Ислам

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Јас колку што знам исламот предвидува смртна казна за оној што ќе го напушти, ако ти од мали нозе го прогласиш детето за муслиман, а знаеш дека напуштањето на исламот се казнува со смрт, на кој начин тоа не е присила?

И како заклучи дека само исламот бил правиот пат? Што е за тебе прав пат? Тоа што се совпаѓа единствено со твоите убедувања?

Според болдираново, немаш појма брат...
Ова прв пат од тебе го слушам и верувам последен пат ке биде од некого да го слушнам/прочитам.(facepalm)
Земи прочитај ја исламската света книга или тако-речи куран и после кажи си...
Земи прочитај ја и христијанската света книга или тако-речи библија и после кажи си...
Земи прочитај се што ти треба за да можеш да убедуваш или дебатираш солидно со други,а вака, а си пишал нешто, а ветар дувало мене исто ми е.

(bandit)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Мислам дека не си во право,колку познавам овде во Македонија,муслиманки и муслимани , се земале со партнери од христијанска вера ,и се откажале од нивната вета.Се за љубов.
Шеријатот предвидува смртна казна доколку муслиман се одкаже од исламот. Тоа што познаваш такви случаи е затоа што живееме во секуларна земја, во земја со исламски закони таквите луѓе се убиваат.

Според болдираново, немаш појма брат...
Ова прв пат од тебе го слушам и верувам последен пат ке биде од некого да го слушнам/прочитам.(facepalm)
Земи прочитај ја исламската света книга или тако-речи куран и после кажи си...
Земи прочитај ја и христијанската света книга или тако-речи библија и после кажи си...
Земи прочитај се што ти треба за да можеш да убедуваш или дебатираш солидно со други,а вака, а си пишал нешто, а ветар дувало мене исто ми е.

(bandit)
Мислам дека за тебе важи ова. Немора мене да ми веруваш, прашај муслимани што се запознаени со шеријатскиот закон па ќе видиш.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Desert Rose

Нов член
20 јуни 2014
17
8
3
46
Јас колку што знам исламот предвидува смртна казна за оној што ќе го напушти, ако ти од мали нозе го прогласиш детето за муслиман, а знаеш дека напуштањето на исламот се казнува со смрт, на кој начин тоа не е присила?

И како заклучи дека само исламот бил правиот пат? Што е за тебе прав пат? Тоа што се совпаѓа единствено со твоите убедувања?
Заклучив зашто пробав да се најдам себеси во повеке религии и учења, се дури не дојде светиот Куран во моите раце. Исламот е прав пат за сите луѓе на оваа планета,кога би му пристапиле со чисто срце и предрасуди.Само за жал има една голема пропаганда па одма ви паѓа на ум смрт, сечење раце ,глави ,неправда кон жената и слични небулози.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Заклучив зашто пробав да се најдам себеси во повеке религии и учења, се дури не дојде светиот Куран во моите раце. Исламот е прав пат за сите луѓе на оваа планета,кога би му пристапиле со чисто срце и предрасуди.Само за жал има една голема пропаганда па одма ви паѓа на ум смрт, сечење раце ,глави ,неправда кон жената и слични небулози.
Дали е вистина или не дека шеријатскиот закон предвидува смртна казна за муслиман што ќе го напушти исламот? Дали е ова пропаганда или е не?
Велиш дека е прав пат за сите луѓе, што предвидува исламот за хомосексуалците? За луѓето што не се во брак а имале секс? За гатачите? Што предвидува исламот за нив? Дали и ова е пропаганда, предрасуда и небулоза?
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Заклучив зашто пробав да се најдам себеси во повеке религии и учења, се дури не дојде светиот Куран во моите раце. Исламот е прав пат за сите луѓе на оваа планета,кога би му пристапиле со чисто срце и предрасуди.Само за жал има една голема пропаганда па одма ви паѓа на ум смрт, сечење раце ,глави ,неправда кон жената и слични небулози.

