Каде припаѓаат животните? Во зоолошка или во дивината?

SofS94

Нов член
26 октомври 2020
4
4
3
29
Малку сум поделена за мислење. Од една страна, сметам дека и зоолошките се колку-толку добри. Со нив можат да се згрижат загрозени видови, животните можеби живеат подолго, секогаш имаат храна и вода... Но, факт е и дека огромен број зоолошки не водат грижа за живоните, пример - зоолошката во Битола. Првпат ја видов пред неколку години и уште не можам да си ја извадам сликата од глава.

За некои животни можда не би било проблем да живеат и во зоолошка, но тажно е да затвораш птици или животни на кои им треба стварно многу простор. И, дефинтиивно сум против оние забавните паркови со делфини и орки и слично, тоа е само тортура за нив.
 

Машкар Џианенгоро

Полноправен Член
16 октомври 2020
39
33
18
Животните се за во дивината, од таму се и за таму се. Најблиску до зоолошка би било национален парк. Животните шо не може да се најдат по природен пат под твоето небо нема потреба да минуваат тортура за д бидат видени, 21век сме и сите имаме интернет и ТВ. А искрено и нема потреба да видиш Лав да речеме. Ништо шо би научил за лавот нема да ти користи у животот(башка шо можеш од документарка се да си научиш). Не разбирам која таа желба да сакаш да видиш ајкула? Затворена у 400м3? Не фала.Сакам да ја видам во море, АЈКУЛА да видам навистина. Итн итн...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во дивина и на пашњаци и ливади.
Иако човекот е омнивор тоа не значи дека треба да измачува животни. Индустриското хипер-капиталистичко измачување на животни, јапанските социопатски ствари од типот животното да се исплаши до смрт пред.......смрт пошто ете, адреналинот кое ќе го излачи го правело месото помеко...
Нема потреба ниту едно живо битие кое е видливо со голо око да биде измачувано.
Држењето на домашни миленици е затвор за животното. Често тоа е пратено и од кастрации што е неверојатен садизам.

Кој сака да види Чита нек си купи карта до Јужна Африка, огранизирани тури има и од безбедност на Дифендер може со двоглед во далечината да запримети Чита во својот природен хабитат.
Настрана одличните документарци за животни кои секако би задоволиле љубопитност кај голем дел население.
Лавот во Бт, едно собиче два на два со решетки нема каде да се заврти па гази низ сопствени говна, целиот говносан и смрден, ненормални дечишта со стапови ги дразнеа лешинарите во кафезот, некакви тетреби тажно цивкаа и не следеа молејќи за храна, на мечките им даваа бајат леб кој го носеле од жито-битола, наквасен троа со вода пошто е окаменет веќе па дури и мечка ќе си скрши заб од таков леб :D

Многу сакати животни, пантер во Ск без нога, во една кофа имаше глава од Козирог како во ефтин хорор, потаму цркнатината на истиот Козирог оставена да гние на сонце облак муви над неа, смрди во радиус од километар...
Во Ск тигарот икористил дотрајани и рѓосани решетки и се провлекол (до таа мера ослабен) и го задавил и изел леопардот (facepalm)
Често и бегаа животни од Бт зоо-паркот, обично мајмуни, нормално со вообичаените шеги како ќе разликуваат шинтерите мајмун од битолчанец и слично.