..работа,шетање,некое крстарење ...)