Личното убедување и убедувањето од некој индивидуалец се различна работа,па тоа не е ајде да гласаме сега,кај за кого е,неможе така.Еве и јас велам се додека не дојде библијата во моите раце,и јас како неможев да се најдам себе си во ниедна религија и убедувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ме интересира една работа во врска со ова. Ако нема присила, зошто децата ги прогласувате за муслимани од најмала возраст? Ако нема присила, значи дека личноста сама треба да донесе одлука, но дете не е способно да носи такви одлуки, тогаш не е ли присила да му ја неметнеш религијата на детето од најмала возраст?
Нас кога не крштеваат уште како мали бебиња не праша ли некој која вера ја сакаме?НЕ!Со родители во која вера се,во таква и ке те крстат,така да приморани сме да ја носиме од раѓање,а ако на некој не му се допаѓа може слободно да си одбере друго верување кога ке порасне и осознае,но проблемот е во тоа што со какви сме верници треба такви да бидеме.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Нас кога не крштеваат уште како мали бебиња не праша ли некој која вера ја сакаме?НЕ!Со родители во која вера се,во таква и ке те крстат,така да приморани сме да ја носиме од раѓање,а ако на некој не му се допаѓа може слободно да си одбере друго верување кога ке порасне и осознае,но проблемот е во тоа што со какви сме верници треба такви да бидеме.
Ни тоа не е коректно според мене, зошто да му наметнуваш религија некому? Ако религијата треба да е лична одлука, зошто други да ти ја наметнуваат? Плус, кај исламот е поекстремна таа работа, бидејќи во земји што се раководени од шеријатскиот - исламски закон, за муслимани што се одкажуваат од верата е предвидена смртна казна, што значи во тој случај нема можност да одбере друго. Ако тоа не е присила, тогаш што е?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ни тоа не е коректно според мене, зошто да му наметнуваш религија некому? Ако религијата треба да е лична одлука, зошто други да ти ја наметнуваат? Плус, кај исламот е поекстремна таа работа, бидејќи во земји што се раководени од шеријатскиот - исламски закон, за муслимани што се одкажуваат од верата е предвидена смртна казна, што значи во тој случај нема можност да одбере друго. Ако тоа не е присила, тогаш што е?
Незнам каде имаше анкета направено последнава година,но фрапантен податок,секој четврти човек на планетава земја бил муслиман,значи колкава им е бројноста,и законот нивни,како и во другите религии,не се почитува и не се практикува во целост,се држат до некои основни обреди пости,но не во целост,исто и ние,од 10 заповеди дали само три поштуваме.Зависи за кои муслимани во кој крај од светот правиме моабет.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Незнам каде имаше анкета направено последнава година,но фрапантен податок,секој четврти човек на планетава земја бил муслиман,значи колкава им е бројноста,и законот нивни,како и во другите религии,не се почитува и не се практикува во целост,се држат до некои основни обреди пости,но не во целост,исто и ние,од 10 заповеди дали само три поштуваме.Зависи за кои муслимани во кој крај од светот правиме моабет.
Бројноста се должи на наталитетот, токму поради ова што го дискутиравме предмалку. Индоктринација и наметнување на исламот од најмала возраст и забрана да се напушти истиот. Таа забрана во исламските земји се спроведува со смртни казни.
Дури и кај нас во Македонија муслиманите се советуваат од страна на нивните верски авторитети да имаат што повеќе деца.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Бројноста се должи на наталитетот, токму поради ова што го дискутиравме предмалку. Индоктринација и наметнување на исламот од најмала возраст и забрана да се напушти. Таа забрана во во исламските земји сеспроведува со сртни казни.
Бројноста се должи и на многу деца,а за ова со смртна казна моиве муслимани што ѓи имам овде како колеги велат дека нее вистина.Останува да го најдеме законот и да го провериме податокот твој дали е точен.